КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.549
- Поени од реакции
- 5.855
- Локација
- Haunted Hayride
- Веб-сајт
- misterijamk.blogspot.com
Дојде време за нова навидум интересна тема од областа на мистерииве
. Овој пат ќе збориме за Мери Рисер, жена која умрела под неразјаснати околности.
ВАЖНО: Сликите ќе ги поставам во спојлер, можеби некого ќе вознемират.
Препорачана музика при читање.
Покрај сите надгробни плочи во Честнат, се наоѓа многу мала плоча која сигурно поминувајќи покрај нејзе никој не би ја забележал. Со прости букви, на нејзе пишува - "Mary H. Reeser".
Мери Харди Рисер била родена во 1884 во Колумбија. Подоцна се омажила за Др. Ричард Рисер со кого имала едно дете и живеела сосема мирен и нормален живот. По смртта на нејзиниот сопруг, таа се преселила во Флорида за да биде поблиску до својот син. Токму нејзината срмт на 2 Јули, 1951 ја протна низ каналите на историјата. Мери била жртва на SHC (Spontaneous Human Combustion).
Што значи SHC?
Мистеријата за Мери Рисер започнува на 2 Јули, 1951, кога нејзина комшивка сакала да и достави писмо. Гледајќи ја вратата необично топла, се јавила на полицијата. Во собата откриле само остатоци од Мери Рисер како седи на стол. Нејзината лева нога останала недопрена со пантофли на нејзе. Само на страната на собата каде што она седела имало знаци на пожар. Од нејзините остатоци бил најден череп, кој бил многу намален како мало топче, најверојатно поради огромната жештина, но исто и парчиња од нејзиниот 'рбет. Ѕидовите на апартманот биле покриени со мрсна субстанца, а остатокот од собата немал никакви траги од пожар. Само мал дел околу местото каде што седела бил оштетен.
Од сите случаи на SHC(кои нели рековме дека се само 3), случајот со Мери е најпознатиот. Токму овој случај ги "подпали" медиумите. Покрај полицијата и медицински експерти, FBI и безброј други биле повикани да споделат се што знаат за оваа истрага.
Сликите:
Локалната полиција никогаш не го затворила случајот, иако FBI тврдела дека таа заспала додека пушела и се запалила. Да бил навистина таков случајот, ќе имало огромна штета во апартманот, па дури и пошироко. За да се претвори во пепел би требала да гори 3 до 4 часови на огромна температура од 3000 степени. Како и да е, штетата би била преголема.
Овој случај, за тоа што и се случило таа ноќ на Мери Рисер, никогаш не бил откриен. Има безброј празни теории кои се темелат на доказите на местото, но самите докази се нејасни и контрадикторни.
Дали некој знае повеќе за овој случај? Можеби некој од вас има некакво објаснување? SHC или обична цигара?
. Овој пат ќе збориме за Мери Рисер, жена која умрела под неразјаснати околности.ВАЖНО: Сликите ќе ги поставам во спојлер, можеби некого ќе вознемират.
Препорачана музика при читање.
Покрај сите надгробни плочи во Честнат, се наоѓа многу мала плоча која сигурно поминувајќи покрај нејзе никој не би ја забележал. Со прости букви, на нејзе пишува - "Mary H. Reeser".
Мери Харди Рисер била родена во 1884 во Колумбија. Подоцна се омажила за Др. Ричард Рисер со кого имала едно дете и живеела сосема мирен и нормален живот. По смртта на нејзиниот сопруг, таа се преселила во Флорида за да биде поблиску до својот син. Токму нејзината срмт на 2 Јули, 1951 ја протна низ каналите на историјата. Мери била жртва на SHC (Spontaneous Human Combustion).
Што значи SHC?
SHC е екстремно ретка појава. Појава која го распалува човекот, без никаква причина. Всушност, оваа појава се појавила само кај три лица: Мери Рисер, Џон Бентли и Ана Мартин.

)појава.