Вработување на „постари“ лица

  • Креатор на темата Креатор на темата gox25
  • Време на започнување Време на започнување
Не те прашав тоа, те прашав колку ти заработуваш месечно со се платени придонеси и пензиско.

Не плаќам придонеси и пензиско не работам за македонски фирми. Ми варира заработката од недела во недела но повеќе е од 250 евра со кои не би можел ни себе да се издржуваш, тоа сигурно веќе го знаеш.
 
Секој си го цени знаењето а и 500е е малку затоа што за таа работа во ЕУ даваат над 3000е. Зошто да работам за 200е нека си бараат друга будала. :icon_mrgr:
А и не знам зошто некои седат дома или работат за 150-200 е кога има добри опции за работа надвор од оваа пустелија и продадена држава. Гледам многу млади отидоа во Лондон да перат коли.

7500-13.000 максимум зборувам за во Штип тој Џонсон Контролс. Ги собраа сите деца од селата околу Пробиштип, Радовиш, Кочани и ги искористуваат, а оние искусните со Технолошки факултет не ги примаат затоа што ќе им бараат над 18.000.
За целодневно стоење во место на машина тие пари се малку!!!
Џабе одмараат во сабота кога од пон-петок се убиени од работа. Братми ги вози со автобус и вика абе како умрени се ми викаат застани на сред пат ние ќе си идеме преку нивите само за побрзо да стигнеме до дома.

И за тебе исто прашање? Колку заработуваш бруто и што работиш? Значи мислам со се платени придонеси за пензиско и здравствено.
А и тој брат ти што го вози тој автобусот да не заработува 500 евра месецот чисти случајно?
 
7500-13.000 максимум зборувам за во Штип тој Џонсон Контролс. Ги собраа сите деца од селата околу Пробиштип, Радовиш, Кочани и ги искористуваат, а оние искусните со Технолошки факултет не ги примаат затоа што ќе им бараат над 18.000.
За целодневно стоење во место на машина тие пари се малку!!!
Џабе одмараат во сабота кога од пон-петок се убиени од работа. Братми ги вози со автобус и вика абе како умрени се ми викаат застани на сред пат ние ќе си идеме преку нивите само за побрзо да стигнеме до дома.

За во фабриката во Бунарџик зборев, али ми имаат кажувано и за таа, по 9.000 денари им давале месечно, и ги терале да ринтаат како магариња... Али тоа е ги нашле луѓето таму на кои единствен излез им било да се вработат во фабриката и немаат друг избор, а они го искористуваат тоа ;)
Иначе во Франција за истото работно место како во Македонија во Џонсон, платата била 3.500 евра, затоа сеа кај нас почнаа фабрики да се отвараат, работиме за 15 пати помали плати од земјите во ЕУ, а ја вршиме истата работа, а згора на тоа и државата првите неколку години ги дава платите, така да тоа што ќе го заработат им е чист профит....

Отворете го компјутерот и фатете се за работа, работа има колку сакаш, цел свет ви е на дланка и пари има, бателете "фирми" што ви плаќаат 250 евра!

250, али и ти следува храна и превоз за тие пари, ајде да те видам најди го на интернет тоа, а тоа дека ако се преселиш, ништи не ти е сигурно, во цел свет е криза и невработеност, на земјите им е приоритет да ги вработат прво нејзините граѓани, а за странците поретко. А и со тоа заминување во странство, ќе ја изгубиме и државата ;)
--- надополнето: 25 јули 2013 во 00:51 ---
Не плаќам придонеси и пензиско не работам за македонски фирми. Ми варира заработката од недела во недела но повеќе е од 250 евра со кои не би можел ни себе да се издржуваш, тоа сигурно веќе го знаеш.

Да знаеш колку фамилии има во Македонија, кои со 5-6 илјади денари издржуваат петчлени фамилии, ехее
 
Не плаќам придонеси и пензиско не работам за македонски фирми. Ми варира заработката од недела во недела но повеќе е од 250 евра со кои не би можел ни себе да се издржуваш, тоа сигурно веќе го знаеш.

А ти планираш вечно млад да бидиш, еден ден стаж да немаш .
Сигурно си помислил дека еден ден треба да заминиш во пензија нели, или не планираш?
Ајде кога ке станиш полнолетен и кога твоите нема да те ранат повеќе, кога ке оформиш фамилија врати се на темата, ке продискутираме како возрасни, вака муабетот логика нема.
Со тие 250 еве и 50 од мене нека се, значи 300 евра кога ке си платиш се како што треба ке ти останат некаде 12000 денари и тоа пази да плаќаш на најниска ставка осигурање.Значи за да ти биде појасно, кога ке дојдеш до пензија ке земеш колку за гулабите во паркот да ги раниш.
 
jas mislam deka ve zaebava vo zdrav mozok se javi covekot i go nema nikade a vie pisuvate li pisuvate mlatite prazna slama ...samo napred
 
250, али и ти следува храна и превоз за тие пари, ајде да те видам најди го на интернет тоа, а тоа дека ако се преселиш, ништи не ти е сигурно, во цел свет е криза и невработеност, на земјите им е приоритет да ги вработат прво нејзините граѓани, а за странците поретко. А и со тоа заминување во странство, ќе ја изгубиме и државата ;)
Каква црна храна, каков црн превоз, каква црна криза, пуни се со пари, само нас не лажат дека немало! Знаеш ли колку многу таа фирма што ти дава по 250 евра заработува на твој грб?
На нет можеш за три дена толку да заработиш :facepalm:
Стравот у коски ти го всадуваат и после те лажат и искористуваат цел живот. Освести се!
--- надополнето: 25 јули 2013 во 01:00 ---
А ти планираш вечно млад да бидиш, еден ден стаж да немаш .
Сигурно си помислил дека еден ден треба да заминиш во пензија нели, или не планираш?
Ајде кога ке станиш полнолетен и кога твоите нема да те ранат повеќе, кога ке оформиш фамилија врати се на темата, ке продискутираме како возрасни, вака муабетот логика нема.
Со тие 250 еве и 50 од мене нека се, значи 300 евра кога ке си платиш се како што треба ке ти останат некаде 12000 денари и тоа пази да плаќаш на најниска ставка осигурање.Значи за да ти биде појасно, кога ке дојдеш до пензија ке земеш колку за гулабите во паркот да ги раниш.

Што ако еве можеш да заработиш по 3000 долари месечно? Ќе можеш ли да чуваш фамилија? Ќе можеш ли без пензија? Има работи што можеш на 70 години да ги работиш? Кој од фирмиве ти гарантира сигурност и доживотна работа и пензија? Може утре да се распаднат? Може. Да не сакаш примери?
 
Што ако еве можеш да заработиш по 3000 долари месечно? Ќе можеш ли да чуваш фамилија? Ќе можеш ли без пензија?

Незнам пробај.
Јас само една песна ке ти оставам да ја преслушаш, па сам извлечи заклучок.
 
Тоа децата твои да ги учиш ;) плаши ги од мали за да кога ќе пораснат бидат исплашени!
 
А ти планираш вечно млад да бидиш, еден ден стаж да немаш .
Сигурно си помислил дека еден ден треба да заминиш во пензија нели, или не планираш?

ако планираш до 100 да живееш ... ама тоа не можеш да планираш ... како што се размислува да се крева границата за пензионирање би можело да стане небитно тоа ...
 
Најтрагично би било да рмбаш 30 години за некој и да умреш на 50 од срцев удар :(
 
Ајде сите по ред да напишеме колку земаме :pipi:
1200 e програмер
А брат ми 250е и плус ако има некои патници после работно време доаѓа до 400е.

Бравос за тебе, само не кажа во фирма или онака за свој кеф. Плаќаш даноци или нема потреба.
И оти брат ти не оди да вози на запад. Знаеш таму колку зема еден шофер на автобус. Ѓаол и пол споредено со тука.
Демек овие за греота скапани за 250 евра, а брат ти мажот окапан по цел ден на волан, земал исто така 250 и ужива, а ако останел прекувремено ( кое само еден господ знае дали му се платени придонеси за него како прекувремено или онака парите во џеб) стигал до 400е. Тоа што неговото прекувремено значи од јутра до сутра е небитно. Ако тука додадеме крадење на нафта ехеее кај му е крајот. Како бубрег во лој што би рекле.
--- надополнето: 25 јули 2013 во 01:29 ---
ако планираш до 100 да живееш ... ама тоа не можеш да планираш ... како што се размислува да се крева границата за пензионирање би можело да стане небитно тоа ...

Велиш небитно а ?
Е ај така нека биди, е арно ама што ако ете доживееш до пензија ( па макар и на 100 год). Тогаш што правиме? Ке земиш ке работиш нешто така по дома колку за џепарлак?
--- надополнето: 25 јули 2013 во 01:32 ---
Најтрагично би било да рмбаш 30 години за некој и да умреш на 50 од срцев удар :(

Абе ти можиш и за себе да рмбаш, па пак да скиниш конци предвреме. Тоа не е е никаков изговор.
 
Велиш небитно а ?
Е ај така нека биди, е арно ама што ако ете доживееш до пензија ( па макар и на 100 год). Тогаш што правиме? Ке земиш ке работиш нешто така по дома колку за џепарлак?

реков би можело да е небитно ... хипотетички, инаку се согласувам со тебе, ама ... дали сакаш повеќе да земаш 1200 еур без пензиско или 500 еур осигуран?
 
http://kajgana.com/imaat-po-100-godini-sè-ushte-rabotat

Никад не ми била јасна причината оти трескаш глупости, со сила се правиш или навистина си таков?

Дури не умрат газ им стопанкин има да работат за корпорации како Мекдоналдс и Волмарт :icon_lol:.

А зошто ти мислиш дека не е така? Моментално се спроведува деиндустријализација на западов кај што сме и ние. Колку фабрики ги пропаднаа плански во Македонија? Е тоа во Германија не го прават затоа што им требаат како поддршка за агендата па затоа ги селат фабриките по Кина, Индија, Бразил итн....
 
И како ќе пропадне економијата на Германија?
 
Плански :icon_lol:, како има пропаднато Детроит во Америка шо ти одговорија? Исто и таму Волксваген, Мерцедес и Беемве ќе ги преселат фабриките во Кина и со нив сите пропратни дејности и шо остана од Германија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom