Мрзлива баница
Потребни состојки:
500 гр готови кори
½ литар јогурт
5 јајца
прашок за пециво
сол или вегета
сусам
Подготовка:
Тавчето со мачка со путер или зејтин. Готовите кори не се мотаат, туку се брчкаат и се редат една до друга така набрчкани се додека тавчето не се наполни.
Се посипуваат со смесата од изматени јајца, јогурт, прашок за пециво и сол/вегета. По желба може да се изренда и сирење или кашкавал во смесата. Одозгора се посипува со сусам.
Баницата се пече во загреана рерна додека не ја добие посакуваната боја (златно-жолта, златно-кафеава, каква сакате таква
)
Нека не ве плаши баница во насловот, ова е многу едноставен рецепт.