Ptolomej
Дрвен адвокат
- Член од
- 7 август 2005
- Мислења
- 1.756
- Поени од реакции
- 1.036
Имам мал проблем со Mozila Firefox 22.0 , кој ужасно ме нервира . Од пред неколку дена , кога и да отворам било кој сајт преку Мозила , обавезно ми излегува предупредување од Авастот со порака Malicious URL Blocked . Ова се случува на буквално секој сајт кој го отворам преку Мозила , без разлика дали се работи за сајтот на Гугл , Кајгана , он.нет итн , а истото важи и за било кој странски сајт . Ова не значи дека неможам да сурфам преку Мозила , но многу е нервозно на секое вчитување на било која страна да излегува предупредувањето од Аваст со порака Malicious URL Blocked.За разлика од Мозила , кога отворам некоја страна преку Google Chrome , немам никаков проблем со предупредувањето кое го дава Авастот . Иначе не верувам дека се работи за вирус или слична штеточина , туку најверојатно Мозилата ми е нешто заебана . Проблемот е во тоа што најчесто сурфам преку Мозила и не сакам да се префрлам целосно на Гугл Хром . Ме интересира дали и некој друг го има овој проблем од пред неколку дена , и како да го решам , без да има потреба да се преинсталира Мозилата .