Вчера ми се скрши топломер врз мене и ме испрска жива по главата и по цело тело пошто бев во лежечка позиција, колку е опасно и што да превземам? Страв ми е да не ми прснала во око или во уста некое топче.. Вчера со 38 температура до 3 саат чистев дома пошто сум сам моите се на одмор, ја собирав живата со натопен леб па после усисував, сабајле уште еднаш поминав со усисивач. Имам и куче дома..
Живата е заебана затоа што е многу тешка, лесно се распрскува и се пика и во најмалите пукнатини, а после како таква испарува. Единствен спас од неа е местово да го напрашиш со сулфур (сулфурен цвет) го продаваат во земјоделските аптеки како фунгицит. Така напрашено местово треба да стои 1 ден, за да се врзе живата со сулфурот.
Не си требал да собираш со правосмукалка, затоа што така ем си го загадил кесето ем може од топлината на моторот дел од живата доколку се усисала да испарила.
Но ете сега направи вака, посипи сулфур каде што си истурил, земи кесето од правосмукалката и убаво посипи го со сулфур, остави така минимум 6 часа, па после се комплет собери со правосмукалка. Не се секирај, сулфурот не е отровен, но е многу корисен за отстранување на живата затоа што ја врзува во нерастворлив жива(II) сулфид.
Комерцијално Merck произведува специјални апсорбенси за жива, но сулфурот до сега се покажа како најефтино решение.
Што си се уплашил толку, живата јесте да е отровна, али при акутна изложеност на големи количини, или при долга хронична изложеност, во термометарот има малку жива.
Не верувам дека ти влегла нит во око, нит во уста, живата е многу тешка, сигурно ќе си осетил.