Нарко-картелите во Мексико сега организираат гладијаторски борби

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Некој за Мексико на одмор? :sneaky:
 
Еве за тие понеупатените да видат малку за какви банди тука станува збор:
Платеници, банда формирана од поранешен специјалец на армијата на Мексико.И сега он регрутира луѓе и ги тренира за убиства и извршување операции.Нивото на тренингот нивни е рамен со оној што го добиваат американските војници кои заминуваат за Ирак, Авганистан и.т.н.
Според ова што го гледам, многу тешко и дека некогаш ќе се реши таму ситуацијата.Ќе се покаете ако не го гледате.
 
Според ова што го гледам, многу тешко и дека некогаш ќе се реши таму ситуацијата. Ќе се покаете ако не го гледате.

Сепак, го фатија Мигел Анхел Тревино, главниот на картелот Лос Зетас. Фатен е со помош на хеликоптер, а во комбето имал $2 милиони (за не дај Боже) и цел арсенал оружје.

http://www.kansascity.com/2013/07/15/4346816/mexico-reportedly-captures-kingpin.html

.
 
Владата на Мексико мора поенергично да влезе во конфронтација и расчистување на овие психопати.Јас вакво зло отелотворено во човек немам видено на планетава,дали се до толку ојдени во мозоците или пак се константно издрогирани не знам но едноставно тоа што го прават веќе дефинитивно ги оградува од било каков простор да бидат наречени луѓе.
 
Прима балерина: Ти нема везе муабетов. Владата на Мексико веќе 6 години поенергично влезе во конфронтација или елиминација на картелите. Што допиринесе да има тродупло повеќе картели и илјадници жртви (добар дел невини цивили, полицајци и војници). Тоа беше додека претседател беше Калдерон,сега новиов виде дека нема аир од војна со нив.

И така остај ги да си тераат бизнис - ќе нема крвоплолевање. Како и да е, Американциве ќе најдат ваков или онаков начин да си ги задоволат потребите за дрога.
 
И така остај ги да си тераат бизнис - ќе нема крвоплолевање. Како и да е, Американциве ќе најдат ваков или онаков начин да си ги задоволат потребите за дрога.

Американците се во генерала виновни а и нивното лоби за оружје.Во Мексико има неколку продавници (се бројат на прсти) за оружје, и само во нив можеш да најдеш оружје, кои се инаку строго држени од нивната армија.Во Америка од друга страна пак, купувањето оружје за картелите не претставува никаков проблем, само преку граница имаат на достапност 700 продавници за оружје.Лицемерието на Америка, од една страна финансиски ги подржуваат Мексико во борбата против нарко-картелите, а од друга страна пак Америка не сака да воведе забрана на продажба за оружјето зошто нивното лоби не го сака тоа; ќе им опадне профитот.И главно поради тоа работата оди во недоглед.Картелите инаку се подобро наоружани и опремени и од Мексиканската армија, а сето тоа благодарение на парите што ги имаат и благодарение на тоа што можат да купат оружје во Америка без никаков проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom