Што би се случило доколку Исус не умрел на крст?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheep
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 август 2012
Мислења
90
Поени од реакции
41
Ова прашање ги мачи повеќе христијани и ме интересира вашето мислење :)
 
1. Библијата ќе содржеше стотици евангелија
2. Ќе имаше „Евангелие по Исус“ - автобиографијата
3. Рибата ќе останеше симбол на христијаните

(секој точен одговор носи 10 поени)
 
Планета ке се вртеше обратно
Што би се десило, ништо, истимитикур, исто што и ск
ја дрему ти дремеш онј дреме , сфи дремеф на форум док су дома
Џизс е обичан човек ! Мајка Природа е дедо боже : ))))
 
Ова прашање ги мачи повеќе христијани и ме интересира вашето мислење :)

Не постои поткрепа ни дека умрел на крст ниту дека не умрел.Нема никаква поткрепа со доказ ни дека воопшто живеел,освен тоа што е пишано во евангелијата,од апостолите по 50 години од настанот,а во тоа време имало многу личност во Израел кои го носеле тоа име Јошуа.Тоа ќе ти дојде како досега да нема никаков пишан документ за Јосип Броз и сега јас да се решам по 30 години од неговиот живот да пишувам негова биографија врз основа на негови современици и следбеници,а тие секако би ми кажувале се најдобро за него,па дури би влегло и некоја легенда за време на втората светска војна,и освен тоа да не постои негова фотографија и мнозина би се обидувале да го замислат неговиот лик и би го прикажувале и мнозина на тоа би поверувале.
 
Ќе фател штрафта за Индија (некои и тао тврдат дека се случило, дека не умрел на крстот и дека заминал на духовни искуства во Индија).
 
Ќе фател штрафта за Индија (некои и тао тврдат дека се случило, дека не умрел на крстот и дека заминал на духовни искуства во Индија).

А оти тоа го тврдеа откако имаа додир со западната цивилизација и христијанството,само им се додворуваат на тој начин.Нека има доказ бар 500 години пред да дојдат Енглезите во Кина,па тогаш да го земеме тоа како аргумент.
 
Не е чудо и стварно да не умрел на крстот, ама нема везе :)
 
Суштината на Христијанството е Исусовото распетие и воскресение со кое богочовекот ја победил смртта,така да мислам дека немаше да бидне ништо од Христијанството или денес ќе беше некоја маргинална јудеистичка секта со мал број на следбеници.

Сепак,не може тукутака да се каже што би се случило доколку не постоеше Христијанството,религија која имаше големо влијание подоцна во историјата на светот,тука можеме да се препуштиме на фантазијата и да си замислуваме што и како.Цела светска историја ќе беше различна,тоа е факт.

Муслиманите веруваат дека Исус всушност не умрел на крстот,т.е.не бил ни распнат туку тоа бил Јуда,има некои тврдења дека Исус после распнувањето отишол во Индија итн.итн.Како и да е,Христијанството е ништо,празно множество без воскреснувањето на Исус.
 
Тоа го вика и апостол Павле"Доколку Исус Христос не умреше и воскреснеше во третиот ден залудна ќе беше нашата вера"но тоа не значи дека со тоа го потврдува вистинитоста на настанот,туку само си ја потврдува својата вера.Но тоа било и ќе остане секогаш во доменот на верата,бидејќи доколку беше 100% вистина тогаш не би требало да биде вера,туку ќе беше историски настан потврден од науката.
 
Прашањето е поставено за христијани, тоест луѓе кои веруваат во христовото распнување. Потсмешливите коментари над мене се излишни.(Приглупо тролање)
Понатаму, Христос е отелотворување на новиот завет меѓу Бог и луѓето. Така да, неговото распнување бидувајќи претпоследниот акт на таа церемонија, односно нераспнувањето(Или преживување на распнување(не знам како)) би значело едноставно непостоење на новиот завет.
Би важеле старите закони, стариот завет.
--- надополнето: 29 јули 2013 во 18:22 ---
Доколку Исус Христос не умреше и воскреснеше во третиот ден залудна ќе беше нашата вера"но тоа не значи дека со тоа го потврдува вистинитоста на настанот,туку само си ја потврдува својата вера.

Од аспект на не-христијанин тоа е ирелевантно. Дури и да имало човек кој умрел на крст тебе, ако не си христијанин тоа не ти значи нишо.
--- надополнето: 29 јули 2013 во 18:27 ---
Муслиманите веруваат дека Исус всушност не умрел на крстот,т.е.не бил ни распнат туку тоа бил Јуда,има некои тврдења дека Исус после распнувањето отишол во Индија итн.итн.Како и да е,Христијанството е ништо,празно множество без воскреснувањето на Исус.

Не. Повеќето изучувачи на исламот се согласуваат дека Исус бил распнат, но дека им се причинило дека Христос е мртов бидејќи неговото тело било бесмртно.
That they said (in boast), "We killed Christ Jesus the son of Mary, theMessenger of Allah";- but they killed him not, nor crucified him, but so it was made to appear to them, and those who differ therein are full of doubts, with no (certain) knowledge, but only conjecture to follow, for of a surety they killed him not:-
Nay, Allah raised him up unto Himself; and Allah is Exalted in Power, Wise;-

Не постои цврста поткрепа за таквото толкување.
 
[quote="Бичот Божји, post: 6021746, member:
--- надополнето: 29 јули 2013 во 18:22 ---

Од аспект на не-христијанин тоа е ирелевантно. Дури и да имало човек кој умрел на крст тебе, ако не си христијанин тоа не ти значи нишо.[/quote]

Тоа не е спорно дали имало,имало и тоа не бил само Исус,илјадници низ целото Римско Царство биле казнувани со тој метод,распнување на крст,како сега што е електричната столица.Нема ништо Божествено во распнувањето,туку пресвртот настанува во чинот Воскресение.За Воскресението дебатирале и теолози,и научници,и лаици за овие 2000 години.Тоа е тоа што му дава друга димензија на Исус.Христос,претставувајќи го како Божји Син,Бог кој може да воскресне од светот на мртвите.
 
Више идеме накај семантика. Муабетот е дека прашањето е поставено за да биде одговорено од аспект на христијанин.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom