Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Пред 4 дена ми текна да правам некои вежби , и со ништо немав проблем освен со стомачните. Направив едвај 10 . После 24 часа од правењето , осетив болка во стомакот , како права линија по цела должина на стомакот. И ме болеше овие 3 дена , се намалуваше секој ден малку по малку . Денес сакав пак да правам стомачни , и уште на првото виткање осетив како нешто ме стегна во стомакот , како некоја топка да се створи и требаше да поминат 20 секунди да ми помине. Дали е само некој ситнеж поврзано со слабата активност на тој дел од телото , или да одам на лекар?
 
Па чим не практикуваш правење вежби/стомачни секој ден тоа е тоа. Не се секирај, не е ништо страшно, одреден период не прави стомачни/не го напрегај овој дел од телото и болката ќе исчезне :)
 
И други слично ми рекоа . Ваљда е од неактивноста . Ќе почекам една недела , па ќе пробам пак . Мора да тргне .
 
Можно е и повеќе од една недела да трае одмарањето на мускулите :)
 
Здраво дечки, пред некоја недела бев на специјалист на ОРЛ да видат што имам проблем со носот, и ми кажаа дека имам девијација на насалниот септум и дека треба да правам операција, па би сакал да се информирам(никогаш не сум правел операции, било какви) дали ќе ме пратат на скенирање пред да ме пратат на операција и после колку дена би ме пуштиле од болница?

Благодарам однапред.
 
Да, најпрово ќе ти направат снимка на главата, поточно на носот и делот околу него.
А за колку недели ќе те пуштат...... би требало за 2 недели, но сепак тоа зависи дали ќе има некои компликации.......... Немај гајле, не е ништо страшно, само барај некој добар, искусен доктор за операцијата.... ја имаш мојата поддржка :)
 
Изгледа имам стомачен вирус и имам температура.. Дали смеам да се напијам парацетамол и линекс во исто време?
 
Да, најпрово ќе ти направат снимка на главата, поточно на носот и делот околу него.
А за колку недели ќе те пуштат...... би требало за 2 недели, но сепак тоа зависи дали ќе има некои компликации.......... Немај гајле, не е ништо страшно, само барај некој добар, искусен доктор за операцијата.... ја имаш мојата поддржка :)

Дај престани да делиш вакви совети на 15-16 години. Ќе почнат да ти се смеат исто како на темите за готвење. А и не за друго може на некого беља да му направиш. Да не гледаш на гравчиња за колку време ќе го пуштат. Аман од вакви како тебе.
 
Вчера ми се скрши топломер врз мене и ме испрска жива по главата и по цело тело пошто бев во лежечка позиција, колку е опасно и што да превземам? Страв ми е да не ми прснала во око или во уста некое топче.. Вчера со 38 температура до 3 саат чистев дома пошто сум сам моите се на одмор, ја собирав живата со натопен леб па после усисував, сабајле уште еднаш поминав со усисивач. Имам и куче дома.. (n)
 
Тахебо чајот препорачлив за 19 годишно детенце? Колкава доза да пијам?
 
Некој лек за смирување забоболка освен аналгин?
 
Вчера ми се скрши топломер врз мене и ме испрска жива по главата и по цело тело пошто бев во лежечка позиција, колку е опасно и што да превземам? Страв ми е да не ми прснала во око или во уста некое топче.. Вчера со 38 температура до 3 саат чистев дома пошто сум сам моите се на одмор, ја собирав живата со натопен леб па после усисував, сабајле уште еднаш поминав со усисивач. Имам и куче дома.. (n)

Живата е заебана затоа што е многу тешка, лесно се распрскува и се пика и во најмалите пукнатини, а после како таква испарува. Единствен спас од неа е местово да го напрашиш со сулфур (сулфурен цвет) го продаваат во земјоделските аптеки како фунгицит. Така напрашено местово треба да стои 1 ден, за да се врзе живата со сулфурот.

Не си требал да собираш со правосмукалка, затоа што така ем си го загадил кесето ем може од топлината на моторот дел од живата доколку се усисала да испарила.

Но ете сега направи вака, посипи сулфур каде што си истурил, земи кесето од правосмукалката и убаво посипи го со сулфур, остави така минимум 6 часа, па после се комплет собери со правосмукалка. Не се секирај, сулфурот не е отровен, но е многу корисен за отстранување на живата затоа што ја врзува во нерастворлив жива(II) сулфид.
Комерцијално Merck произведува специјални апсорбенси за жива, но сулфурот до сега се покажа како најефтино решение.

Што си се уплашил толку, живата јесте да е отровна, али при акутна изложеност на големи количини, или при долга хронична изложеност, во термометарот има малку жива.

Не верувам дека ти влегла нит во око, нит во уста, живата е многу тешка, сигурно ќе си осетил.
 
Зошто не Вентор?

Повеќе пати имам пишано за тоа, ептен е штетен за црниот дроб и бубрезите. Да, сите лекови се штетни, ама овој е особено штетен и во помали количини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom