Конфликтот во Сирија

Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
toa ne e ideal toa e bolest, tie lugje nemaat zdrav razum za da se vodat po nego. Toa se samo isprani umovi od nekoj uste pobolen od niv.
 
M

Muranyi

Гостин
toa ne e ideal toa e bolest, tie lugje nemaat zdrav razum za da se vodat po nego. Toa se samo isprani umovi od nekoj uste pobolen od niv.
Неговиот идеал за тебе па и за мене е болест,нешто ненормално кое не може да вирее под ова небо,јас и ти тоа никогаш нема да го сфатиме.Твојот идеал пак,за некој непознат господин истотака можеби претставува некој будалаштина,па тој ќе ти каже дека немаш разум и дека си со испран мозок.Дали е навистина така,хм?:DА секој човек го потпира некој идеал во животот.

Тотално субјективна категорија се идеалите и кога ќе размислиш за ништо не е вредно да го дадеш својот живот,освен во борба за лична слобода или слободата на своите деца и нивна безбедност(за ова може да се направи некој компромис каде повеќето би требало да се согласат).
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
немој друже така,прегеска гледав клање на цивили од страна на бунтовниците на сирија тубе,кај го отворив кај се запустив..........овие дрпаат со ножевите в грклани одстрана алах екбер се урла ко на утакмица,никој не знае кај тера........заеби такви идеали кога ги прави полоши од животни......
Идеали и лудило се два различни поими!Лошо е кога идеалите ќе се претворат во фанатизам а фанатизмот во лудило кое ги опфатило борциве за човекови права во Сирија!Борци за човекови права а колат лјуѓе,која испревртена логика:cautious:
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
Опасни линии

Германска врска ги носи Албанците од Македонија во Сирија

Пријателите и комшиите се собираа вчера пред новата трикатница, покрај исто така обновената семејна куќа, за да им изразат сочувство на родителите на Имер Ниметула во скопското село Грчец, кој токму на минатонеделниот Бајрам загина во редовите на бунтовниците во Сирија. На приземјето има дуќан, каде што се продава вештачко цвеќе увезено од Kина, како дел од бизнисот што тој со години го водел на релација Берлин, Германија, и Грчец. Татко му, кој го сретнавме на клупата пред куќата со комшиите, не сакаше да ни зборува за патешествието на својот син до сириските бунтовнички групи, кои во најголем дел го застапуваат радикалниот ислам. Во селото ни рекоа дека во минатото ова семејство било од средна класа. Од другите добиваме контрадикторни изјави - едните викаат дека Имер цело време си бил традиционален муслиман како и тие, а другите ни кажуваат дека промената се случила последниве две години.

- Доаѓаше често, а јас забележав дека почнал да носи долга брада каква не им е својствена на другите во селото. Го прашав, Имер, зошто носиш таква брада, но тој не ми одговори. Само ми се насмеа и продолжи. Со него сум работел во минатото во Чешка и во Словачка, беше многу вреден. Сега, главно беше во Берлин, каде што водеше бизнис. Kако се случи да замине во Сирија, не знам. Можеби отишол и да заработи таму, не е ретко бизнисмените да тргнуваат во војните - ни вели сопственикот на продавницата во близина на главната и голема селска џамија во Грчец, село до Сарај во околината на Скопје со околу 500 куќи.
Ниметула е трет македонски Албанец што загина во Сирија. Пред десетина дена таму животот го изгуби и Сами Абдулаху, кој потекнува од скопска Гази Баба, а пред него и Расим Зеќири од гостиварско село Беловишта. Заедничко на сите им е што кон радикалните исламски групации во Сирија се приклучиле од странство. Абдулаху и Ниметула заминаа од Бремен и од Берлин во Германија, а Зеќири од Австрија. За сите нив е познато дека биле активно вклучени во тамошните исламски центри. Но, тајна е на какви влијанија биле изложени за со текот на времето да го сменат практикувањето на традиционалниот ислам својствен за Албанците во Македонија. Во западноевропските земји дејствуваат седумдесетина исламски центри зад кои стои македонската Исламска верска заедница, која таму праќа свои верски службеници-имами за да им држат верски обреди на верниците.

„Дневник“ неодамна објави дека дваесетина Албанци од Македонија учествуваат во сирискиот конфликт на страната на радикалните исламистички групи, меѓу кои најпозна е Јабха ал-нустрах, блиска до Ал каеда. Упатените во состојбите проценуваат дека таму најверојатно има околу триста Албанци.

- Од нив, околу 70 проценти се од Скопје, од општина Чаир, од Бутел, улица Дижонска, Серава... Неколку биле повеќе месеци па се вратиле, другите с` уште се таму. За Сирија најчесто заминуваат Турција, преку собирни центри во неколку града. Сознанијата дека лицата што загинале се од странство го поставува прашањето кој ги држи под контрола исламските центри во Германија, Австрија и во другите европски земји. Kако ИВЗ можеше да дозволи Сами Абдулаху да им држи предавања на нашите верници во Бремен? Има голема празнина во раководењето со исламските центри во Европа, во кои секоја година собираат стотина илјади евра за рамазан и за курбаните во име на Медресата и на Теолошкиот факултет - вели наш соговорник упатен во состојбите во исламскиот корпус во земјава.

Жителите на Грчец ни рекоа дека во селото има уште една фамилија што исламот го практикува различно.

- Тие обредот го прават поинаку. Различно ги вкрстуваат рацете, различно ги креваат нагоре, кога извикуваме „Алах е еден“. Едно дете во таа фамилија се школуваше во арпските земји, во Саудијска Арабија изгледа, и таму сега работи како имам и им праќа пари тука. Но, во другите џамии сме забележале дека има повеќе верници што се молат различно од нас. Ние не го сакаме тоа - ни рекоа тие.

Во ИВЗ вчера не можеше да се добие коментар за фактот дека македонските Албанци почнуваат да предничат како доброволци и загинати во радикалните бунтовнички редови во Сирија. Досега од регионот се загинати само двајца од Kосово и од јужна Србија. Нивниот поранешен став е дека не може да гарантираат за секој верник изложен на различни индоктринации. Kога загина Расим Зеќири од Гостивар, првиот човек на ИВЗ, реисот Сулејман Реџепи, изјави дека „тој бил познат по уживањето алкохол“. Сега, во Скопското муфтиство изјавуваат дека не знаат кои се Абдулаху и Ниметула иако првиот беше теолог, а вториот успешен бизнисмен. Во ИВЗ немаше ниту коментар што се случува во исламските центри во западноевропските земји, особено во Германија. Медиумите во оваа земја неодамна пишуваа дека с` повеќе германски муслимани заминуваат во Сирија за да им се приклучат на радикалните исламистички групи.

- Проценуваме дека таму има триесетина муслимани од Германија, а се очекуваат повеќе - пишуваше неодамна германски „Национал“.

Нашиот соговорник истакнува дека за земјава ќе биде најопасно кога учесниците во конфликтот ќе почнат да се враќаат.

- Тие се веќе цврсто определени за радикален ислам. Видовте какви проблеми постојат во БиХ откако во тамошната војна се дозволи да учествуваат муџахедините, кои потоа останаа во земјата. Тоа треба да н` загрижи и затоа ИВЗ не може мирно да го гледа ова - вели тој.
Бранко ЃорЃевски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=590171A951BF024A8B2E94761F96E55A
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Го поставив видеото пред некое време, но ми го избришаа коментарот заедно со видеото, кој беше дека секој пат кога Сириската армија бележи прогрес и е во офанзива,
Израел врши акт на војна, ова е трет пат како е бомбардиран склад за муниција од страна на Израел.
Тоа само докажува дека САД, Израел и Западот е на страната на оние што сечат глави и јадат човечки органи.
Исто како во Македонија во 2001.
Видеото што е прикажано не потекнува од проектил, има правилна експлозија. Иначе трите бомбардирања на Израел се совпаѓаат со напредокот на војската на Асад и што е најважно немаат никакво влијание врз успесите на Асад.
 
Објасни го таквото однесување на Израел контра американските заложби и интереси во Сирија,посебно против режимот на Асад?
Во неколку наврати ги споменуваш Израелците,факт е дека за нив Асад е многу подобра опција отколку некојси клон на Морси да застане да ја води државата,но тоа никаде не е споменато ниту забележано од независните медиуми,ниту има некоја анализа,ништо.Зошто и како?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Еве како гледаат бунтовниците на нападите на Израел.
http://rt.com/op-edge/fsa-israel-assad-power-912/
RT: Some say that Israel supports the Syrian opposition…
FM: Absolutely not! Israel has been protecting the Syrian regime from falling for the last two years. The decision about Bashar Assad was made in Tel-Aviv. That’s why the Syrian regime has not been overthrown yet, even though it’s been two years since the Syrian revolution started. The international community is refusing to get involved, and Israel is mobilizing Jewish lobby all over the world.
Еве како Израел гледа врз Сирија:
http://www.globes.co.il/serveen/globes/docview.asp?did=1000848219&fid=4727
Israel's quiet support of Assad has no partners in the US and the EU, who are hesitantly seeking ways to weaken him, and brings Israel into tacit alliance with Hezbollah.
Еве што пишува лондонски Тајмс:
http://www.thetimes.co.uk/tto/news/world/middleeast/article3768370.ece
“Better the devil we know than the demons we can only imagine if Syria falls into chaos and the extremists from across the Arab world gain a foothold there,” one senior Israeli intelligence officer in the north of the country said.
--- надополнето: 14 август 2013 во 00:38 ---
Објасни го таквото однесување на Израел контра американските заложби и интереси во Сирија,посебно против режимот на Асад?
Во неколку наврати ги споменуваш Израелците,факт е дека за нив Асад е многу подобра опција отколку некојси клон на Морси да застане да ја води државата,но тоа никаде не е споменато ниту забележано од независните медиуми,ниту има некоја анализа,ништо.Зошто и како?
Во претходниот пост имаш анализа. Во Македонија доста луѓе користат антиизраелски извори, кои ги тераат на некакви си „логички“ заклучоци. Така да тука можеме да најдеме постови кои оние кои сега се борат во Сирија против Асад, се глорифицирани кога се борат против Израел, а во оваа тема се демонизираат, затоа што се мисли дека се со Израел.

Израел е дефакто во војна со Сирија, и формално правно ништо не ги спречува да интервенираат во Сирија ако тоа го сакаат. Подршка од САД и Турција ќе добијат моментално. Но пак ќе кажам, најголемите непријатели на Израел во моментов (Хамас) се на страната на бунтовниците. Доколку падне Асад тоа за Израел би значело една голема Газа на северот од земјата.

Ситуацијата на Блискиот Исток е бајаги искомплицирана и моментално има повеќе од две страни во Сирискиот конфликт, а не е така црно бело како што теоретичарите на заговор сакат да го претстават. Факт е дека има разноразни интереси во игра, факт е дека западот ги финансира бунтовниците, поради некои си сопствени интереси, но западот е запад, а Израел е Израел и пред се си ги штити сопствените интереси, па и тие да се пред интересите на САД(како што впрочем било до 1952-3). Нема тука никакви светски заговори на Евреите против цел останат свет.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
191
Поени од реакции
122
Лупај глава, лупни ја посилно и направи го светот за нијанса подобар.
2001 НАТО и Западот ги снабдуваше гомната со оружје, политичка поддршка и разузнавачки податоци.
Твоите гинат ко пилци во Сирија, помири се со тоа.
--- надополнето: 13 август 2013 во 17:35 ---

Човек без идеали е обично животно.
Naj ozbilno koja vrska ima 2001 so vojnata vo Sirija? Sekogas golemite sili ke si izberat strana sto ne ti e jasno? A sto si izgubil ti od 2001? Stvarno nejkam da odam off topik no preteruvate! Ako pocneme da pravime sporedbi togas kazi mi koj kur baraa makeoncite da vojuvaat za Srbija vo BIH? Site ste stanale analiticari vo forumov da ve e*am a 2 grama pamet nemate.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.771
Поени од реакции
1.166
Зависи што значи за тебе радикални исламисти, ако за тебе радикален исламист е човек да се облече со експлозивен елек и да влезе на некој факултет и да разнесе десетици луѓе, мислам дека нема, најмногу се надевам дека не се лажам....
--- надополнето: 12 август 2013 во 19:31 ---

Ама ич не ме интересира што зборел премиер на соседна држава, кој па бил пред сигурни изгубени избори...

Според тебе силите на Асад се слободните луѓе? само прашувам....
--- надополнето: 12 август 2013 во 19:33 ---

Архитектонски > економски
И мене ич не ме интересира само ги гледам "моиве" прости соседи што се палат на едни такви изјави за собирање поени :)
Woow чекај "соседна" од каде испадна сега ова ? .....
Секој човек што е при здрав разум и каде што сака правдината , слободата и мирот да владеат би застанал зад Сириската Арапска Армија :)
А што ти FSA и Jabhat Al-Nusrah Front ли ги поддржуваш ?
 
А

Атомската мравка

Гостин
Осумнаесетгодишниот Бунјамин Имери, син на неодамна убиениот Ниметула Имери од Грчец, е тешко ранет во Сирија, објави порталот Алмакос. Таткото и синот пред еден месец заминале во Сирија за да се борат на страната на бунтовниците против сирискиот претседател Башар ел Асад. Пред неколку беше објавено дека Ниметула загинал во борбите.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Видеото што е прикажано не потекнува од проектил, има правилна експлозија. Иначе трите бомбардирања на Израел се совпаѓаат со напредокот на војската на Асад и што е најважно немаат никакво влијание врз успесите на Асад.
Нема тука напредок на Асад, туку на Сириската Армија. Пракса е кога сака да се демонизира некоја личност, армијата и војниците се препишуваат како да се негови.
(Армијата на Асад, силите на хитлер, единиците на Садам, борците на Гадафи итн.)
Извини вака, дали си глуп, или со сила се правиш глуп?
Значи ти велиш дека кога Израел ќе бомбардира склад со муниција на Сириската Армија, или научно-истражувачки центар на Сирија, ова и помага на Сирија во борбата против бунтовниците? Ако си ретардиран, не се обидувај да ги направиш и другите ретардирани.
--- надополнето: 14 август 2013 во 18:05 ---
Еве како гледаат бунтовниците на нападите на Израел.
http://rt.com/op-edge/fsa-israel-assad-power-912/

Еве како Израел гледа врз Сирија:
http://www.globes.co.il/serveen/globes/docview.asp?did=1000848219&fid=4727

Еве што пишува лондонски Тајмс:
http://www.thetimes.co.uk/tto/news/world/middleeast/article3768370.ece

--- надополнето: 14 август 2013 во 00:38 ---

Во претходниот пост имаш анализа. Во Македонија доста луѓе користат антиизраелски извори, кои ги тераат на некакви си „логички“ заклучоци. Така да тука можеме да најдеме постови кои оние кои сега се борат во Сирија против Асад, се глорифицирани кога се борат против Израел, а во оваа тема се демонизираат, затоа што се мисли дека се со Израел.

Израел е дефакто во војна со Сирија, и формално правно ништо не ги спречува да интервенираат во Сирија ако тоа го сакаат. Подршка од САД и Турција ќе добијат моментално. Но пак ќе кажам, најголемите непријатели на Израел во моментов (Хамас) се на страната на бунтовниците. Доколку падне Асад тоа за Израел би значело една голема Газа на северот од земјата.

Ситуацијата на Блискиот Исток е бајаги искомплицирана и моментално има повеќе од две страни во Сирискиот конфликт, а не е така црно бело како што теоретичарите на заговор сакат да го претстават. Факт е дека има разноразни интереси во игра, факт е дека западот ги финансира бунтовниците, поради некои си сопствени интереси, но западот е запад, а Израел е Израел и пред се си ги штити сопствените интереси, па и тие да се пред интересите на САД(како што впрочем било до 1952-3). Нема тука никакви светски заговори на Евреите против цел останат свет.
Никој не рече дека ситуацијата е црно-бела, но ти сакаш да го направиш црното бело, а белото црно.
Изреал го мрази Иран, и лобираат и буцкаат во САД за да се нападне. Сирија е најблизок сојузник на Иран. Турција е пионче на САД и Израел, исто како Катар и Саудиска Арабија.
Кога шеиците и мулите ги праќаат вахабистите во Сирија, не им викаат одете да се борите за Израел, туку одете да се борите против неверникот Асад.

--- надополнето: 14 август 2013 во 18:07 ---
Naj ozbilno koja vrska ima 2001 so vojnata vo Sirija? Sekogas golemite sili ke si izberat strana sto ne ti e jasno? A sto si izgubil ti od 2001? Stvarno nejkam da odam off topik no preteruvate! Ako pocneme da pravime sporedbi togas kazi mi koj kur baraa makeoncite da vojuvaat za Srbija vo BIH? Site ste stanale analiticari vo forumov da ve e*am a 2 grama pamet nemate.
Македонците војувале за Србија во Босна? Да не си се збунил со ЈНА?
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Осумнаесетгодишниот Бунјамин Имери, син на неодамна убиениот Ниметула Имери од Грчец, е тешко ранет во Сирија, објави порталот Алмакос. Таткото и синот пред еден месец заминале во Сирија за да се борат на страната на бунтовниците против сирискиот претседател Башар ел Асад. Пред неколку беше објавено дека Ниметула загинал во борбите.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Нема тука напредок на Асад, туку на Сириската Армија. Пракса е кога сака да се демонизира некоја личност, армијата и војниците се препишуваат како да се негови.
(Армијата на Асад, силите на хитлер, единиците на Садам, борците на Гадафи итн.)
Извини вака, дали си глуп, или со сила се правиш глуп?
Значи ти велиш дека кога Израел ќе бомбардира склад со муниција на Сириската Армија, или научно-истражувачки центар на Сирија, ова и помага на Сирија во борбата против бунтовниците? Ако си ретардиран, не се обидувај да ги направиш и другите ретардирани.
Гледам „бугарската“ аргументација е јаката страна на твоите ставови.

Кој извори ги консултираше да ти кажат што бомбардира Израелската авијација. Јас вака како ретардиран и глуп сум се запрашал како е можно Израелски авиони да влезат над 100км Сиријска територија и да бомбардираат без никакви реперкусии, а Турски авион да биде соборен неколку километри во Сириска територија. Или можда сега ќе кажеш дека и Асад е од страната на темните сили на Евреите и не ги чепка авионите на IDF. Или можда IDF го вработиле Саруман, па он ги уништува магацините со оружје помочу трикова и црне магије.

Никој не рече дека ситуацијата е црно-бела, но ти сакаш да го направиш црното бело, а белото црно.
Изреал го мрази Иран, и лобираат и буцкаат во САД за да се нападне. Сирија е најблизок сојузник на Иран. Турција е пионче на САД и Израел, исто како Катар и Саудиска Арабија.
Кога шеиците и мулите ги праќаат вахабистите во Сирија, не им викаат одете да се борите за Израел, туку одете да се борите против неверникот Асад.
Израел го мрази Хамас повеќе отколку што го мрази Иран, а Хамас се бори против Асад во Сирија, а Сирија е близок пријател со Иран. Исто така Хезболах се бори против Хамас во Сирија, а Хезболах е продолжена рака на Иран. Исто така Турција е пионче на САД и го подржува Хамас во борбата против Сирија и лобираат и буцкаат во САД, да застане позади Хамас. И сега што?

Off Topic.
Тоа што си прочитал некоја книга во која викаат дека Хазарите (Средновековно Турско царство) се всушност Евреи, не те прави пописмен отколку што си. Напротив, тие книги се наменети за прости луѓе и целта им е уште повеќе да го затупуваат народот со глупости ширејќи немоќ и апатија покажувајќи го прстот на вината кон Евреите. Хитлер од тоа направил кариера. Да си малце попаметен, нема да одиш подалеку туку ќе побараш извори од средновековна црковна литература (која патем е официјална литература на Византиското Царство), на пример житијата на св. Кирил и Методиј и ќе ти стане јасно дека земањето Еврејска вера од страна на Хазарското Царство(Турците) е научна фантастика и дека денешните Евреи во никој случај не се Турци.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Гледам „бугарската“ аргументација е јаката страна на твоите ставови.

Кој извори ги консултираше да ти кажат што бомбардира Израелската авијација. Јас вака како ретардиран и глуп сум се запрашал како е можно Израелски авиони да влезат над 100км Сиријска територија и да бомбардираат без никакви реперкусии, а Турски авион да биде соборен неколку километри во Сириска територија. Или можда сега ќе кажеш дека и Асад е од страната на темните сили на Евреите и не ги чепка авионите на IDF. Или можда IDF го вработиле Саруман, па он ги уништува магацините со оружје помочу трикова и црне магије.

Израел го мрази Хамас повеќе отколку што го мрази Иран, а Хамас се бори против Асад во Сирија, а Сирија е близок пријател со Иран. Исто така Хезболах се бори против Хамас во Сирија, а Хезболах е продолжена рака на Иран. Исто така Турција е пионче на САД и го подржува Хамас во борбата против Сирија и лобираат и буцкаат во САД, да застане позади Хамас. И сега што?

Off Topic.
Тоа што си прочитал некоја книга во која викаат дека Хазарите (Средновековно Турско царство) се всушност Евреи, не те прави пописмен отколку што си. Напротив, тие книги се наменети за прости луѓе и целта им е уште повеќе да го затупуваат народот со глупости ширејќи немоќ и апатија покажувајќи го прстот на вината кон Евреите. Хитлер од тоа направил кариера. Да си малце попаметен, нема да одиш подалеку туку ќе побараш извори од средновековна црковна литература (која патем е официјална литература на Византиското Царство), на пример житијата на св. Кирил и Методиј и ќе ти стане јасно дека земањето Еврејска вера од страна на Хазарското Царство(Турците) е научна фантастика и дека денешните Евреи во никој случај не се Турци.
Мојата аргументација ти е бугарска?
Јас би рекол твојот хумор е бугарски.

Не ги критикувам Евреите заради тоа што се, туку заради тоа што го прават.
Имаш Евреи кои се борат против Ционистите, нив ги викаат само-мразечки Евреи.
На мене евреј ко евреј воопшто не ми смета, но ционистите не ги сакам.
Хитлер вода може да им носи на Ционистите кога зборуваме за расизам.
Ционизмот е најголемиот генератор на анти-семитизмот моментално.

А ти другар, со твоето слепило си поголем Евреј од Евреинот.
Оние што ги колеа Палестинците во 1948, беа имигранти-Ционисти кои ниту тие, ниту еден од нивните предци претходно стапнал во Палестина (сега Израел).
само 10% од Евреите во светот потекнуваат од Палестина.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Све е тоа фино што си го напишал, но пак ќе кажам, ти ги прескокаш списите на најмоќните луѓе во тоа време, Солунските браќа, за кои изричито се кажува дека ги покрстиле Хазарите и тоа е една од причините поради која се прогласени за светци. Нема никаков друг извор кој го тврди спротивното освен некоја си фамозна книга наречена „Хазарски речник“, која патем никогаш не била јавно отворена и се чува во тајност во Ватиканските библиотеки според теоретичарите на заговор.

Еве ја мојата аргументација, ако ти решиш повеќе да веруваш на западната пропаганда, тоа е твој проблем.

Во Хазарија главната борба требало да ја насочат повторно кон објаснувањето на суштината на христијанството како вистинска религија во однос на јудејството, мухамеданството и паганството. Централната догматска тема околу која се одвивала расправата била суштината на Светото Тројство во христијанството, а големо внимание им се посветило и на темите околу прашањата за Мојсиевиот закон, обрезанието, пророчките претскажувања за Христа, за иконопоклонството, јадењето на свинско месо, итн. Полемиките се воделе во летната резиденција на хазарскиот каган при негово лично присуство, а како главни негови опоненти предначеле протагонистите на еврејската идеологија. Кога веќе се наѕирала полемичката победа на св. Константин-Кирил неговото поентирање било насочено кон објаснувањата за тоа дека христијанството е најдобрата вера од останатите вери. Неговата идеолошка победа резултирала со масовно покрстување на Хазарите, но истовремено се постигнале и своевидни политички резултати во прилог на византиските очекувања од самата Мисија. Најважно било тоа што хазарскиот каган оставил писмено сведоштво за верноста кон Византија, испраќајќи му писмо на византискиот император со завршните зборови: „Сите ние сме пријатели на твоето царство и готови сме да ти служиме каде што ќе биде потребно“ (Панонски легенди, Житие за св. Кирил, глава 11
 
Kajgana Shop

На врв Bottom