Само во Македонија: Пан-Македоники во посета на Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
САМО во Македонија и никаде на друго место во свет

Претставници на грчки панмакедонски организации од сите делови на светот, како Европа, САД, Канада, Австралија, беа во организирана посета на Македонија, поточно во Битола. Тие ги посетија локалитетот Хераклеја и црквата „Свети Димитрија“. И сето тоа е во ред. Секој може да дојде и да ја посети Македонија, има многу да се види и слушне.


Она што е чудно е што гостите се дезинформираа. Не е проблем што се зборувало на грчки.
Во јавноста беше пренесено дека стотината члена на панмакедонските здруженија на грчката дијаспора посетиле повеќе локации.

Гостите прошетаа по Широк сокак, а медиумите во Македонија пренесоа дека тие „се восхитуваа на грчките архитектонски решенија“. :tapp: Зарем самите да се елинизираме? :гомце:

За битолскиот соборен храм „Свети Димитрија“ во агендата на организаторот се вели дека „бил изграден со пари на богати Грци од Битола во 1830 година“. Но таму не слушнале ништо за иконите во црквата, бидејќи свештеното лице им понудило објаснување само на македонски јазик. Ова кажување на свештеникот од црквата „Свети Димитрија“ можеби е единственото логично нешто што се случи за време на нивната посета на Битола. Тој ги информирал претставниците на грчката дијаспора дека храмот „Свети Димитрија“ ѝ припаѓа на Македонската православна црква и дека тој е место за молитви, а не за зборување. Свештеникот културно укажал дека преку водичот информациите не може да се пренесуваат на грчки јазик без македонски превод. Според свештеникот, пишаните документи покажуваат дека за изградбата на црквата своевремено прилози дале сите битолски православни христијани, без оглед на народноста, а оваа црква ја сметале за заедничка верска светиња. Да, навистина свештеникот добро им укажал на гостите. Едноставно ги информирал за тоа каде се, какви се правилата и што велат документите. Накратко ги претставил фактите. Да нема заблуда, сите гости се добредојдени, но сепак тие се гости и мора да ги почитуваат правилата во државата во која се на гости. Овој случај е уште една провокација за граѓаните во Македонија и институциите, воопшто за државата, за да се претстави како безбедносно жариште, потоа дека генерира безбедносни проблеми. Државава, пак, соодветно реагираше.

Каде се видело некој да шета во некоја држава и да кажува дека сѐ е негово, односно водичот да кажува во конкретниот случај дека сѐ е грчко!
За потсетување, ова е Македонија, официјален јазик е македонскиот, мнозинството граѓани се Македонци, а на припадниците на другите заедници соодветно им се почитуваат правата. Како што ние кога одиме на гости знаеме дека треба да се почитуваат правилата, така треба и оние што доаѓаат кај нас да ги почитуваат правилата во државата.

Како може во јавноста да се презентираат информации дека дошле група туристи (во конкретниов случај Грци од сите делови на светот) на кои им раскажувале дека сѐ е грчко или градено од грчки пари?! Како може во јавноста да се шират вакви невистини?!

Во меѓувреме, во Македонија пак се говори за прашањата како спорот со Грција за името, кој практично не се сведува само на името туку тука се инсистирањата на Грците за низа други решенија што се провлекуваат во низа области. Грците бараат промена на сѐ што го носи називот македонски како јазик, идентитет, култура... Потоа тука се нападите од Грчката православна црква, Српската православна црква.

Во ваков период, кога прашања од овој вид се актуелни, недозволено е, прво, во јавноста преку македонски медиуми да се слушаат вакви невистини и, второ, недозволиво е кога некој доаѓа организирано да му се презентираат такви искривени информации.
Како би изгледало група Македонци да заминат во посета, на пример, во некоја од соседните држави или која било друга земја и водичот да почне да им кажува дека речиси сѐ е македонско и изградено со пари на Македонци? Архитектурата, на пример, познава различни стилови, кои датираат од различни периоди, како антички, римски, стил од периодот на романтизмот, потоа барок и слично. Но сите овие се универзални цивилизациски вредности и нема правило дека одредени стилови ги има само во одредена држава, уште помалку дека одредена држава има ексклузивно право на нив, уште помалку некој да шета и да кажува дека сѐ е негово.

За да не се случуваат вакви работи или некој да го присвојува она што е наше треба да бидеме добро организирани и внимателни. Прво, треба да има ред во сферата на туризмот, особено кога станува збор за странски гости треба јасно да се знае кој и што треба да кажува (се мисли на водичите).
Второ, и да има вакви ситуации како оваа во Битола со грчките гости, тоа не треба да биде тема во јавноста. Зарем треба грчката пропаганда да ни биде дел од секојдневието? Се разбира, не! Ниту таа ниту каква било друга пропаганда. Треба да се грижиме за она што е наше, македонско! Ако ние не го правиме тоа, не можеме да очекуваме некој друг да се грижи за нас повеќе од нас самите.

http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=32233
--- надополнето: 20 јули 2013 во 07:54 ---
.
.
и бонус:P
http://www.topix.com/forum/world/macedonia/T6LKTUFTBU0PD7874
 
Исто како бугарине кога шетаат со водич во Охрид и Скопје и објаснуваат детално дека тоа се што се гледа е бугарско. Ништо ново.
 
Исто како бугарине кога шетаат со водич во Охрид и Скопје и објаснуваат детално дека тоа се што се гледа е бугарско. Ништо ново.


Епа затоа испадна дека дното на Охридско исто е бугарско
 
Епа затоа испадна дека дното на Охридско исто е бугарско

Да но Албанците упорно тврдат дека Охрид бил стар Илирски(Албански) град така да тука се кршат копјата помеѓу Б’лгарите и Шќиптарите чив е Охрид, Охридските Историски објекти и Охридското езеро ... може да си направат фер договор Охридската пастрмка е Б’лгарска, а Охридската јагула е Албанска ... фер компромис ... :tapp:
А Преспа и Битола се Гр(ц)ки ама Славо-Македонците ги истерале од таму ... упс за Битола(Манастири) и Албанците упорно тврдат дека до пред 100 години бил доминантно Албански град ... а исто и Скопје(Шкупи) до пред 1963 год.
:facepalm::facepalm:
 
Вие разбирате дека голем дел од децата бегалци што живеат главно во Австралија и Канада се во голема забуна,тоест под влиание на...ај ај..Џабе збори човек...
 
Јас незнам зошто ние се уште се занимаваме со нашиот јужен сосед :laugh: , што сакаат нека зборат, тоа не е вистина, се знае која е Македонија и кои богатства ги поседува....., сега и ние Македонците ако речеме дека Америка е наша, дали Американците ќе се занимаваат со тоа? - Не, зошто знаат самите што се.
Затоа ние ја имаме оваа прекрасна држава и треба да се гордееме со нејзе и нејзините богатства И не треба да подпаѓаме на провокации од останатите земји.

А кога сме кај луѓето кои не ја ценат својата држава и се улизуваат на странците, за нив можам да кажам дека тие се продадени души.
 
Ние ги решивме проблемиве овде и околу нас па сега на ред стасаа и ова вампириве од Канада Австралија и не знам каде.:confused:

Абе ај оставете ги и онака за 10 години ќе нема ниеден од нив.:tapp:

А Македонците кои се по потекло од егејскиот дел и што сакаат да си го видат родниот крај се знае или нема да ги пуштат да поминат граница или ќе смислат нешто друго како не им гарантираме безбедност и сл.

И најбитно од се тие уште по самото завршување на балканските војни, сите имиња напишани на кирилица ги имаат избришано, сите гробишта со македонски имиња ги имаат разурнато, во сите цркви Свети е заменет со Агиос.

Се' што има било каква поврзаност со Македонија или е разурнато или е претворено во грчко. Ич не ми е мило што го пишувам ова ама од нив може само да се учи како се гради држава и нација.:place:
 
Според повеќето јужнаци, во Република Македонија живеат 150.000 - 350.000 Грци, само што не знаат дека се Грци.

Монастири бил чисто грчки град, дури Тито не им го испрал мозокот на Битолчани. :LOL:


Off-topic: ова е врвот на маркетингот, секоја чест за Орбис! :D
.
 
видеото е жив СРАМ :oops:
АААААААААААУУУУУУУУУУ......дошле грчките македонци да го посетат Монастири......ц.ц.ц. кои грчки македонци бе ајван еден :tapp: -
па продолжува на гејски да ги прашува- хахахах. јака штикла демек го зборува нивниот јазик -фалба ли е бре тоа -алооооооо ( и јас го зборувам гејскиот- ама не го сметам ко некој плус )
Ако се толку ...... бар можат до толку да отворат и на интернет да прочитаат кои се всушност пан овците
зарем требаше Павле да им кажува
--- надополнето: 20 јули 2013 во 18:54 ---
Ич не ми е мило што го пишувам ова ама од нив може само да се учи како се гради држава и нација:place:
и ти си во право
еве како гејците го истретираа министерот за здравство кој им отиде у контрола - прво го прогласија за персона нон грата, потоа му се здадоа со погрдни зборови и ... за на крај и кога си заминал по пат не само од персоналот на болницата туку и од лица од надвор бил нападнат

 
БИТОЛА НЕ ЈА ДАВАМЕ! 2013
И БИТОЛА Е МАКЕДОНСКИ ГРАД! 2063

Да не биде и со овие така, чек шо ќе се случи за 50 години уште не знаеме. По она што се случи со Тетово, Струга и Кичево веќе овие работи не ми се смешни.
 
@cool@ многу си оптеретен и нервозен со овие политички теми,не е убо за здравијето,релаксирајсе малку,опушти се..:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom