Законот на Телема

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Што во врска со нив?

Па што содржат. Каков вид на упатства се тие, во однос на редот, животот надвор од него и обврските кон редот во приватниот живот.

Можеш ли едно такво упатство да ни го покажеш овде?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па што содржат. Каков вид на упатства се тие, во однос на редот, животот надвор од него и обврските кон редот во приватниот живот.

Можеш ли едно такво упатство да ни го покажеш овде?
Достапни се и има линкови до нив за оние кои ги интересира:
Во суштина сите тие се упатства како својата свесна волја да се насочи кон откривање на чистата вистинска волја.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Достапни се и има линкови до нив за оние кои ги интересира:

Хмм. Не се разбравме изгледа. Не мислев на тие што се јавно достапни.

Уште неколку прашања само.

Дали ти е обврска да читаш есеи од некаква си истражувачка работа, на твои браќа.

Како знаат дека си ја извршил обврската?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Хептаграм XI не станува збор за телемата како учење, туку како што напомена и kooperativa, на една друга тема, за непримерниот обид да ги ставите вашите сознанија од телемата на врвот на овие философски дискусии, и уште повеќе, за мене фрапантно, насилнички обид да се заштит по секоја цена сопственото учење.

Побогу човече, дискутирате тука со луѓе кои се многу веројатно интелектуално над вас во еден куп животни области, а не со лоботомирани персони. Соземете се малку.

Бидејќи форумов религија наметна еден вид игра, во која човек е принуден да се декларира како припадник на некоја од групациите, религиски, редови или атеист, јас избрав да сум член на Хриситјанството на форумов.

Не се сеќавам дека не сум бил критички настроен и кон мојата определба кога било тоа потребно.
И затоа од персони разумни, интелектуалци, се очекува истото и за нивната групација. Но, тоа не се добива од ваша страна.

Вас ве стави во бесознание извадок од весник, кој опишува некакви оргии на гробишта.
Некои други во бесознание ги става карикатура на нивниот пророк.
Исти ли сте со нив Хептаграм? Не верувам.

Ако во дискусија за вашето учење и ред, однапред влегувате со размисли дека за се имате одговор во телемата, и дека тоа е секојпат вистина, тогаш не сте ништо поразлични од религиски фанатици.
--- надополнето: 14 август 2013 во 21:53 ---
Два пати си пратил едно исто - ме збуни кога видов толку пишување :)

По секоја цена јас заштитувам нешто што го знам подобро од другиот кој што запнал да коментира онака, бидејќи му текнало во главата да коментира (во случајот Телема и Редот), не мисли воопшто да се заморува со тоа јас што го зборувам - ами ми се нафрла бидејќи не му чинело како сум пишувал тука (многу насилно, многу).

Тука може да има и доктори на науки - ништо не го прави тоа посебно човекот, нели. Посебно не на форум. Човекот не е својата интелектуална работа! Така да, кога се зборува за Телема, ќе греете столчето и ќе научите многу работи пред да дриблате топки тука. Исто како што треба јас да научам нешто ако сакам да се заморувам и критикувам нечија интелектуална работа.
Интелектуалци бре биле тука... браво! ;) Гледам, се интелектуалци на нивоу, со дипломите и магистратурите до монитор и загреани прсти.

Лично мене извадокот од весник, твоето коментирање, на други луѓе кои никогаш не ги интересирало нешто од ова - го гледам само како причина да пишувам на форумов што сакам да кажам за Телемата и езотерија. Овде ќе поминат за 2 години и други луѓе, ќе прочитаат. Она што е напишано како одговор за вас, наменето е и за идните читатели што ќе ги заинтересира телемата, не сте вие ништо посебно :)

Ништо друго... ми праќа некој вест како Телемата е секс-оргии, одлично - причина да пишувам книги тука за тоа и да си ја терам мојата замисла - да зборувам за Телема како ми е волја :)
Кроули е мртовец кој што го заврши своето колку што умееше, не градиме ние култ кон човекот. Поеќе вие го споменувате Кроули отколку јас :) Тој направил се што мислел дека треба да направи - и истото го зборувал и за другите: не барајте мајстори, не барајте некој друг да ви кажува што да правите - пронајдете ја вашата суштина и марш на работа. Прави што ти е волја и ти и само ти ќе бидеш кривиот за својот пад или успех - никој друг!

За се има Телемата одговор (сеуште ми е чудно како ли го гледате Законот на Телема? Религија, философија... кој знае! По прашањата и муабетите сеуште не е расчистено тоа, а нема ни да биде, можеби и не треба и вака е ок!).
Само што одговорите им се допаѓаат на едни, на други не. А ние не убедуваме некој за да насилно му бидат одговорите ок. Ние што велиме? Пробај, види, ако чини арно, ако не чини овој принцип - терај даље :)
Природата не е праведна - ама е точна! Тоа е тоа. ;)
--- надополнето: 14 август 2013 во 23:16 ---
Нешто повеќе да обелодениш тука, околу сугестивната природа, и зошто тие книги ви се наметнати како обврска.

Хмм.. Дали ти лично ја сметаш класата Д како неопходна, и зошто?
Не се наметнува ништо...
Постојат ритуали и пракси кои се примамливи за едни, други ритуали и праски за други иницијанти. Секој бира што му лежи на срце :)
Може и воопшто да не се заморува... што, пракси, ритуали, философии, науки, боречки вештини... абе ајде!
И си дремат Минервали цел живот - но, тоа е нивната волја! ;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали ти е обврска да читаш есеи од некаква си истражувачка работа, на твои браќа.

Како знаат дека си ја извршил обврската?
Не, не ми е обврска да читам есеи. И нема начин на кој некој проверува дали си ја звршил обврската или не. Ова не е училиште.
Тоа е повеќе како препорака.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не, не ми е обврска да читам есеи. И нема начин на кој некој проверува дали си ја звршил обврската или не. Ова не е училиште.
Тоа е повеќе како препорака.

Хмм. Ок.
Дознав тоа што ме интересираше.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Прашањава на Доналд Дак се интересени исто како и одговорите и би било супер да се продолжи.
Баш ја следам целата дискусија и ти Хептаграм немој да кршиш филм:)
На тој начин повеќе се дознава за Телема и тоа учење или ред.И други што ќе дојдат некогаш овде ќе го читаат ова.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Па не кршам филм, види што убаво и надолго и нашироко и со линкови и со све одговарам.
Неможам да го донесам Кроули да зборува тој... го запалија старото куче одамна :)
Сега ете јас си давам задачка да давам одговори - не се совршени ама, можеби ќе најдеме некој да сака да научи поеќе, па ќе ме поучи и мене нешто повеќе!
Не велам не ;)
--- надополнето: 14 август 2013 во 23:25 ---
Ипси е одличен :) Малку избувлив, ама одличен :)

Што да правиш, Телемити - додека за вас сето тоа е далечно, дури и се граничи со фантазија - ете ти Телемити, колку толку реално, седнал и работи на столчето до тебе :) Абе ново време, нови закони, нови перспективи :)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Па не кршам филм, види што убаво и надолго и нашироко и со линкови и со све одговарам.
Неможам да го донесам Кроули да зборува тој... го запалија старото куче одамна :)
Сега ете јас си давам задачка да давам одговори - не се совршени ама, можеби ќе најдеме некој да сака да научи поеќе, па ќе ме поучи и мене нешто повеќе!
Не велам не ;)

Дефинитивно си човек што ја користи секоја прилика;)

Мораш и твоиве помлади браќа да ги подучуваш. Или се тоа со искуството доаѓа:)

Точно го избра моментот, кога се вмеша со својот одговор кон мене:cool:
--- надополнето: 14 август 2013 во 23:29 ---
А закон 3?
Дали е тоа морање?
Што ако не ја шириш Телема низ човештвото?
Што се случува тогаш?

Абе ќе ти кажат да се иницираш ако сакаш појќе да знаеш:D
--- надополнето: 14 август 2013 во 23:32 ---
Ипси е одличен :) Малку избувлив, ама одличен :)

Што да правиш, Телемити - додека за вас сето тоа е далечно, дури и се граничи со фантазија - ете ти Телемити, колку толку реално, седнал и работи на столчето до тебе :) Абе ново време, нови закони, нови перспективи :)
Хаха.

Ех што би било добро сите да седнат и да работат на телемитскот столче а?:D

Ќе расте основата на пирамидата, а врвот се повисоко ќе биде, дури и невидлив и недопирлив од одредени висини.

Точно е, ново време, нови закони, нови перспективи - мора човек да се снаоѓа, а Хепта:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
А закон 3?
Дали е тоа морање?
Што ако не ја шириш Телема низ човештвото?
Што се случува тогаш?
Ништо не се случува. Ништо не се мора. Тоа што те привлекува, тоа го работиш. Ако мислиш дека вреди да не работиш, ок, ќе ти речат неколку пати: алоо, освести се - после тоа те оставаат на мира да си го одиш патот по кој си одбрал.

Јас мислам вака:
Да дрдориш за Телемата - а не ја практикуваш ниту изучуваш философски барем, ништо не добиваш.
Ширењето на Телема е она што го зборуваш, да го правиш и во животот. Ништо друго. Не може да фатиш некој и насилно да му ја буткаш главата во „Книгата на Законот“ или да му ги кршиш рацете да го изведува Поздравот на Сонцето!

Што и да е твојата волја - прави го тоа. Да се покаже што значи Телема.
Што ако јас зборувам за волјата, за Законот на Телема - а не правам ништо од тоа? АКо зборувам за ритуали и пракси - а не работам?

Иницијацијата на пример, не прави нешто посебно - тоа е динамички процес на кој се работи преку праксите дадени да се совладаат. Ќе умре се, ако не се одржува и не се работи.
 
Да нормално.
Можеме до утре да филозофираме основајќи се на теоретско знаење,но тоа не значи многу.
Праксата во животот е битна.
И да го имаш сето знаење на светов а не го користиш,џабе е.
Се согласувам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Врвот е секако невидлив :)
Ти реков - повели, коментирај, не ми смета ништо од твоите коментари :) Одлично е.
И за пирамидата:
Рамнотежата не е ниту во основата ниту во врвот, ами во средината! ;)
Јасно?

Треба да се седне што и да си - да бидеш тоа. Велиш христијанин си? До Василица ќе го научиш ритуалот (зборови и што значи) или ќе одиш да стоиш напразно во храмот слушајќи непознати зборови?
Тука е разликата, тука!

П.С. Основата на пирамидата е недопирлива, не пак врвот. Кај трчаш? Полека...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom