9. Раѓањето на Месијата, Неговото име и Неговото царство. Суд за Израилот.
1. Поранешното време ја понизи земјата Завулонова и земјата Нефталимова; но подоцнежното – ќе го возвеличи крајморскиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја.
2. Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка ќе болсне светлина.
3. Ти ќе го умножиш народот, ќе ја зголемиш радоста негова. Тој ќе се весели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен.
4. Зашто јаремот, кој му тежеше, и жезлото, што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач – Ти ќе ги скршиш, како во денот на Мадијама.
5. Оти секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ќе бидат предадени на изгорување, за храна на огнот.
6. Зашто Младенец ни се роди – Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот.
7. Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и правда отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господа Саваота.
8. Господ му испраќа слово на Јакова, тоа слегува врз Израилот,
9. за да знае сиот народ, Ефрем и жителите на Самарија, кои со гордост и надуено срце велат:
10. „Тулите паднаа, – ќе градиме со делкани камења; смоквите се исечени, – ќе ги замениме со кедри.
11. Ќе ги крене Господ против него непријателите на Ресина, ќе ги вооружи непријателите негови;
12. Сиријците од кај исток, Филистејците од кај запад; ќе го голтнат Израилот со полна уста. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова ќе биде протегната.
13. Но народот не се обрнува кон Оној, Кој го бие и не прибегнува кон Господа Саваот.
14. Господ ќе му ја пресече на Израилот главата и опашката, палмата и трската во еден ден:
15. старецот и големецот – тоа е главата; а пророкот – лажниот учител е опашот.
16. Водачите на овој народ ќе го доведат во заблуда, а водените од нив ќе загинат.
17. Затоа Господ нема да се радува на момчињата негови, и нема да се смили над сираците негови и вдовиците негови; зашто сите тие се лицемери и злодејци, и устата на сите зборува нечесно. При сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште е протегната.
18. Зашто беззаконието како оган се разгорело, голтнува глог и трн и гори во горските гасталаци, се креваат столбови од дим.
19. Гневот на Господа Саваот ќе ја изгори земјата, народот ќе стане како храна за огнот, човек нема да го пожали братот свој.
20. Ќе сечат надесно – и ќе си останат гладни; ќе јадат налево – и нема да се наситат; секој ќе го јаде месото од својата мишка:
21. Манасија – Ефрема, и Ефрем – Манасија, обајцата заедно – Јуда. При сето тоа нема да се одврати гневот Негов, и раката Негова уште е протегната. книгата на пророк Исаија
Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји,
2. како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел,
кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.”
3. Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.
4. Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите.
5. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.”
9. А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.
10. И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува на Него.
11. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.”evangelie po Marko.
--- надополнето: 31 јули 2013 во 21:50 ---
Исус а.с е Божји пратеник и никако не е самиот Бог .Малку реалност ке ве замолам ,не барам којзнае што ,на Бог му се молува ,а не се молува на човек ,дајте ми јасни цитати од Библијата каде исус вели самиот дека е Бог и дека вели помолете се на мене