Паркови за миленици и данок за опасни миленици

  • Креатор на темата Deleted member 55587
  • Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.819
Поени од реакции
8.834
и јас се слагам со напишаното,но некои ги сметат за опасни оние раси на кучиња кои што прават голема штета пример еден пикинејзер да нападне на некое лице може само да му ги скине пачавиците и ништо друго,а додека ако нападне незнам шарпланинец или пит бул или ротвајлер ке направи поголема беља

Нормално, ако те нападнам јас со голи раце, веројатно нема многу да те повредам, ама ако те нападне комшијата мој висок 2 метра и тежок 200 кила, веројатно ќе те убие.
Што никако не укажува на тоа кој од нас двајца е поагресивен :)

Реалноста е дека од просечен пекинезар може да настрада дете, а може и да закачи било кој болест преку крвта, доколку е кучето болно.

Јас сум за тоа сите кучиња да имаат маски (освен во кучешки паркови, што можеби некогаш ќе ги имаме), без оглед дали е малтешка пудлица или доберман.

Озбилно, најагресивното куче што го имам запознаено е таква минијатурна пудлица.
И дечко ми има лузна од истото :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.010
Поени од реакции
34.402
и јас се слагам со напишаното,но некои ги сметат за опасни оние раси на кучиња кои што прават голема штета пример еден пикинејзер да нападне на некое лице може само да му ги скине пачавиците и ништо друго,а додека ако нападне незнам шарпланинец или пит бул или ротвајлер ке направи поголема беља
Звучи едноставно нели? Не е ракетна технологија и не мора да си Ајнштајн за разбереш дека 600грама и 60 кила не се исто...


Озбилно, најагресивното куче што го имам запознаено е таква минијатурна пудлица.
И дечко ми има лузна од истото :)
Подобро ќе беше ако се работеше за некое Дого Аргентино?
Не зборам само за големината на лузната, туку за фактот дека сега можеби немаше да има кој да носи (лузната)... ;)
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
А на мало детенце ? Кој може да ,,одреди,, кое куче во кој момент кого и како ќе нападне? А секако сега тоа - заштитна маска за одредени раси е неважечко. Кои се тие одредени раси и каде се наведени како такви? По кој основ во паркот би се барало од едно куче задолжително да има маска а друго не? КАДЕ СЕ НАВЕДЕНИ ТИЕ ОДРЕДЕНИ РАСИ ???? А се додека нема точно наведено кои се тие раси, законот многу јасно вели дека СИТЕ кучиња мораат да бидат под надзор на одговорно лице за нив и притоа да бидат на поводник и да имаат маска. Значи ако во паркот доберманот или ротвајлерот мораат да носат маска, мораат и лабрадорот и пекинезерот.Или во спротивно се додека во ниеден законски акт кај нас не е наведено кои точно се тие одредени раси кои мораат да носат маска во паркот, никој нема право баш за тие раси да бара да носат маска. Или со други зборови, овој натпис прво е спротивен на законот, а второ не обврзува никого да мора да стави маска на кучето ако не сака.
А друга работа е собирањето на изметот и одстранување во посебни садови за таа намена??????? А кој ги обезбедил? Ги има ли насекаде? Не ми пречи собирањето, ми пречат ,,посебните,, садови. Тоа е исто како и одредениве раси.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.010
Поени од реакции
34.402
Сите кучиња треба задолжително да носат маски.
Но ако има данок (а треба да има) најчесно е данокот да е поврзан со килажата на примероците. Па дури и количината на изметот (што треба да се складира и транспортира) е сразмерно различен кај кучињата со различни големини. :)

Со финансиите од овој данок, ќе се обезбедат повеќе канти за ваков отпад.
Сите победуваат?
(освен оние што сакаат да забушат)
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Супер :) ќе си земеш 4 пит була и ќе плаќаш како за 1 бернардинец. Повеќе забава за истите пари :)
Ако можат покаканите бебешки памперси да одат во обична корпа за ѓубре, може и заврзана кеса со кучешки какушки. И така корпите се празнат во истите контејнери и со истите камиони се носат на истата депонија како и сето останато ѓубре. Во парковите секогаш има недостаток на корпи за ѓубре, а камо ли па посебни корпи за кучиња. Ако добро се сеќавам, кога првпат се поставија посебни корпи за кучешки измет во паркот во Скопје, се користеа од луѓето како и секоја обична корпа за ѓубре,а и не се празнеа баш редовно (n). Според мене нема потреба за претеризми од типот посебни корпи, доволно е градските служби да си ја работат работата за која се платени и да обезбедат доволно корпи за отпадоци.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.010
Поени од реакции
34.402
Супер :) ќе си земеш 4 пит була и ќе плаќаш како за 1 бернардинец. Повеќе забава за истите пари :)
Тежината би требало да биде само еден од условите.
За питовите, нивните деривати и уште неколку други, мое мислење е дека треба поголем данок. Како декларирано опасни раси.
Не ме прашувај како ќе ги класифицираат мешанците, има кој да си мисли за тоа. Ако ништо друго барем приливот на гени од друг подвид ќе ги ублажи проблематичните особини. ;)

Ако можат покаканите бебешки памперси да одат во обична корпа за ѓубре, може и заврзана кеса со кучешки какушки. И така корпите се празнат во истите контејнери и со истите камиони се носат на истата депонија како и сето останато ѓубре. Во парковите секогаш има недостаток на корпи за ѓубре, а камо ли па посебни корпи за кучиња. Ако добро се сеќавам, кога првпат се поставија посебни корпи за кучешки измет во паркот во Скопје, се користеа од луѓето како и секоја обична корпа за ѓубре,а и не се празнеа баш редовно (n). Според мене нема потреба за претеризми од типот посебни корпи, доволно е градските служби да си ја работат работата за која се платени и да обезбедат доволно корпи за отпадоци.
Идејата е да се сепарира и класифицира сето ѓубре. Заради рециклирање.
Биолошки одпад е биолошки отпад. Дап, и пелените треба да одат во такви канти.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Тежината би требало да биде само еден од условите.
Тежината- услов за поголем данок? Ти веќе стварно не знаеш што зборуваш...Од толку напор да поставиш некаква/никаква поента, тотално забега. :cuc:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.010
Поени од реакции
34.402
Тежината- услов за поголем данок? Ти веќе стварно не знаеш што зборуваш...Од толку напор да поставиш некаква/никаква поента, тотално забега. :cuc:
Oва во одредена форма веќе го практикуваат за луѓето. Многу авиокомпании веќе наплаќаат дупла авионска карта ако патникот е над одредена килажа, има случаи каде не одобруваат државјанство ако кандидатот е над одредена килажа, или не се одобрува здравствено осигурување... итн итн.

Можеби споредбите не се баш најсоодветни ама ако ми дозволиш да „забегам„ уште малку :))), една Чивава не бара иста количина на ѓубретарски услуги како еден Бернандинец! ;)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Oва во одредена форма веќе го практикуваат за луѓето. Многу авиокомпании веќе наплаќаат дупла авионска карта ако патникот е над одредена килажа, има случаи каде не одобруваат државјанство ако кандидатот е над одредена килажа, или не се одобрува здравствено осигурување... итн итн.

Можеби споредбите не се баш најсоодветни ама ако ми дозволиш да „забегам„ уште малку :))), една Чивава не бара иста количина на ѓубретарски услуги како еден Бернандинец! ;)
Ахам, не сме се разбрале. Не разбрав дека збориш за данок за говната што ги серат, мислев збориш за големината на кучето:)

Ок, заебанција на страна. Ако веќе се фаќаш за тоа дека поголема раса захтева поголем данок (иако мислев дека претендираш да збориш за тн. агресивни раси), ондак треба да знаеш дека и сопствениците на големи кучиња (јас на пр.) плаќаат веќе данок, кој ете да речеме, не се однесува нит на големина, нит на агресија. Плаќам поголеми ветеринарни трошоци, плаќам повеќе за исхрана, плаќам повеќе за одржување на крзно, плаќам повеќе за се, а воедно за што и да платам, плаќам 18% ддв. Трошоците на сопственикот на една чивава се 10 пати помали од моите, воедно и данокот што го плаќа е 10 пати помал. Еден тон сопственици на мали раси, не се запознаени со тоа дека, без разлика на големината на говното, говно си е говно и треба да се собере. Еден топ сопственици на мали раси сметаат дека кучињата им се премногу мали и нема потреба од тоа да ги воспитуваат, па пак ние, сопствениците на големи раси плаќаме и за тетанус и за шиење на рани, што на нас, што на миленициве наши големи.

Е сега, кога веќе ми споредуваш авионски карти, државјанства, здравствено осигурување... ми збориш за дебелина. Никој не им е крив на дебелите (освен на тие со здравствени проблеми) што се свињи(им се извинувам на свињите што ги споредувам со луѓе) ненаситни, па си дозволиле да станат такви какви што се, ондак, нека си плаќаат. Моево куче, не е дебело да се разбереме. Она е само голема. Таква и е природата, што да праиме, али данок не плаќаме па ти на глава застани ако сакаш:)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.010
Поени од реакции
34.402
Метафората со големината (дебелината) е само визуелно да се долови она за големината/тежината: НЕ Е СЕЕДНО! :)

Еден тон сопственици на мали раси, не се запознаени со тоа дека, без разлика на големината на говното, говно си е говно и треба да се собере. Еден топ сопственици на мали раси сметаат дека кучињата им се премногу мали и нема потреба од тоа да ги воспитуваат, па пак ние, сопствениците на големи раси плаќаме и за тетанус и за шиење на рани, што на нас, што на миленициве наши големи.
Сега за друго зборуваш, не знам кои сопственици не ги воспитуваат кучињата, но знам дека законот треба да важи за сите.

А ако го уведат данокот, па уште ако и го спроведуваат законот со кој е тоа регулирано... има да си плаќаш и тоа како. ;)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Метафората со големината (дебелината) е само визуелно да се долови она за големината/тежината: НЕ Е СЕЕДНО! :)


Сега за друго зборуваш, не знам кои сопственици не ги воспитуваат кучињата, но знам дека законот треба да важи за сите.

А ако го уведат данокот, па уште ако и го спроведуваат законот со кој е тоа регулирано... има да си плаќаш и тоа како. ;)
Па ако го воведат, нека го воведат а кој ќе им плаќа е тоа-не знам. :) Кога сите услови за чивање на кучиња во една урбана средина се средени, еве да го земам за пример Чикаго (иако имаат се, сепак не плаќаат данок:sneaky:) ондак, да, би плаќала и не би се бунела. Али да плаќам за да они можат да средат све (а нема да средат) е па... мало морген. И тап, ете ти тебе нова тема, зашо сопствениците одбиваат да плаќаат данок?, па можда ќе дискутираме повторно, здравје боже, ако сум уште во МК.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.010
Поени од реакции
34.402
Да се почне од нешто, прво данок, после подобрување на услови со собраните пари...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Да се почне од нешто, прво данок, после подобрување на услови со собраните пари...
Тоа само кај нас иде така, никаде на друго место. Супер, плаќаме патарини, али дупкиве по автопативе слабо средениo_O
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.010
Поени од реакции
34.402
Mоже со миленициве ќе им тргне, вреди да се проба. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom