Се иницираат во секти само глупави луге, кои ги изгубиле краиштата, кои се изгубени во реалноста, заспани,луге како тебе чии родетили се од различни религии и не се воспитани со религиозен дух, па спасот го бараат во секти и иницијации.Луге кои не знаат дека доброто победува секогаш, и дека на добро Бог враќа со добро, еден од основните закони на универзумот.
Се сложувам со тебе во врска со сектите и луѓе кои изгубиле крај со крај. Но не ме буткај мене во тие глупости и бладања.
Дали ти правиш разлика од иницијаторски Ред и секта? Не. Тебе сите ти се изгубени освен ти самиот и си доаѓаш си пишуваш за едно та исто на сите теми. Правиш голема неправда , по се изгледа,пред богот кој го обожаваш секој ден! Едно збориш друго правиш.
Тие луѓе што се иницираат во секти - не постои иницијаторски ритуали во секта, бидејќи сектите излегуваат секогаш од некоја религија - навистина се такви какви што ги опиша ти, но нема врска тоа со родителите и воспитувањето, уште помалку имаат врска сектите со тајни Редови и организации - зборувам за нивно израмнување со знак еднакво.
Религиите се мал дел од дејствувањето на „Редовите кои не постојат“ и ги опфаќаат во самите себе. Религиите се нужност за разделување на луѓето, мал дел од дејствувањето за искушување на вистинските луѓе кои може да поминат и надминат над овој крш! Ете малку егзотерија:
Кај Вавилон не беа измешани јазиците за разбирање помеѓу луѓето - беше измешан и збркан „јазикот“ за комуницирање со божественото бидејќи секогаш имало прости и злобни напатени души во својата неспособност, кои во своето незнаење и егоизам се рамнеа со работи кои не ги ниту виделе ниту добро разбрале со својот ограничен ум - велејќи секому - секташ секташ! Тука нема да додадам „како тебе“, како што ти направи, бидејќи тоа е подло и глупо. Секој ќе се препознае кај е!
Сектите се инаку уште помал дел од уредувањето- струење од тие религии!
Затоа ти се буниш и гледаш како се е секти. Поткачи се повисоко и погледни подалеку! Ќе видиш дека се е добро уредено од страна на Редови кои не постојат и за кои дури и не се зборува, бидејќи се света работа - и нивното име, како и нивното дејствување тука на Земјата, на местото на макропросопусот што би рекол Метерс во неговиот превод на Кабала Денудата или Разоткриена кабала!
Другото од твојот пост е оф-топик и бедни навреди кои не разбирам зошто ги користиш насочени кон мене... Ако ти имам нешто згрешено,пожали се и покажи ме со прст. А некој да навредуваш за тоа што Е, не е воопшто јогински
