Со кого се познавате од форумов?

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
naumdb Iceboy
Фини деца, добри серии гледаат... да не ве фалам многу, па да ви полнат сандаче после ;)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Вчера првпат запознав кајганџии од друг град у живо и не само еден туку еден куп! :D

Со turvior конечно официјално се запознавме, предобар дечко, максимален респект и нов братучед во пп. :D Започнавме иљада теми на разговор али времето да се скапи беше прекратко. Till next time!
Mary Poppins најсрцка форумџика! :D Си се размуабетивме како цел живот да се знаеме, предобар впечаток ми остави и се надам скоро ќе се видиме па. Комшии сме тука па може почесто да си правеме идимидојдими.
Со нетрпение чекам друга средба :)
NelTu и BrunoFresh оваа двојка најзатрескана на форумов е ептен кул пар. Нелту позитивна, насмеана и ептен типче особа. Додека сватив дека она е таа пројде малце време ама па на време се дознавме :D бруки :D
Бруно и ја бевме најубави вчера :pipi: Се изнамуабетивме убаво и се најдовме заљубеници во лол, па у главно така ќе шириме пријателство даље. :)
Бате Hurin, ќе изедам ќутек од него некад осеќам :D Супер батка, збори 300 на саат ама нека, ептен ме бендиса и смешен си ебаго :D У глобала супер впечаток ми остави и плус да се заблагодарам за честа шо највеќе заради мене го викна Шаринган и со него да се упознаам. Во годините сме тука негде изгледа и со паметот сме тука :DМалце срамежлив на почетокот ама после се оправивме и паѓаа заебанции.

Супер деца сите тие, мило ми е што ве упознав сите и да не бидеме намќори да оставиме само на оваа средба. :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Со Andrew ака Редиохед :icon_lol:

Фино, помало чоече во години од мене кое зрачи со позитивна енергија, природна човечност и приземност која ретко се најдува кај дечки на негова возраст. Чинам дека можам да правам муабет од мрак до утро и до нареден мрак без престан. Допирни точки од музика па се до тоа како настанал универзумот :D Шетнавме, се подруживме, помуабетивме во рамките на времето. Скроз позитивен впечаток. А да и братучеди станавме, да потврдам и јас.

Mary Poppins

Искрено мислев дека станува збор за повозрасна форумџика, но ете сум утнал проценката направена преку читање мислења на форумов. Исто позитивна личност во секој поглед. И тука ограниченото време скрати малку од муабетот, но по тоа што зборнав чинам дека можиме да се размуабетиме во многу заеднички теми. Весела личност.

BrunoFresh сум ти го знаел, генерација ми е, само не знаев дека тој да ти бил чоеков :D Од основно чат пат сме се дружеле. Пред скоро и во автобус се начекавме помуабетивме на пат за Битолата, но кој да ти знај, ни јас личам на фаца на турвиор, па ни тој на Бруно :P NelTu можеби само онака по извиџејне шо велиме прилепчаниве да ја имам некаде видено. Знам дека математика многу сакала и најмногу и одела истата. Фини чоеци со Бруно.

За Хурин пишав претходно. Плус ми наликува на најдоброто другарче кое учи во Австрија, па кога го гледам ми иди да му речам некогаш- Кај си бе Бране бе, шо има ново? :D

Живи хипстери бевме, на пивофест, бело вино со сок пиевме. Строго контра .
(Шо знам мене повеќе ми легна, од секое разредено пиво)

п.с Не знам оти некои луѓе се плашат од средби. Не сме ни некрофили, ни човекојадци, нити пак носиме солна киселина в шишенце со нас. Можеби сакаат да останат крајно анонимни, за да не тролаат тука раат на форумов, во спротивно можи да им падне жал, да ги фатиме на емотивност поради познанството :cautious:
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Ај да шкртнам и јас збор-два

Andrew Малиот да ти бил цела глава повисок од мене :D И плус добро друштво за пиење. Тотално е ист во живо како и виртуелно и ми се чини најмногу се погодивме, не можевме да си изнакажеме се' во цела вечер, летна времето. Се гледаме пак некогаш, обавезно. :)

turvior Фин и културен дечко, не почасти со вино. Вака како премногу искрена личност на форумот очекував тој да не затвори уста цела вечер, а не јас, ама сигурна сум дека не е секогаш толку тивок. Позитивен впечаток во секој случај, секако не беше ни време ни место за некои посериозни муабети.

Hurin Има смеи во дечкото, опуштен скроз, не се ни почувствував како првпат да го гледам и зборам со него. И добар домаќин, се понуди да собере пари за карта во случај да ми замине превозот за назад :D

NelTu Фино девојче, најверојатно од септември и почесто ќе ја гледам :) И извинување од мене за чекањето пред Тедико.

Шаринган Немој да се срамиш толку, баш си кул.

ПС. Паркчето со пајките :love:
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Mary Poppins Конечно се запознавме. :D Eптен забавна личност. Али најмило ми беше кога скокаше од радост што се најде со друштвото за колата. :pipi: Од септември пак ќе се гледаме, мораш да ми го покажиш Штип. Да не бидам ептен fail.

Andrew дури се разбравме, кој сме што сме, летна времето. Али oна "следењето" беше ептен епик. :pos::pos::pos: Уште се смеам еве. Во кратки црти, супер човече, тука сме во години, се изнасмеавме. Се надевам ќе се дружиме пак. :D

turvior сум го видела низ чаршијана. Иако не зборнавме многу ми остави добар впечаток. Али ете од негаде излезе дека девојката негова сум ја знаела. Патем, ако испадни наредна година да одиме и ние саранда, обавезно да се погодиме во исти период. :D

Шаринган уствари ми испадна школски. Така иди? :D Не се видовме многу али важно те имам на слика :D
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
многу позитивни и фини луѓе во последниве 2 дена си запознав :)
Mary Poppins пошто секогаш дамите имаат предност :)
многу кул девојче, насмеано, муабетот ни тргна наеднаш, многу интелегентна и начитана, ми беше огромна чест да те запознаам :)
Andrew фраерче младо :) добра музика слуша, исто така интелегентно чоече, многу весело, незнам како ти оставив впечаток дека сакам да те размавам :pos: мирно дете сум јас :)
The Magus си изнапраевме муабет, ми отвори други погледи за некој работи, ми се допадна таа либералност што карактерно ја поседуваш, и со тебе ќе треба да го дозавршиме муабетот, а и за баскет не заборавам организирам една партија само нека се расчисти градов :)
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.987
Поени од реакции
12.629
The Magus си изнапраевме муабет, ми отвори други погледи за некој работи, ми се допадна таа либералност што карактерно ја поседуваш, и со тебе ќе треба да го дозавршиме муабетот, а и за баскет не заборавам организирам една партија само нека се расчисти градов

Фала друже на убајте зборој, мило ми е што ве запознав. Иначе со муабетите си помислив дека ве истролав и ми беше малку криво ама мило ми е што не било така :) Да бне има вечер пак собиранка, Буцио го сретнав денеска рече дека на одмор бил па ако има нешто да го обавестиме.

П.С. Скрос се лујџево такви во живо како што си имав претстава за нив колку-толку од претходно низ форумов, а обично не е така...само Ред Џон не го знаев баш :)
 
B

BrunoFresh

Гостин
Eпа вака сега, ми дојде и мене редот да ги кажам и јас моите импресии од форумџиското собирање на вториот ден од Пиво Фестов тука во нашиов град.

Најпрво, навистина ми беше мило што ненадејно се собравме и запознав личности од различни градови, па и луѓе кои се од градов, а се членови на форумов.

Со turvior се знаеме многу одамна во живо, но незнаев дека тој е тој turvior од форумов, се до пред некое време, па еве дојдовме до шанса на собиранкава да се изначудиме и на таа работа. Највистина добар човек со позитивни мисли, паметен и доста културен човек. Многу пати го среќавав во автобус кога идевме во Битола на факултет овие претходни 3 години, па знаевме да прокоментираме различни теми но како што кажа тој погоре , никогаш не сме знаеле кој е кој на кајгана и дека воопшто и тука се познаваме.

со Andrew цел час седевме и незнаев воопшто дека тој е тој Andrew од форумов бидејќи воопшто незнаев кој ќе бидат освен turvior i Hurin. Тој преку девојка ми NelTu разбра дека всушност јас сум BrunoFresh и се изненадивме стварно кога разбравме кој е кој бидејќи многу пати сме се начекале на форумот, сме споделиме исти мислења и шеги, па ете ни шанса и нас да се запознаеме во живо. Цитирам негова реченица: "Бруно и ја бевме најубави вчера", за оваа реченица има потполно право :D Доста добро се изнамуабетивме со него иако малце не го разбирав со неговиот дијалект али се разбравме некако. Се најдовме и LOL колеги, па еве од тогаш наваму , газиме све. :)

со Mary Poppins се запознав пред неколку месеци, но еве на оваа собиранка ја видов втор пат и навистина ми е мило што дојде тука да ужива во пивофестот со нашето друштво. Многу добра и позитивна личност, секогаш е насмеана и спремна за било каква шала, макар и на нејзина сметка. Комуникативна личност, добар слушател и почитувана пријателка. Како што кажа NelTu , интересен беше моментот кога скокаше од радост дека ги доби нејзините пријатели на линија, за да се договори за одење накај дома.

со Шаринган немав многу простор да се запознам подетално таа вечер, но затоа другиот ден на Facebook се отепавме муабет прање за милион теми. Стварно многу фин и интересен батка, си најдовме многу заеднички теми за муабет. Малце беше страмежлив таа вечер на собиранката али сепак се пројде супер. :D

со The Magus се видовме многу на кратко на After Party Trance журката и тоа случајно преку Hurin, па немав шанса ни него да го запознам подобро, па наредниот ден требаше да се препознаеме кој е кој. Се надевам набрзо ќе имам шанса да го запознам и него во живо, па да споделиме мислења :D


Таа вечер поминав најако од сите вечери и за тоа се виновни сите овие личности погоре. Се надевам истава група (па и други личности се добредојдени секогаш), ќе се собериме наскоро повторно и кога веќе се знаеме дружењето ќе биди уште поинтересно. Очекував уште повеќе личности да запознаам таа вечер од форумов, али ете се собравме колку што се собравме. И сакам маскимално да го потврдам истот разговор на на turvior, цитирам:

"п.с Не знам оти некои луѓе се плашат од средби. Не сме ни некрофили, ни човекојадци, нити пак носиме солна киселина в шишенце со нас. Можеби сакаат да останат крајно анонимни, за да не тролаат тука раат на форумов, во спротивно можи да им падне жал, да ги фатиме на емотивност поради познанството"
 
2

~2A

Гостин
Чекав да ја комплетирам листава со mute, ебате муЛе не дојде во Прилеп, ти стиска да му се тепаш на Џин, а Муген? :icon_mrgr:

-Ајде во нареден период. ;)


Затоа пак се запознав со други личности, кои пред се беа сите супер!

Hurin првиот член што сум го запознал од кајгана, пред некое време, а воедно и најјакиот модератор! :cool: :icon_mrgr:

NelTu хах! Ја знаев од порано, ама не како член од Кајгана, туку од школото каде што учевме. Патем и бев соученик во истиот клас само 3 дена, па потоа се преместив во друг клас. :)


BrunoFresh не помуабетивме во живо, но затоа пак на фејсбук поразговаравме и имаме мноогу заеднички теми на разговор. Ми делува на комуникативна личност, абе да не должам супер, најсупер дете! :)

Andrew Шикамару... исто така и со него имаме заедничкА тема на разговор околу (аниме) :) , во живо баш ми е поинтересен за разговор (заради неговиот дијалект ;) ). Мило ми е што се запознавме!

Mary Poppins најпозитивна личност, најкомуникативна (тоа сигурно! ), и насмеана што сум ја запознал! :)


Пу ј'зк да ми е, колку кратко и сиромашно напишав, ама морам да се спремам за на пивофест! :cool:

 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Шаринган еве сега пред 1 саат се вратив...
Вчера останвме до 6 сабајле ептен ја затеравме работата па пола ден во спиење јадење и ајде патот за накај дома... а богами и немав баш како да те конткатирам :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom