Невработен си? Ништо од бракот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Какви мажи не сакаат жените за брак? Според едно ново истражување, одноворот е: Невработени.


Невработеноста стана глобален проблем, особено за жените кои ја сметаат финасиската и емоционалната стабилност како основа за романтична иднина. Жените признаваат дека не би стапиле во врска со некој кој е невработен, а 65 отсто од дамите одбиваат да стапат во брак, доколку младоженецот е без работа, покажува анкетата.
Според психолозите, проблемите со финансиите водат кон разочарување, поради што невработеноста може да креира голем притисок врз љубовниот однос. Современите жени, пред да се согласат на брак, сакаат да се чувствуваат сигурно со материјалниот статус на нивниот партнер кој може да придонесе за поудобна живеачка.
Иако вработувањето е важно, повеќе од 90 отсто немажени жени велат дека љубовта им е поважна од парите. Но, експертите велат дека иронично е тоа што жените ја ставаат љубовта пред парите, а сепак, не сакаат да се венчаат со маж кој не е вработен. Работата ја спојува или раздвојува сериозната врска, а резултатот од анкетата покажува колку важна улога кариерата игра во романсата.
Истражувањето за кариерата и за љубовта покажало уште неколку „ситници“.
Околу 40 отсто жени кои се во љубовна врска рекле дека професионалните обврски им предизвикуваат несоница, додека слободните жени знаат да се потресат за љубовта исто колку и за работата.
И жените сметаа дека парите го движат светот. Над 40 отсто вработени жени заработуваат повеќе пари од својот партнер, а 41 отсто дами не би застанале пред матичар ако млдаоженецот нема поголема плата. Доколку жената би можела да „зграпчи“ слободен час секој ден, таа би го поминала сама со себе или со пријателките, но не и со партнерот.

Извор - http://www.plusinfo.mk/vest/100912/So-koi-mazhi-zhenite-ne-sakaat-da-stapat-vo-brak


Според вас, дали има вистина во ова или не? Посебно ве молам да обрнете внимание на болдираното. Дали и мажите не би стапиле во брак со жена која е невработена?

Дали вие би се согласиле на брак со партнер/ка кој е невработен/на и образложете зошто да/не?
 
Нема вистина можи вработен да е за 8000, а можи и невработен да биди а приход да има 60000 така да нема стереотип :icon_lol:.
 
Јас би се согласила, затоа што невработеноста е привремена состојба, реално може да се деси двајцата да сме вработени кога сме стапиле во брак, па после едниот, па и двајцата да изгубиме работа (не дај Боже). Нема да биде лесно, но верувам дека ако има желба може да успее. Мене побитно ми е човекот со кого треба да го поминам животот да биде амбициозен и да знае што сака, да не е џаболебар што само сака да лежи дома, инаку моментална невработеност навистина не би ми пречела и би стапила во брак, тотално би го занемарила тој факт.
 
Plavooka Има вистина, исто како и кај останатите животински видови машките бараат партнерки, а женските ги бираат оние партнери кои што ќе преценат дека се најмоќни да обезбедат сигурен живот, а со тоа и да остават добро обезбедено и што е можно поуспешно потомство.
Понатаму процесот генерациски се повторува.
Природна селекција.
 
Не го гледам проблемот тука. Зошто би стапил во брак ако сум невработен? Од друга страна и јас би се двоумел ако партнерката е трајно невработена.
 
Па нели секоја жена сака и бара сигурност кај мажот така е и со финансиската состојба , и мислам дека жените ги гледаат работите појасно и подлабоко и на долги стази трчаат , а мажите се друга приказна многу лесно пагаат на емоционалност и не им е важно што понатака *зборам за повеќето со исклучоци од некои :)
 
Ако е невработена незначи дек така би останало постојано додека трае бракот, така да не е нека пречка.
Инаку мене ме интересира најмногу она што сум го забележал многу бракови во кој и двајцата партнери земаат и повеке од солидни плати, а имаат само едно дете, наспроти некој бракови во кој најчесто мажот е вработен а имаат 2-3 дечиња.
 
Ако се заработувало од работа од труд магарето најбогато ќе било, од друга страна кој сака некоја ловец предатор да те гледа преку пари коли, прва прилика да те изневери па да ја заколиш :icon_lol:....

Јас сигурно не :icon_lol:.
 
Ако се заработувало од работа од труд магарето најбогато ќе било, од друга страна кој сака некоја ловец предатор да те гледа преку пари коли, прва прилика да те изневери па да ја заколиш :icon_lol:....

Јас сигурно не :icon_lol:.

Полека со колењето, цццц...:icon_lol:
Па ни јас нејќам некој да ме гледа ко новчаник, само јас да работам, а тој да се излежава. Приказната е двонасочна, особено во времево во кое живееме;)

Овде не станува збор за тоа дека некоја невработена ќе брка богат маж, туку дека вработена жена нејќе невработен маж за сопруг. И ако има плата, да биде поголема од нејзината:icon_lol:
 
Овде не станува збор за тоа дека некоја невработена ќе брка богат маж, туку дека вработена жена нејќе невработен маж за сопруг. И ако има плата, да биде поголема од нејзината:icon_lol:

Живеам во средина каде невработеноста е фантастично висока, така да стандардите од испитувањето не важат тука :icon_lol:.
 
Не само жените, па и мажите размислуваат така, или барем поголем дел од нив. Искрено, денес е тешко да замислиш да започнеш фамилија доколку едниот е невработен, но секако, зависи од примањата на втората личност. Сепак, колку и да има големи примања мажот или жената, тоа не треба да значи едниот да се излежава и да живее на туѓ грб. За гледање на дете да не правам муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom