КОНСТАНТИН КАЈШАРОВ, МАГИСТАР ПО КИНЕЗИТЕРАПИЈА
Исцелител со дарба од Бога
Константин Кајшаров-Тино е најновиот исцелител, кој неодамна отвори и свој центар за кинезитерапија во Скопје. Во центарот „Константин“ се применува комбинација од работа со традиционална медицина и комбинирани техники од Истокот. Кајшаров лекува со таканаречена енерготерапија, односно канализирање на енергија кон некој што има потреба од тоа. Уште како мало дете ја чувствувал таа енергија и сакал да им помага на луѓето, па затоа завршил студии по кинезитерапија во Русе, Бугарија.
За него болеста претставува минлива состојба предизвикана од кармичкиот долг на заболениот, искушение да се види колку сме созреале и што сме научиле во животот, но и предупредување дека начинот на кој сме живееле не бил правилен, па затоа треба да го промениме. Третманите на неговите пациенти се состојат во одредување на дијагнозата, разговор за потеклото на болеста и изградување свесност кај пациентот за насочување кон правилен колосек за контрола над својот живот.
- Луѓето ги лекувам на духовно ниво со енергија, со масажа и лекување со светлина. Практикувам индиска, тибетанска, туина, масажа со кристали и медна масажа. Терапијата со енергија е сличен начин на методот „прана“, со таа разлика што јас никаде не се обучував за ова, туку постапката доаѓа сама од себе. Тоа вклучува чистење на негативните емоции со соодветно раздвојување на петте елементи и повикување на светата цел на таа личност, односно исполнување на Божјата волја, која треба да биде во животот на тој конкретен човек - вели магистар Кајшаров.
Досега има излекувано многу луѓе кои доаѓаат кај него од целата земја. Лекувал речиси се, од рак на дојка до психички проблеми кај пациентите. Верувале или не, тој успеал да излечи мозочен удар со тешка парализа само со 6 терапии, рак на дојка со 5 терапии, ублажена епилепсија со 3 терапии и уште многу други болести.
Една од неговите пациентки Нада Чукурова од Штип, која боледувала од рак на дојка,
за третманите вели:
- Се случуваше на моменти да се изгубам, да се чувствувам како да паѓам, пропаѓам, а всушност бев на нозе и ја извршувавме терапијата. Потоа мислев дека ќе полетам, осетив подобрување уште по првата терапија. По пет третмани кај Тино, отидов во Штип кај мојата докторка, која се вчудовиде откога ме прегледа бидејќи згрутчувањата во мојата града беа потполно исушени.
Кушев Лазе од Кавадарци, пак, ќе рече:
- Не гледаш ништо, но чувствуваш некаква енергија, како некој да те турка напред во
животот. По третманот имаш енергија да направиш се, како 100 луѓе да влегле во тебе.
Чудо или не, исцелител или народно кажано човек со дарба од бога, Кајшаров за својата работа скромно ќе рече:
- Јас сум само проводник на таа енергија, која доаѓа од Бог. Значи, јас не сум исцелителот, Бог е оној што исцелува. Тоа е најдоброто објаснување за тоа како јас работам.