Скопско лето 2013

24. 07.
во 20,30 - Стара железничка концерт на Марина Коруновска - сопран
http://www.youtube.com/watch?v=WXEXHL0THG4
Утре 25. 07 во салонот на МОБ концерт на централниот Конзерваториум на Кина
За овој концерт, на вчерашната филмска проекција ми дадоа гратис две карти и ми рекоа - ако ми се потребни уште карти да се јавам и ќе ми дадат. Мене ми се потребни за ВАС
Тоа значи дека влезот е слободен за сите
Еве ги телефоните на Скопско лето,
316 50 64
322 23 41
и електронска адреса skleto@unet.com.mk
 
Вечерва концертот на Марина Коруновска не се одржа
Ми рекоа дека е одложен за 30. 07 на исто место и време
 
Вечерва концертот на централниот Конзерваториум на Кина започнува во 20,30 часот
Денес случајно сретнав двајца наши врвни Музичари и ги прашав дали вреди да се посети овој концерт.
Нивниот одговор беше да - вреди да се оди
Ете ова Ви го препорачувам и на Вас.
Како што знаете влезот не се плаќа
 
Денес 26. 07. нема програма на Скопско лето, но во 21,30 часот на Плоштад ќе има обележување на 50 - годишнината од Скопскиот земјотрес. А што ќе има на програмата погледнете
http://cooltura.mk/?p=34854&utm_sou...%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%88%d0%bd%d0%b8%d0%bd
Во паузата на синојќешниот концерт, ми препорачаа а ги посетам следниве изложби кои се во тек
Б - линии - современи цртежи од Берлин Германија- во галерискиот простор на НЛБ банка
Денови на македонската фотографија - Мала станица
Бисери на српската фотографија - Галерија Остен - кај Грација
Препорака ми ја даде Директорот Мирко и еве јас ја пренесувам до Вас
 
Вечерва концертот на централниот Конзерваториум на Кина започнува во 20,30 часот
Денес случајно сретнав двајца наши врвни Музичари и ги прашав дали вреди да се посети овој концерт.
Нивниот одговор беше да - вреди да се оди
Ете ова Ви го препорачувам и на Вас.
Како што знаете влезот не се плаќа



Колку само беше прекрасен и моќен концертот на централниот Конзерваториум на Кина. Уште сум полн со едно чудо импресии и позитивна енергија.
Смрт, фала за сите апдејти што ги правиш на темава. По тоа колку е посетена се прашувам дали не си трошиш време залудно. Јас барем те читам, не одам на се, ама те читам :).
 
Колку само беше прекрасен и моќен концертот на централниот Конзерваториум на Кина. Уште сум полн со едно чудо импресии и позитивна енергија.
Смрт, фала за сите апдејти што ги правиш на темава. По тоа колку е посетена се прашувам дали не си трошиш време залудно. Јас барем те читам, не одам на се, ама те читам :).

Задоволен сум од посетеноста на темава - околу 50 - 60 посети дневно. Тоа не е малку за тема од културата.
Јас Скопско лето го следам со години наназад. Некогаш е подобро - некогаш послабо - како која година. Оваа година, според мое мислење е послабо
Да се надеваме дека следната година ќе биде подобра програмата и ќе има поголема посетеност на оваа тема
 
30. 07
Во 21 часот, најавено е Jerusalem Folklore Ensamble, во централното градско подрачје
Се работи за студентски ансамбл формиран уште 1955
еве промоција на Youtube за нив
http://www.youtube.com/watch?v=XekjZmCWLjM
имаат и интернет страница
http://www.jfe.co.il/IndexENG.html

Мене ме буни како местото настапот ќе биде во „ централното градско подрачје “
изгледа ќе има на повеќе места, а можеби само на кеј
 
Исправка на претходниот пост
Настапот на Јerusalem Folklore Ensamble, веќе се одржал на 27. 07
Денес, во 21, 30, Стара железничка ќе има концерт на Марина Коруновска
Еве што прашав во Скопско лето:
Дали можете поточно да ме информирате на кои локации вечерва ќе се одржи настапот на Jerusalem Folklore Ensamble И второ прашање: Дали вечерва ќе се одржи концертот на Госпоѓа Марина Коруновска кој се одложи - кога и каде?
Еве што ми одговорија
концертот на Jerusalem Folklore Ensemble беше преместен на 27 јули, а вечерва во 20:30 часот кво Музеј на град Скопје, концерт ќе одржат
Марина Коруновска-сопран и Александра Јанковска Момировска-пијано.
 
31. 07. денес е последен ден на Скопско лето.
На програмата е концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Диригент е Саша Николовски Ѓумар. Почеток во 21 часот во Сули ан
Јас планирам да одам и на Вас Ви препорачувам да одите и така да се простиме од овогодишното Скопско лето
 
31. 07. денес е последен ден на Скопско лето.
На програмата е концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Диригент е Саша Николовски Ѓумар. Почеток во 21 часот во Сули ан
Јас планирам да одам и на Вас Ви препорачувам да одите и така да се простиме од овогодишното Скопско лето


Не е последен ден денес, на 20 август е финале - концерт од учесници од сите земји членки на ЕУ. И тоа под мостот на Вардар, кај плоштадот.

Мал офтопик: Одзивот е за жал слаб заради слабиот маркетинг на Скопско лето. Но има и друг битен фактор. Да се наплаќаа карти по 200-300 денара за секој концерт, тепачка ќе беше. Како тоа за мајски оперски вечери никогаш нема место, а карта поевтина од 600 денара не постои?!
 
Ете за заврши и ова Скопско лето
Уште го очекуваме концертот кој Plavooka го најави за 20. 08., но главната е програма е завршена и сега ни останува да кажеме догледање до Скопско лето 2014
Но еве јас уште ќе напишам кој настани ми оставија посебен впечаток
Тоа е пред се настапот на Оркестарот од Кина - но да кажеме дека овој концерт е вон конкуренција
И вчерашниот настап на Камерниот оркестар на Музичката младина беше одличен. Ми остави впечаток што изведува тешки дела, а тоа се многу млади музичари
Многу убав впечаток ми остави и концертот на Марина Коруновска - иако на програмата беа по лесни дел
Посебно изненадување беше концертот на Гостите од Словенија - Етно групата Маталаја. За тие што не го проследија, се работи за група од млади музичари која изведе сопствена музика на текст од познати поети. Ако и догодина дојдат не ги пропуштајте.
Ми се допаднаа и кратките филмови кои беа прикажани пред Универзална - штета што на таа локација не прикажуваат почесто филмови
Еве толку од мене, а сега да прочитаме и некој друг коментар.
 
И конечно, вечерва:

0BB7F23F9EC3054D96BC44AE1B225F8C.jpg
Концерт на 120 музичари од сите членки на ЕУ во МОБ
Младинскиот оркестар на Европската унија, вечерва (20 часот) ќе има концерт во Македонската опера и балет, под диригентство на Данецот Томас Сондергард.
Оркестарот го сочинуваат 120 музичари од сите 28 земји-членки на ЕУ, на возраст до 25 години, кои се избираат на аудиции во земјите-членки.
Извршниот директор на Оркестарот Маршал Маркус, на вчерашниот прес рече дека музичарите членуваат во овој оркестар додека студираат и кога стануваат професионални музичари, што е значаен, транзициски период во нивниот живот.
"Кога гостуваме, за нас е важно да донесеме музичка совршеност и да ја презентираме Европската унија, која е создадена за мир, а опиплива метафора за тоа се различните култури заедно на сцената", изјави Британецот Маркус.
Програмата ја сочинуваат концертниот валцер "Покана за танц" од германскиот композитор Карл Марија фон Вебер, суитата од "Приказна од западната страна" на американскиот композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн и балетот - бурлеска "Петрушка" од рускиот композитор Игор Стравински.
Концертот е дел манифестацијата "Скопје се сеќава" за одбележување на 50- годишнината од скопскиот земјотрес, а исто така, е ексклузивна содржина на годинашното Скопско лето, кое официјално заврши на 31 јули. (Б.Н )
Македонци в година на турнеја со Оркестарот
Директорот на Дирекцијата за култура и уметност Мирко Стефановски најави дека Младинскиот оркестар на ЕУ ќе почне партнерство со Скопско лето и со Музичката младина на Македонија. Станува збор за тригодишна програма 2013 - 2015, наречена "Проект Македонија", преку која, покрај голем број настани, млади македонски музичари идното лето ќе му се приклучат на Оркестарот на турнеја во нивната летна резиденција во Австрија. Планирано е следната година во август Оркестарот да има концерти на Охридско лето и на "Бит фест".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom