Ах, Кавос, моја љубав. Вака сега. На Кавос ја видов најубавата реклама на дуќан на која пишуваше Life's a Beach. Full English breakfast во 3 попладне, и денот започнува. Дуќаните на Кавос изгледаат вака на попис: ноќен клуб, ноќен клуб, ноќен клуб, амбуланта, ресторанче, ноќен клуб, ноќен клуб, амбуланта,ноќен клуб, амбуланта, продавниче. На плажа преку ден скоро и да нема луѓе, а и самата плажа не е ништо посебно. Со паѓањето на мракот започнува вистинскиот дух на Кавос. Популација: 90% Енглези, 5% екс ју, 3% Грци, 2% останато. Возрасна група: Во главно 16-26 години. Музика: Моментални хитови (Ријана, Мијана, Бијонсе) ама во хаус верзија. Хит пијалок: Head fucker со 9 вида алкохоли вклучувајќи сосе Апсинт, ако ги имаш топките. Јас ги имав.
Ролинг стоун е може единственото место каде што нема рупци дупци него комерцијален рок од типот на Оејзис, Офспринг, Грин Деј и слично.
Има некој тренд и кај машките и кај женските да се облечени исто. Пример девојките една вечер друштво од 5-6 жени се стјуардеси, наредната вечер се медицински сестри, понаредната се хавајки, нормално во секси-ороспи издање. Машките се еден ден балерини, друг ден морнари, трет ден во фудбалски дресови. Атмосфера: Тотално полудилно и породилно. Апсолутно скренување. Алкохол се служи во пластични чаши, на Кавос стаклени чаши не постојат. Во секој ноќен клуб има шипки за играње и има турканица кој да се качува на шипка. Во локалите покрај плажа се палат огнови и се денса околу нив и тоа изгледа фантастично. Нема нешто трезно и неиздрогирано, никоја не е намќорка и некомуникативна. Освен екс ју. Тие секоја вечер имаат журка во различен локал со српски песни, и на одмор се исто така дигнати како и не на одмор, не се мешаат со енглезите нити пак енглезите им идат на нивните журки со непозната музика. Дури и на одмор се држат строго до балканизмот. Енглезкињи има секакви и далку од тоа дека се ружни, какви само љепотици имаше таму. После 10 почнува да врие а некаде 1-2 кулминира во Баз во Ролинг Стоун и во Атлантик на плажа со огновите. Полиција проаѓа низ улица секаде музика се гаси за после откога ќе помине пак се уклучува. Ако заглавите со кола на главната улица чуј асфалт лепи од алкохол и повраќаници енглезите дефинитивно ќе те забарикадираат, ќе ти се качуваат на хауба и слично. Во гратчето има 12-13 амбуланти отворени 24/7 кои се стално полни со пациенти од овердозирање или тепање. Тепачки има на секои 2-3 минути. Енглезите се синоним за класично дивјаштво, ги грабаат жените како стока. Кавос е 100% скренато. Ќе видите работи кои нема у Београду како женски на чии цицки едвај сокриени со крпче пишува-Sheep shagger или маички со натпис Fuck me in the ass, пијан Велшанец (кој ќе те тепа ако му кажеш дека е Енглез) со прсти на рака во лонгета кој објаснува дека се степале со другар му од чиста мира онака другарски, а денес и двајцата помодрени пијат. И нашинки имаше таму, убаво се вклопија во целата таа атмосфера, да не биде после дека измислувам работи во постовите. Кавос не е за секого. Кавос не е за тешкото мнозинство Македонци од било кој пол и возраст. Кавос е екстремно вадење на животинското во себе, пркосење на секаков ред и поредок, и драконско кинење на синџирите што ги делигира хиерархијата, модерните времиња, јудицијата и цивилизираноста и навраќањето на основниот анмализам нарочито документиран во Вавилон или Стар Рим. Од Кавос може да излезете и без екстремитет ама дефинитивно нема да излезете со рамнодушност и здодевност.