Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Го гледав првото полувреме само за жал...инаку Пелистер беше далеку далеку подобар,ренова до гол не стигна имавме ние 3/4 полу шанси одлични додавања и цврста одбрана..најдобар според мене беше Христов татарчето,зверка небаре Гатузо го гледам и плус има и осет за додавање,чаки бавен пребавен,жуниор солиден ептен ме бендиса то и го очекував брз дрибла само му треба уште еден играч салам за да има со кој да игра фудбал,а шо се деси второто не знам,судијата цело време ја кочеше играта многу фаули и тензија уште првото полувреме имаше.Нема место за паника,ке имаме овие дена уште едно странско име во клубот на проба ке е,офанизевен играч крило,па како ке се покажи ке видиме.
 
More zvezda se praj mene mi se cini inaku nasite bajagi bea letnati vo oblaci evropa ova ona jaki sme najdobra odbrana na kraj 2-0 se nadevam deka ke ja naucat lekcijata i nema vaka da nastapat i so euromilk i brzo ke se svestat deka treba igranje i trcanje borenje za klubot a ne da cekaat taka nekoj da mu daj pobeda poradi iminjata na igracite i novata atmosvera so e vo gradot i klubot

Ќе видиме...
Не вервам јас дека се толку слаби нашите а и пријателските натпревари се за да се пробат тактиките на тренерите.
Да играме првенствена со Ренова , сигурен сум дека ние ќе ги добиеме нив со 2-0.
Ги неам гледано во живо нашите .
Едвај чекам да играт Битола , да одам да ги гледам.
Од ко ќе ги видиме , ќе видиме кој е реалниот потенцијал на овај тим и каква е атмосферата
помеѓу играчите.
Мене повеќе ме загрижват некој муабети шо ги слушам овие дена околу потпишувањето на договорот.
Не мириса на арно работата , ама ај не се за тука тие муабети.
Како проколнати сме упм...
Никако да се наредат коцките како треба , се нешто во последен момент ја расипва работата. :mad:
 
Абе последна шанса му е ова на то глумчето и ќе види како ќе му се деси бура во август пред општина !!!
 
Vo slucajov ne ste vie krivi takvi strukturi birate da ve vodat za zal... i toa ne e samo kaj vas i kaj nas e istoto
 
Пашовски, Китановски, Драгарски, М. Степановски, К. Степановски, Христов, Мојсов, Елмазовски, Миленковски, Жуниор, Марковски

Овај е тимот шо го форсира цело време и нмајверојатно тој ќе ја носи играта првата полусезона, незнам како му иди формација точно 4-3-3 или 4-2-3-1 со чаки најистурен а овај бразилецот поназад, бабата најверојатно десно странично а фиката по лево. Едвај чекам да видам сам да се уверам во квалитетите, само шо ете четврток со Победа не е противник по мерка. Мило ми е шо погоре слушам за бугаров дека бил борец и се надевам ќе успеј да се носи како шо треба.Голманот искусен, поарна одбрана нема никој во лигата, Мојсов исто искусен..е сега со овие страничните фиката млад е можи да игра до лани не му се даваше шанса а за бабата ако е спремен како лани не можи баш да е најдобар се надевам се има спремено. Најмногу шо ме плаши е тој класичен шпиц, знајме сите дека не е баш најкадарен чаки да дава голој исто така не знајме и мацата како е спремен и ако се врати во таја форма кај нас последно како шо играше дефинитвно заслужва да биди стартер. Бразилецот слушам дека бил екстра засилување. Се зависи и од други фактори и да се надеваме на добар старт!!
 
Кире во последно е многу слаб јас мислам дека можи да му се дај шанса на Лескароски . Менде , Драгаро Китано и лескаро во одбраната најпоќе мислам дека та одбрана е и најдобра .
 
Кире во последно е многу слаб јас мислам дека можи да му се дај шанса на Лескароски . Менде , Драгаро Китано и лескаро во одбраната најпоќе мислам дека та одбрана е и најдобра .

3ца стопери имаш во формацијата,поарно Томе да се префрли лево,а Бабата да го вратат назад,нека клат некој младинец ко десно крило да игра,ваљда ова Мирчевски можи да игра таму.
 
3ца стопери имаш во формацијата,поарно Томе да се префрли лево,а Бабата да го вратат назад,нека клат некој младинец ко десно крило да игра,ваљда ова Мирчевски можи да игра таму.

Кире е лев бек и ако се спреми можи да биди добар, а со лескаро имаме 3 штопери така да драгарот и менде ми се чини се посолидни а имаме и добра замена за било кој од нив со лескаро.Томе десен бек.
Арна е вака формацијата шо велиш само можи да се сменат томе понапред а бабата поназад, најдобрите парти на бабата како десен бек му беа порано.
Кире во последно е многу слаб јас мислам дека можи да му се дај шанса на Лескароски . Менде , Драгаро Китано и лескаро во одбраната најпоќе мислам дека та одбрана е и најдобра .
 
Абе последна шанса му е ова на то глумчето и ќе види како ќе му се деси бура во август пред општина !!!

Која општина кој црни камења?!?!Нема ни кој да потегни конци ни ништо..Не е ова дивото време на ЉуБчо во 2000-та година,шо сакаш да прајш...за жал..,друго е денес;).Исто гледам многумина пишат и се надеват за стадионот :tapp:.По мое,ќе почни мал дел да се гради 3 месеци пред да му истечи овај мандат,сигурен сум дека така ќе биди...И то шо прочитав дека имало некој неспоразуми со потпишуавњето на договорот со спонзорот а не биле за во јавност ме плаши,да не си еби се мајката уште непочнато првенството...
 
Абе ми е гајле мене и љубчо и за сите,протест беше спреман пред некоја година,ама се одкажа заради ,,непознати‘‘ причини,зато велам сега е последно,тој малио излезе ветуваше,трет мандат му е и самиот знај дека мора да напрај нешто,ако не се знај шо ќе следва оти на сите му е скурчено веќе ;)
 
Нема место за паника,ке имаме овие дена уште едно странско име во клубот на проба ке е,офанизевен играч крило,па како ке се покажи ке видиме.

Шо се деси со то крилото шо го спомна , дојде во БТ ?
 
Шо се деси со то крилото шо го спомна , дојде во БТ ?

Менаџерот негов сакал да ни го продаде без проба а нашите го побарале прво да го видат па утре ако дојди против Победа(или недела против Македонија.ѓ.П.) ќе го видат ако чини ќе се зема ако не здравје тоа е тоа денс или утре потпишва мацата и ќе се заврши со засилувањата
--- надополнето: 24 јули 2013 во 15:05 ---
ps.инаку утре најверојатно ќе играме со вотриот состав како против Новаци а Недлеа со првиот тим против Македонија.Ѓ.П. на генералната проба ..
 
ФК.Пелистер Битола
Фк.Пелистер - Фк.Победа

Утре(Четврток) е првиот натпревар пред домашна публика нашиот Пелистер ќе старува со најсилниот состав !

Направена промена на терминот за почетокот на натпреварот ќе биде од 18 часот !

Во оваа прилика исто така сакаме да ве информираме дека денес најдоцна утре договор ќе потпиши за нашиот клуб и Маријан Алтипармаковски-Мацата

Во Недела ќе следува и генералната проба пред почетокот на превнството исто така на домашен терен на стадионот под Тумбе кафе натпревар со Македонија .Ѓ.П.

Секој натпревар под Тумбе кафе ќе биде спектакл

ДЕНОВИВЕ НА МНОГУ НОВИНИ ВО ФУДБАЛСКА БИТОЛА. И НА ТЕРЕНОТ И НАДВОР ОД НЕГО ПЕЛИСТЕР ПОДГОТВУВА ИЗНЕНАДУВАЊА
​
Деновиве во Битола се кова маркетинг стратегијата за новата натпреварувачка сезона. Се додека единствениот акционер на стадионот под Тумбе кафе - Општина Битола не повлече конкретен потег околу реновирање на целиот објект или само на помалата трибина, спортската структура не може многу да вложува во подобрување на условите. Но деновиве интензивно се работи на „шминкање„ на стадионот, на чистење на секој простор корисна тревнета површина, која може рационално да биде искористена. Така од 4 август се најавува дека секој меч во Битола ќе биде спектакл. Како никогаш до сега гледачите на стадионот ќе можат да купат пиво, сок, вода и останати освежителни пијалоци од официјалните шанкови на клубот и клубските спонзори. Со ова се отвора нова страница во размислувањата околу менаџирањето со еден професионален клуб. Нешто што насекаде во светот е одамна секојдневие, а кај нас уште е табу-тема.

​
Илче Петровски нов играч на Кастриоти
Довчерашниот голман на Пелистер, Илче Петровски од вчера е нов член на албанскиот прволигаш Кастриоти, со кого потпиша договор до крајот на сезоната. Ова е втор албански предизвик на 24 годишниот чувар на мрежата кој во Македонија во два наврати настапуваше за Пелистер, а шест месеци го носеше и дресот на Брегалница од Штип.

​
Гоновски потпиша за 11 Октомври
Голманот кој е изданок од школата на Пелистер а не доби шанса во првата екипа на битолскиот клуб, Никола Гоновски во новата сезона ќе го брани голот на прилепскиот второлигаш 11 Октомври. Тој се договори со првите луѓе на овој клуб и најмалку една сезона ќе игра за еден од двата прилепски второлигаши.

​
Шалевски интересен за неколку прволигаши и второлигаши
Искусниот 27 годишен централен дефанзивец Зоран Шалевски деновиве инвидуално тренира во Битола и наскоро очекува да го официјализира својот нов клуб. За бившиот фудбалер на Пелистер, Силекс и во последната сезона второлигашот Корзо интерес покажаа неколку клубови од Првата и Втората лига и до крајот на оваа недела ќе биде познат неговиот нов клуб.

​
Мартин Кузманов на проба во Брондби
Младиот кадетски репрезентативец на Македонија, Мартин Кузманов деновиве е во Данска на проба во трофејниот дански клуб Брондби. Овој 16 годишен фудбалер заедно со Мартин Мирчевски кој е прекомандуван во сениорската екипа на Пелистер, веќе подолг период се на око на фудбалските скаути, на луѓето во и околу фудбалот, па понудата од Данска не изненадува. Во наредните неколку недели ќе се знае колку е сериозна можноста Кузманов кариерата да ја продолжи во Скандинавија.
 
Back
На врв Bottom