Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
И мислам дека има уште еден факт кој се изостанува, тоа е дека Грците како народ се многу клети. Таков менталитет се и буквално не знам кој не го осетил тоа. Можда поради тоа што се добро организирани во угостителството па ретко кој имал проблем со бојлери и запален телевизор додека бил да се шета, се ингорира ова... Ги изземаме политичките причини тука и неутрално ако гледаме Грците се такви. Во Истанбул на пример во ресторан, те прашуваат од кај си, кажуваш од Македонија, типот почнува да се смее, зема столица, седнува до тебе и го интересира за Македонија почнува муабет, ти вика има многу Турци што живеат кај вас, те прашува за храна, дури и спремен е да те части пијачка. Не дека сите се вакви, да не се генерализира сега до бескрај, ама ако треба да се направи листа тогаш Грциве според мене ќе бидат последни на истата. Во Хрватска викаш од Македонија сум, тој ти вика јас сум Хрват од Босна и почињате буквално интересен муабет, како е кај вас, како е кај нас буквално „по нашки“. И тоа како понекогаш знае да игра улога околината во која се наоѓаш, на одмор обично сакаш се да ти оди како „подмачкано“. Во Грција се случувало да си под тензија, кога ќе те прашаат од кај си. Значи сега го елиминираме тој патриотизам што го збориме, буквално политичките и владините односи ги ставаме зад нас, но повторно мене лично не ми е сеедно кај сум. Можда бидејќи на Јадранско со други очи те гледаат. Се разбираш во два збора, имаш чуство како да си дома. Тие на пример традиционално добри односи помеѓу Македонија и Турција и земјите од Југославија посебно Хрватска играат улога како ќе си поминеш на летен одмор.


Искрено, не сакам келнерите да ми седат на маса, доволно е да ме прашаат од каде сум, ако биле/сакаат да одат да кажат/прашаат нешто и толку.
Што се однесува до Грците, и искуството мое лично, преку 50 подароци имам, купуваш едно нешто, ама уште нешто гратис ќе ти дадат, онака, од што знаат дека утре пак ќе дојдеш кај нив да купиш.

Никогаш, ама ниту еднаш, не сум била под ,,тензија,, да кажам од каде сум.
Кога работев во Грција, хотелот беше прескап и доаѓаа само Англичани, Холанѓани и Германци, за 2 месеци дојдоа само едно семејство Срби, едни Бугари и едни Полјаци.

Мојот газда ме претставуваше како Македонка, не само на туристите, туку и на сите негови пријатели - кои беа Грци, луѓето со кои излегував навечер беа 100% Грци, па дури и голем дел од туристите беа Грци.
Никој никогаш немаше проблем со моето потекло - или барем беа доволно културни да не го покажат тоа.

Немам ниту потреба, ниту желба, ниту па ми е важно колку Гркот мене ме сака, сум отишла на одмор за да се одморам, а не за да бистрам политика.
Еднаш одамна, во еден кафич, излезена бев со грчки пријатели, и еден проба да ме ,,буцка,,. Тие самите го заќутеа, јас немаше потреба ни еден збор да кажам.

Не зборувам дека сите имаат сјајни искуства, не знам, но како што сум била пречекана, угостена и почитувана како турист таму, ниту во Црна Гора, ниту во Бугарија не сум била, а посебно па не во Охрид.
 
Да е само он вака добро ќе да е. :pos:
Идеш на одмор за од дома да носиш грав, компир и шопска салата таму да правиш.
Па да му се сневиди цела година работиш за да не можеш една недела да уживаш како господин. Некои повеќе пари даваат за цигари, а на одмор носат јадење од дома. :tapp:
Нели им е срам да носат јадење? :confused:

Ти, претпоставувам, цела година работиш и после уживаш ко господин, така?
Што конкретно е срамното во тоа да си понесеш храна од дома? Кој како сака - така ќе си го помине одморот. На некој му е повкусно сам да готви, на друг - поисплатливо. Некои одат со деца, па сигурно дека ќе си донесат намирници од дома (наместо да трчаат по продавници барајќи соодветни алтернативи). Други одат на места кај што нема ресторани, некои пак едноставно не ја толерираат храната која се служи во другата земја. Демек, не можеш да уживаш ко господин ако сам си го готвиш јадењето? Дома кој ти го готви, батлерот или мајка ти?
 
туборг 250 во Охрид:pos:не претерувајте.
Иначе коа веќе викате дека цените се исти во ск,само ја ли сум што толку не ми смета цената него тоа што го добиваш.За вилата реално е луксузна и немате право да се жалите,дали била на санторини или охрид така се праи туризам и тоа е тоа што му треба на градот.
Еве за хамбургер,ја без проблем ќе дадам 130 бидејки толку е во скопје..Али да се прејадам со таа цена ко у седмица и убаво да е,а не 100 за лесковачки или 90 у пинк пантер и нит најаден нити е убаво.
--- надополнето: 28 јули 2013 во 18:14 ---
Ти, претпоставувам, цела година работиш и после уживаш ко господин, така?
Што конкретно е срамното во тоа да си понесеш храна од дома? Кој како сака - така ќе си го помине одморот. На некој му е повкусно сам да готви, на друг - поисплатливо. Некои одат со деца, па сигурно дека ќе си донесат намирници од дома (наместо да трчаат по продавници барајќи соодветни алтернативи). Други одат на места кај што нема ресторани, некои пак едноставно не ја толерираат храната која се служи во другата земја. Демек, не можеш да уживаш ко господин ако сам си го готвиш јадењето? Дома кој ти го готви, батлерот или мајка ти?

Македонски работа,ем во цела земја владее сиромаштија ама битно сите ко господа сакаат да идат.Сигорно луѓето од мерак не носат работи,носат тоа што нема таму и тоа што немаат пари да го купуваат.
 
leandra па не би рекол дека никој не ги сака ни во Грција, имаат растечки број на гласови да стигнеш од 4.500 гласови во 1996 до 20.000 во 2009 или пак 430.000 во 2012 воопшто не е за потценување. За 2-3 години уште којзнае колку ќе имаат



Не сум бил да пробам од храната баш во тренд ама ми личи дека повеќе местото е за да бидеш виден и фактички тоа го плаќаш а не дека на друго место нема исто така добра храна која плус е и поефтина, а убаво си кажа за вкусови не се расправа - ете јас имам пробано хамбургер во седмица и ич не ми се свиѓаше и тоа го имам напишано и одамна во темите за седмица (да не мислиш дека само сега намерно ти контрирам). И пак ќе кажам плаќате 130 денари за хамбургер во сендвичара во Аеродром на пример а кога ќе ви кажат 150-160 денари плескавица во ресторан до езеро во Охрид скапо ви е и затоа не чинело..
Викаш таксиметар и ок е тоа, ама и во Охрид имаш опција да се качиш во такси со таксиметар.. ако не сака да пушти таксиметар и да те вози според него не се качувај - едноставно е. Никој не ти ставил нож на грло имаш и друга опција.

Windfucker убаво објаснил на предходната страна, да беше темава кој има подобар/попрофесионален туризам и јас ќе гласав за грците ама дека биле попријателски настроени од охриѓани е смешно. Турците од околинава инаку се број 1 во гостопримство ако се прашувам јас од местата кај што сум бил, уште посебно ако знаат дека си од Македонија.

Дечко, строг центар на метропола.
Незнам како да ти објаснам.
Иди ти за што сакаш таму, дал да те видат дал зашо ти е вкусно, кафичот е на Плоштад Македонија. Несакам ни да замислам колкава кирија плаќа или колку за колку ја купил локацијата. За местото на кое се наоѓа и за она што го нуди, цените се топ.
И, реков, за вкусови не се дискутира, за мене лично Лесковачка во Аеродром спроти бисер (позади верото) е највкусна сендвичара во свет. Тебе може чичко Стоилко ти е, или некоја рупа у Здуње. Збориме за објективни критериуми, како гужва на пример.
По објективни критериуми, Седмица е ко ништо најдобра сендвичара во Земјава. 25 години традиција и 10 метра ред од отварање до затварање. Мислам дека МекДоналдс толку муштерии нема ебате..

И нема што мене да ми биде ОПЦИЈА да ме вози со таксиметар. Се слушаш ли бре човек?
Во Скопје не смее да ти се ДЕСИ да не пуштиш таксиметар. Неможе тоа да биде Опција.
Свашта бе..
 
Сезонава на Грчка граница имале запослено човек што штанцал ФИРОМ налепници..со бенифициран стаж и хиљаду евра плата..ипак криза е кај нив :icon_mrgr: (ме мрзи да ја скенирам налепницата,а и скенер додуша немам). Понижувачки у секој случај,нормален човек се осеќа како говедо што го пренесуваат за сточен пазар,па му ставаат минѓуша со ознака на увце.
Може ли да дознаам во колку саат стои на граница и на која граница? Ќе те земам со колата во Август и со свои очи ќе видиш дали лепат налепници или не, бива? Како мене никој не ми залепил или бира овој со плата од 1000 евра на кого лепи?
 
Во однос на гостопримство , Грците се подобри од Охриѓаните, но да напоменам дека не смее да се генерализира , зависи каде ќе налеташ . За цените искрено не би споредувал , сепак во Охрид можете да најдете многу поефтини места за јадење , а не да се седне во прв ресторан кој ќе се наиде . Во однос на приватноста јас ја преферирам Грција бидејќи таму никој не се замара со тебе и што правиш , за разлика од Охрид.
 
Има ли некој на форумов што лично му залепиле налепница? Не на вујко ми комшија, на пријател другар, на побратим братучедка, дали има воопшто некој кој е личен сведок дека баш него му залепиле налепница?
 
И нема што мене да ми биде ОПЦИЈА да ме вози со таксиметар. Се слушаш ли бре човек?
Во Скопје не смее да ти се ДЕСИ да не пуштиш таксиметар. Неможе тоа да биде Опција.
Свашта бе..

Како бе не смее барем 2 од 10 возења во Скопје ми се случило да не пушти таксиметар иако во колата има, лично мене не ми смета зошто во цената најчесто ми зимале исто како и со таксиметар ама ако толку ми смета би му рекол да пушти..
 
Ти, претпоставувам, цела година работиш и после уживаш ко господин, така?
Што е срамното во носење храна од дома? Кој како сака - така ќе си го помине одморот. На некој му е повкусно сам да готви, на друг - поисплатливо. Демек, не можеш да уживаш ко господин ако сам си го готвиш јадењето? Дома кој ти го готви, батлерот или мајка ти?
Цела година работам и да идам на одмор манџи да правам таму.
Одморот е за одмарање а не стани од сабајле направи ручек па оди на плажа, потоа врати се прави вечера.
Мајка ми ми прави, а овие една недела ли не можат да издржат без домашното јадење?
Ако гледаме така ајде сите со гајба патлиџани и ќеси пипер, грав и компир на одмор во Грција. Е ова го видов на граница што го носеа. До толку ли дојдоа за 100 ден ова да го носат по 300км?
 
ја се уште не можам да разберам зашто се правите патриоти, а сите трчате во грција? а па намногу од се ме нервира кога некој ќе пише Гејлада или Кај Педерите. демек еве ги мразам, а иде лето ги спрема куферите и фаќа јабана....ма дај.....
ај еве да не бидам оф и ја ќе речам дека подобри се во грција, а нема да гласам во анкетата.
барем знаеш дека си на море појден, а овие во охрид многу ги имаат кренато опашките и ужасно ме нервираат. езерото камен, мраз во поседниве години, а цените изгор, оган. исти цени и за јадење и за смештај како во црна гора....ма како не...обавезно ќе ви дојдам......
 
Како бе не смее барем 2 од 10 возења во Скопје ми се случило да не пушти таксиметар иако во колата има, лично мене не ми смета зошто во цената најчесто ми зимале исто како и со таксиметар ама ако толку ми смета би му рекол да пушти..
Треба да ти фали нешто за во Скопје да се качиш во такси и да му фрлиш над 150 ден кога автобус има на секои 5 мин и се побрзи од кола. :icon_mrgr:
 
Треба да ти фали нешто за во Скопје да се качиш во такси и да му фрлиш над 150 ден кога автобус има на секои 5 мин и се побрзи од кола. :icon_mrgr:


Неполни 2км и пешки ќе ги изодам ама некогаш итно ти треба брзо да стасаш некаде, а и нема баш за секаде директно линии :D него ајде ептен забегавме од темава, толку од мене тука си кажав што мислам
 
Очигледно е дека на анкетно прашање луѓево одговараат каде повеќе им се исплати да одат,а не кои се попријателски настроени.
И да се разбереме,Охрид е убав и многу поубав од разно разни Паралији,олимпик бич,сивири,полихроно,фурка и останати селендри на олимпискиот регион или халкидики,кои се полни со туристи секоја година и секоја година се исти,во ништо не вложуваат,зошто,зошто имаат море што Охрид го нема,а морето во Олимпик бич ко матен Вардар.
Охрид треба само да научи да биде пољубезен .
 
Очигледно е дека на анкетно прашање луѓево одговараат каде повеќе им се исплати да одат,а не кои се попријателски настроени.

Остави настрана лични убедувања, луѓето се доволни писмени да одговорат. Исто како Скопје 2014 анкетата што е, не дека не им се свиѓа против Драпаме се.

Ве молам, бидете реални и соочете се со суровата реалност, форумов помага во добар процент.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom