Кажи ми искрено,колкав процент на луѓе денес во Македонија можат да си дозволат да си шлапкаат и кулираат цел ден во Аква-парк? Еве на пр.едно семејство со 2 дечиња ако сака да си помине незаборавно попладне во аква-паркот ќе треба да издвои мин.1500 ден.што според мене е премногу!
И реално,цените на картите би требало да бидат 200 ден. за возрасни,100 ден.за деца над 12 години,сите под 12 бесплатно ама во придружба на родител или старател,кој секако ќе мора да си извади карта без разлика дали ќе се бања или не!
Ете,тоа се реални цени за во Македонија и за нашиов македонски стандард,во Русија е сосема поинаква ситуацијата,таму владее суров и див капитализам кадешто аква-паркчиња никнуваат на секој чекор а се во функција на новопечените богаташки деца(не е како кај нас,овде ние си имаме либерален капитализам
,поздрав!
Незнам што да ти кажам .. немам процент. Искрено и навистина сум збунет околу целата оваа ситуација со сиромаштијата.
Знам дека има многу луѓе што неможат да си дозволат основни работи, ама од друга страна мене целиот facebook ми е со слики од
Иос, Кавос, Миконос и Закинтос.
Буквално цел фејсбук. Речиси сите девојки што ги познавам се по грчките острови.
Живеам во Скопје, познавам многу луѓе и никогаш не сум ја увидел таа сиромаштија. Верувам дека ја има, особено по останатите градови.
При споредбата на цени со аква-паркови од соседството и странство, нашиов има најниска цена. И тоа во Скопје, каде најмногу луѓе ќе
можат да си го дозволат.
Цената и не треба да биде толку ниска, за да може секој често да си го дозволи одењето.
Одењето во аква-парк треба да е посебен ден за релаксација, кој ќе се планира неколку дена однапред. Ќе си испланира човек, ќе одвои
и ќе се почести со ден во аква-парк.
Да е ниска цената, сите знаеме што ќе се случува внатре. Според тоа што читам,истото се увидело првиот бесплатен ден.
Имаме ние една "посебна" категорија на граѓани и младина, што незнае како да се однесува на јавни места. Ценава се надевам ќе им го
намали бројот, барем нема во орди да се движат внатре.
А мојот првичен коментар беше резултат на акумулиран гнев, затоа што кај нас искрено многу често покрај основаното, има и многу
неосновано кукање и плачење за се и сешто. Изгледа во гените ќе да е. Имам чувство дека и шведски стандард да имаме, пак еден куп
луѓе ќе се јават да речат: Еееееј скапо бе !