Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
Обично повеќето коментираат за цени по кафичи, дискотеки и однос на сопственици на хотели или соби...
Не смее да се заборават бисери од типот - асфалтирање улици во сезона, градилишта, пумпање цени на паркинзи, пазари, маркети, сељачки кафичи, дискотеки, концерти....Охрид нема туристички дух, ниту идеја каде тера со туризмов град-антиталент....да не зборам за очаен урбанизам, градење каде се стигне и разноразни „наколници“ во езерото наречени плажи.....
За гасење бојлер, светло и слични средновековни примитивизми не ми се ни коментира....ако уште ја тераат така, масовно харакири у езероно нека си напраат....
На крај краева, Охрид си го јаде стапот за тоа, имаат викендашки туризам претежно по станови и кој им е крив за тоа освен самите што дозволија урбана мафија да им го диктира правецот во кој ќе се развива градот....
Ѓупците друг пат ќе ги коментирам....ама Охрид тоне во очај, година за година, многу убедливо....
 
ОД УТРЕ ЌЕ СИ СЕ НАПЛАЌАТ И ПОГЛЕДОТ ДА ЗНАЈТЕ САМО ЗШ ТЕ ОЛКУ БЕЗОБРАЗНИ И ЈАЈТЕ САМО
ВИДИ СЛИКА
 
хахахаха одам јас кај банкана и го прашвам на еден таксист бате шо пари до Струга ? ми вика 400 денари , тој подолу 500 ми бараше и фино лепо си се јавив во Струшко такси и во сред сезона те вози за 250 денари а од мини маркет до парк плативме 180 денари .... шо тарифа имаат тамо не сваќам
А оваа случка, стојам со девојчето на горица 2 доле на улица, улетува такси

“Дечиња, за Охрид сте?“
-“Да, што пари?“
“150“
-“За 50 ќе не земеш?“
“Може.“

Он да си проба битно.
 
Али ок е, разбирам дека ти треба нешто за што ќе се фатиш и ќе си го оправдаш изборот за летување додека некој ти лепи налепници, ти краде таблици, ти држи предавања за историја додека ти го сече гирото, те нарекува скопјанец, а ти на сето тоа климаш потврдно со главата и со пола уста му потврдуваш пошто ““никој не може да ти каже тебе кај да си ги трошиш твоите пари ’’ и “не се замараш со политика дојден си на одмор’’.

Абе курајбер... Немам потреба, ниту пак причина да те лажам. Ниту ми лепеле налепница, ниту ми краделе таблица. Ниту пак за историја ми го тупеле.
Кога и да ме прашале, сум викал дека сум од Македонија. Не се глупи да не сфатат дека не сум од нивната, туку од нашата - штом зборам на англиски. Дури сме збореле и за обичаите, квалитетот на македонското и грчкото вино и тн... Зошто мислиш дека би барал оправдување за изборот? Демек, совеста не гриза што направиле подобар избор, па потсвесно сакаме да бараме оправдувања за изборот? :pos:

Од друга страна, во Охрид:
- Ме нарекувале „скопјаниште“;
- Ми наплаќале влез во верски објект:
- Во верски објект ги делат на „наши“ и „странци“ (за вторите има повисока цена);
- Сум бил дискриминиран од страна на полицијата, поради скопските таблици (единствен казнет за погрешно паркирање, додека сите останати со охридски таблици беа пропуштени);

Овие работи никаде на друго место не ми се случиле... И да, има еден куп случки (лични и од пријатели) кои навистина ме мрзи да ги пишувам. Ако почнам пак да пишувам голема паралела во однос на услугите (од тип на смештај, фрлање ѓубре, услови, тоалетна хартија, вода и тн.) - ќе биде тоа километарски пост.

Ама да, ние пошто си бараме оправдување за изборот, затоа ги „ругаме“ охриѓани... :pos:

Ах, да, за малку ќе заборавев да напоменам дека само во Охрид ми се има случено да проба таксист да не качи (мене и девојка ми) во кола во која веќе носеше уште тројца патници... :pos:
 
Ајде да споделам и јас свои искуства од двете места

Во Грција, кога одев со моите родители ми текнува на неколку интересни случки.

Се почнува од граница, каде се сеќавам дека татко ми го тераа со клуч да ја изгребе ознаката РМ на таблиците + гратис
огромна налепница ФИРОМ за на кола. Се чуствуваше многу понижено затоа што како стоки не тераа да гребеме таблици
и беше многу блиску да ја сврти колата и назад во Македонија. Продолживме бидејќи беше со мали деца, па несакаше да не тормози
и сакаше да не однесе на море. (ова влегува во гостопримството, а на тие што воопшто не им смета, би ги класифицирал како
безрбетници).

Еднаш додека бевме во продавница со пријатели (едниот зборува грчки), не извести дека вработените кога зборувале за нас не
адресирале како цигани.Од мал зборував англиски па еднаш на плажа топката ми отиде кај едно грчко семејство. Стигнав до нив и реков:
Can you please give me the ball ? .. Беа многу пријатни и насмеани и ме прашаа дали сум од Англија. Реков дека сум од Македонија.
Не се опишува гадењето кое им се појави на лицата. Многу awkward ситуација. :icon_mrgr:

На позитивна страна, моите се спријателија со едни грци кои семејно изнајмуваа апартмани. Неколку години по ред одевме таму и
често пати имавме заеднички ручек и разговори. Беа доста пријатни луѓе.

Во Охрид, кога бев со другари изнајмивме стан за 10 дена.
Газдарицата обожаваше речиси секојдневно да си доаѓа во контрола. Некаде 4-тиот ден дојде и рече дека и фалеле штипки и дека
сме и скршиле столче, и бараше да напуштиме или полиција ќе викнела. Штипки никогаш не користевме, а пластичното столче беше
скршено кога дојдовме. Навистина бевме коректни, а си имавме огромни проблеми иако успеавме да останеме 10 дена.
Засекогаш ќе ја паметам златната изјава: Деца, пичка ви матер ! ... :icon_mrgr:
Реалноста е дека и на двете места покрај позитивни имало и моменти кога направиле да се чуствувам многу непријатно, а тоа
во никој случај не смее да е така.
 
Другар, поголем душман од самите нас за нас нема, да се оправиме ние како држава ќе видиш како ќе сменат сите политика кон нас, државните интереси се променлива работа. Ако ние се оправиме како држава никој ништо нема да ни може.

Па како ќе се средиме внатрешно кога еве вие први започнувате со поделби и ги напаѓате сите Охриѓани ? Се работи за поединци и таму и тука може да најдеш некои што нечинат но не значи тоа дека треба да се генерализира, плус пак ќе кажам Грција има многу по долга туристичка традиција и искуство за разлика од Охрид. Сепак се мењаваат генерации и можеш одма да направиш разлика ако отидеш кај некој стари во Охрид или на пример кај некои помлади, пообразовани генерации кои знаат дека мора да понудат и квалитетна услуга ако сакаат пари. За Грците не би сакал дополнително да коментирам и да верувам во тоа дека ќе се “променат“ ако ние се средиме, историјата доволно си кажала со каков гнасен народ си имаме работа
 
Мени на македонски ќе има кога Македонците за промена и ќе седнат да ручаат во грчки ресторан или таверна, наместо да влечат одовде се, од пипер, сол и зејтин, па се до месо, кромид, патлиџан и краставици (под девизата "Нека пукнат бе, им идам на море, ама едно евро нема да им оставам за храна, мамицата нивна").


А затоа има јазици на земји од кои што скоро ич не идат туристи.На нив да не им го телепортираат оброкот до нивната земја па јадат од кај нив па затоа во менито го има нивниот јазик.Да не се лажеме ама причината зошто нема македонски јазик во мените сигурно не е зошто носиме храна од дома.
 
Али ок е, разбирам дека ти треба нешто за што ќе се фатиш и ќе си го оправдаш изборот за летување додека некој ти лепи налепници, ти краде таблици, ти држи предавања за историја додека ти го сече гирото, те нарекува скопјанец, а ти на сето тоа климаш потврдно со главата и со пола уста му потврдуваш пошто ““никој не може да ти каже тебе кај да си ги трошиш твоите пари ’’ и “не се замараш со политика дојден си на одмор’’.


Сигурна сум дека Пешевски, Никола Тодоров, Коце Трајановски, Влатко Ѓорчев и Силвана Бонева би се согласиле со тебе.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8510106402&id=9&prilog=0&setIzdanie=22051
Неизвесно е дали и петтоодделенците и осмоодделенците ќе ги добијат учебниците на 1 септември, со оглед на тоа дека само некои од нив се во фаза на печатење.
Министерот за образование и наука Никола Тодоров, кој е на годишен одмор во Грција, уверува дека до 23 август учебниците за сите основци ќе бидат дистрибуирани во училиштата.


koce-naslovna-vest-23-avgust-2011.jpg



http://www.zdravo.com.mk/povtorno-fenomenalna-naslovna-na-vest-silvana-boneva-kako-hali-beri/
петок 26 август, 2011
Силвана Бонева по бикини во Неа Пори! Уште една феноменална насловна страна на дневниот весник “Вест”. Изгледа скопскиот градоначалник Коце Трајановски ја отвори бикини сезоната за политичарите на ВМРО-ДПМНЕ по плажите кај нашиот јужен сосед.

И ова плус:
Ниту Грција, ниту Турција. Како Струга нема друга. Вакво соопштение со фотографии на електронската пошта на сите медиуми им испратија од прес-центарот на владејачката партија во Струга. Ја снимиле пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска која својот годишен одмор го минува во ова македонско летувалиште.

Мејлот од Струга е испратен истиот ден кога на насловната страна на ВЕСТ е министерот Никола Тодоров, како во гаќички за капење го освојува синиот Егејот на брегот кај Платамона. Неколку дена пред тоа беа објавувани фотографии и на други фунционери членови на ВМРО-ДПМНЕ кои годишните одмори ги минуваат кај јужниот сосед.

Интересно е тоа што, во соопшението, струшката партиска организација, меѓу редови ги критикува функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кој летуваат во Грција. Таму беа неколкумина пратеници и министри. Влатко Ѓорчев во Ханиоти, Пешевски во Полихроно. Тие му забележуваат и на премиерот Груевски, кој одмарал во Турција и не бил блиску до своите сограѓани и до секојдневните обврски, како што била нивната пратеничка Затуроска, па во мејлот препорачуваат дека за потемнување на тенот не е лоша ниту Струга.

Со темата, кој од македонските функционери летува кај нив се занимава и грчкиот весник Етнос. За нив било интересно дека во Грција својот годишен одмор го минува и градоначалникот на Центар, општината која е лидер на антиквизацијата и го зајакнува македосниот патриотизам градејќи му споменикот на Александар.
 
Па како ќе се средиме внатрешно кога еве вие први започнувате со поделби и ги напаѓате Охриѓани ? Се работи за поединци и таму и тука може да најдеш некои што нечинат но не значи тоа дека треба да се генерализира, плус пак ќе кажам Грција има многу по долга туристичка традиција и искуство за разлика од Охрид. Сепак се мењаваат генерации и можеш одма да направиш разлика ако отидеш кај некој стари во Охрид или на пример кај некои помлади, пообразовани генерации кои знаат дека мора да понудат и квалитетна услуга ако сакаат пари.

За Грците не би сакал да коментирам дека ќе се “променат“ ако ние се средиме, историјата доволно си кажала со каков гнасен народ си имаме работа
А каде виде ти друже дека ги напаѓаме охриѓани?:cautious: Се ова што ние го пишуваме го пишуваме со цел да тие го сфатат како конструктивна критика ама како што гледаме, повеќе се вреѓаат и веднаш се пали системот за самоодбрана. Како демек не знаеме ние дека во Скопје исто така има работи кои се крш? Па 43894329 теми има на подфорумов каде што ќе не видиш како критикуваме сегменти од градот кои се за критика. Нека престанат тие да дискриминираат прво. Види ги случаите со кревање коли, случката на Кејтенот, па и тоа што не прават на цел памет будали ние од другите градови.

Охрид како град со туризмот не знае кај тера. Или нека го направат туристички град за копиљаци со оглед на турбофолкераната која се форсира со постерите исполепени ама нека симнат тогаш цените, нели, или нека го направат туристички град за странци и повозрасни луѓе. Тогаш нека седат цените ама нека инвестираат во инфраструктура и да не ставаат фасонки што не работат, бродски подови и газдарица која ти пререкува за бојлерот.
 
Обично повеќето коментираат за цени по кафичи, дискотеки и однос на сопственици на хотели или соби...
Не смее да се заборават бисери од типот - асфалтирање улици во сезона, градилишта, пумпање цени на паркинзи, пазари, маркети, сељачки кафичи, дискотеки, концерти....Охрид нема туристички дух, ниту идеја каде тера со туризмов град-антиталент....да не зборам за очаен урбанизам, градење каде се стигне и разноразни „наколници“ во езерото наречени плажи.....
За гасење бојлер, светло и слични средновековни примитивизми не ми се ни коментира....ако уште ја тераат така, масовно харакири у езероно нека си напраат....
На крај краева, Охрид си го јаде стапот за тоа, имаат викендашки туризам претежно по станови и кој им е крив за тоа освен самите што дозволија урбана мафија да им го диктира правецот во кој ќе се развива градот....
Ѓупците друг пат ќе ги коментирам....ама Охрид тоне во очај, година за година, многу убедливо....

Арно ти текна за асфалтирањето. Не дека тоа го прави Улици и патишта, но дека добива амин од Охридскиот градоначалник да го прави ВО СЕЗОНА.
И да... глеам мешате народни непријатели. Аман бе, толку ли ве има заслепено националната мржња? Некој погоре спомна за вадење налепници, таблички, попување додека ти сече гиро те нарекува скопјанец.
Интересно е што и во охрид го добиваш сличниот третман. Барем за последниот пример сум сигурен. Можеби не директно да те нарече, но кога ќе види од каде доаѓаш можно е да ти ја „кревет“ колата.
 
Во Охрид одамна не сум бил на класичен одмор ниту планирам во скоро време да одам. Се што е изнесено на темава за Охрид е точно. Ако зборуваме за туризмот и начинот на кој угостителите го водат, тогаш јасно е оти Охриѓани се изгубени во свемирот. Но потоа на сцена настапува она напето познато балканско. Да се вреѓаат луѓето. Јас лично познавам доста луѓе од Охрид и за нив имам високо мислење и не сакам да ги нарекувам со погрдни зборови и да ги навредувам, бидејќи луѓето се луѓе генерализациите не држат вода. Тоа што очигледно фалат макар да се и едукации по водење на угостителски објекти, дали хотели, апартмани или ресторани е ствар која мора да се менува за да се има напредок во туризмот. Цените се трета работа во приказнава и тие кога би се споредувале со Грција подобро е одма да престане дискусијата бидејќи, во Охрид не вреди за тие пари тоа што се нуди. Бар не за класичен одмор. За мене лично Охрид на еден викенд и тоа е, има добри кафиќи, по некоја прошетка, класичен одмор од мал не сум терал и нема да терам таму. Што да се прави ги имаме оние 70 км што излегуваат на Охридско и тоа е.
Грција е сосема друга приказна. Со Охрид не знам зошто воопшто се споредува. Прво летување на море и на езеро во кое е истребена пастрмката, која беше и главен адут повеќе да се оди во Охрид на летување е смешно. Грција како туристичка дестинација во светски рамки е надалеку прочуена. Ние за среќа сме близу па ретко кој не бил таму. Има мал милион комбинации за летување и секој може по својот џеб да си најде добра понуда. Тоа е факт. Гледајќи го нашиот стандард очигледно е дека Грција со цените е сосема океј место за проаѓање на летен одмор. Да споредуваш повеќе од 1000 км песочни плажи со излез на три мориња, со оние 5 плажи во Охрид е смешно. Уште повеќе па за ноќен живот, фамилијарна посетам, итн... Охрид и Грција од секој аспект неспоредливо и за мали деца.
Меѓутоа, притисокот е се поголем од нивна страна кон нашиот народ и постоење, можда ретко кој имал проблем таму, ама фактите се дека оваа земја е закочена од нивното постоење кое се коси со нашето постоење и за жал се додека постои овој народ, на владино ниво ситуацијата е пред ескалација. Патриотизмот е едно, туризмот е друго, меѓутоа јас лично парите би ги трошел во Црна Гора или Хрватска.
Иако нема место за тоа во оваа тема, Хрватска би бил мојот избор, само што цената е лудо висока, инаку не би се мислел поради тоа што на Хрватите можеш на свој јазик или на хрватски да им се обраќаш како на брат. Не дека ми се битни церемониите меѓутоа, Хрватска и Грција би ја бирал првата опција. Да не правиме споредба. Политките не уништија, инаку јадранот останува број еден дестинација.
Мене лично ми е битно опкружувањето, во Црна Гора или во Хрватска е човек да се осеќа како да седи во Скопје во некое кафуле. Едноставно Хрватите посебно Далматинците и Црногорците се толку љубезен и сдречен народ што кога ќе кажеш од каде доаѓаш, пријатно ќе ти се насмеат. Не дека сум имал проблеми во Грција, меѓутоа сега како што стојат работите, од нервоза би одел на јадран. Оваа година сигурно не, здравје следната.
 
Дали некој видел мени од грчки хотел ?????или само се парталите со тоа колку пари било гирото дека било 2 евра
 
А каде виде ти друже дека ги напаѓаме охриѓани?:cautious: Се ова што ние го пишуваме го пишуваме со цел да тие го сфатат како конструктивна критика ама како што гледаме, повеќе се вреѓаат и веднаш се пали системот за самоодбрана. Како демек не знаеме ние дека во Скопје исто така има работи кои се крш? Па 43894329 теми има на подфорумов каде што ќе не видиш како критикуваме сегменти од градот кои се за критика. Нека престанат тие да дискриминираат прво. Види ги случаите со кревање коли, случката на Кејтенот, па и тоа што не прават на цел памет будали ние од другите градови.

Охрид како град со туризмот не знае кај тера. Или нека го направат туристички град за копиљаци со оглед на турбофолкераната која се форсира со постерите исполепени ама нека симнат тогаш цените, нели, или нека го направат туристички град за странци и повозрасни луѓе. Тогаш нека седат цените ама нека инвестираат во инфраструктура и да не ставаат фасонки што не работат, бродски подови и газдарица која ти пререкува за бојлерот.


Па ги нарече дегени само затоа што ви вратиле чисто со споредба на цени во бетон природа во кафе тренд, оваа кока кола од 90 денари сигурно е позлатена или 110 денари скопско пиво :tapp: хамбургер ако не се лажам 130 денари во седмица, факинг 130 денари (не сум сигурен така имам слушнато) па во Велес за тие пари скоро 3 хамбургера ќе купам.. секоја споредба со Охрид паѓа во вода кога знаеш таму имаш езеро, имаш природа, туристичко место е а што има во Скопје на пример ? За таксито нормално дека ќе пробаат да нечекаат некој наивни туристи па да земат екстра пари (сиромаштија - сепак таксисти се во прашање) кои и во Скопје за неполни 2км ми земаат 100тина денари а реално цената не треба да биде повеќе од 40-50 денари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom