Резултат на тоа е поставеноста на целиот наш систем. Која е мотивацијата да учиш ? Како да вложуваш во себе коа гледаш дека се е врски или со книшка? Нејсе вложувањето во самото образование е никакво се учат едни истио работи по 10 различни предмети и самата непрактичност те тера да се разочараш. Друга страна е пристапот до информации за создавање на Магистарски или дипломски труд насекаде во светот е лесно да дојдеш до податоци и да си направиш анализа за што и да ти текне. Кај нас коа ќе им побараш податоци е како да бараш 1000 евра да ти дадат! Еве да кажеме дека ќе најдеш какви такви податоци , но статистика ќе ти даде едни бројки , министерство други , НБРМ сосем трети бројки и ќе се запрашаш што поѓаволите е вистината? Зошто ко сите нормални држави немаме податоци на евростат? Зошто на интернет неможеш да најдеш размислувања , интервјуа и статии од наши истакнати академици за проблематиката на која пишуваш? Само колку за споредба кога би пребарал на google за начинот на работата на ЛЦД , ЛЕд и Плазма техниките би ми искочиле барем 10 издржани статии , а кога ќе пребараш на македонски веројатно ќе добиеш сајт на Нептун , Техно маркет или некој сличен! Каде е проблемот ? Зошто сите молчат? Зошто се создава квантитет без квалитет е прашањето!