Албанија - место за одмор

  • Креатор на темата Креатор на темата Marlboro
  • Време на започнување Време на започнување
храната е со цени како во нашите супермаркети.има све и сешто.леб мал 25 ден,голем 50(1 кг),пиво во кафана 70 ден,гиро исто,сладоледи од 20-75 денари,пица 200-300 денари,морски специјалитети околу 350 ден,јас за спиење плаќав 20 евра по ноќ.трошењето зависи од тоа каков одмор планираш.

јас пошто сум женет и со дете,трошокот вероватно нема да ве интересира повеќето од вас,бидејќи вероватно сте тинејџери:pos:

ипак кој сака по ПП можам подетално да му објаснам
 
Значи, почитувајќи гисите изложени мислења, треба секој заинтересиран директно да појде лично и да се увери. Тоа од искуство со Грција.АМА СКИСНА МИ ОД ТАА ГРЦИЈА, па колку и да си викаме дека одеме на нашето море. Грк-циган, абе бетер.Да не одеме таму, па дека. 90% за АЛбанија се не. Бугарија преферирам зиме. Лето Бугарија? Водата не е како во Грција и Албанија(според сликите). Ова врти сучи грбот ти е се одпозади. Ај ако рескирам за една недела да одам за Албанија ќе кажам како е било.(ако не ме предомислам моите.
 
Има, или знаете некој што ќе оди со превоз до саранда или ксамил?
 
јас планирам да одам со сопствена кола некаде околу 20 Август
 
Сакам и јас да одам некаде околу 18-20 јули, само сеуште немам најдено смештај, се мислам дали да си резервирам од тука или таму да барам на лице место. Сакам да одам во Саранда или Ксамил, можеби Валона ?

Ѓоко ти што би ми предложил каде е подобро ? Исто така ако имаш искуство со некој хотел, вила, апартман и ако имаш контакт ќе ти бидам благодарен да ми пуштиш инфо ако не ти е тешко.
 
Ксамил е селце како Пештани и во све е подобро од саранда,освен во вечерните часови.Тогаш таму е штама и темница,некој се карта во дворот,некој скара прави и тоа е тоа.Ако сакаш шетање-мора со кола во саранда.

Плажите се за неклку класи подобри од Саранда.Ќе ти пишам ПП за смештај
 
Мој колега денес замина во ксамил,оди таму неколку години и е спријателен со газдата,и затоа добил попуст за сместување-палаќ по 23 евра во шпиц,што е евтино.Пп следи
 
Во саранда плажите се со камчиња или песок?
Ај ако можи побрзо одговор оти сме во некој преговори западнати -.-
 
вештачка бела песка,навидум тешко се распознава дека е дробен камен,но според мене чуството е супер.од белата боја на песката бојата на морето игледа тиркизна(како на Бали:))
 
do Gjoko-mkd:
tie 23 evra za soba se ili za lice?
I iskustvo za patot ako si go vozel Saranda-KSamil?
 
Во Албанија секаде цената е за цела соба(апартман).Непостои како во Црна Гора плаќање по човек.патот Саранда-Ксамил е потполно нов,широк пат,но лани на едно место од околу 200 метра се работеше.Тој дел беше сеуште со чакал пред асфалтирање,но би требало сега да е завршено(газдата кажа дека ставиле вишок експлозив и се оштетила основата на патот па се правеше бетонски бедем).

еве слика од тој пат



Uploaded with ImageShack.us
 
ај ве молам пишете ми во пп околу смештај за Ксамил, ние треба да одиме во четврток имавме се резервирано и во последен момент дечкото ми вика нема соби.а неможам да барам таму соби бидејки сме со мали дечиња.. ви благодарам однапред!
 
ај ве молам пишете ми во пп околу смештај за Ксамил, ние треба да одиме во четврток имавме се резервирано и во последен момент дечкото ми вика нема соби.а неможам да барам таму соби бидејки сме со мали дечиња.. ви благодарам однапред!


Мислам дека нема да имате проблем.
 
kako se odi?? Preku Janina do Kakavia ili preku Igumenitsa...ova google map mi pokazuva prvoto
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom