Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе му ја падниме периката на овие млекарите . :D
 
Караорман-Пелистер куп на РМ 1/16 финале
 
Добар распоред,прво дома шо играме само да биди се како шо треба..Ете се најавија спонзори Пелистерка,убо ќе биди да придобиеме уште еден ,тимот да се дооформи и да газиме!Редно е да почниме да победваме со неколку голој а не одвај лани еден гол ќе клаевме. На толку мизерни години поминати со заебанции околу фудбалот дури чудно е малце како се редат работите :гик:.Вчера го видов бразилчето на мотор качен го шетаја по широк сокак и одма на кафе го седнаја :D.Само да не му стани навика:pos:.Сега кога има контролна утакмица дома накој да тум и со кој?
 
Незнам оти ама очекувањата ми се многу големи,такво чуство имам... мислам дека ова ќе биди најјака сезона во последните години како на терен така и на навивачки план !
 
Ждребката му се насмевна на пелистерци


​
Познат е календарот на натпревари за сезоната 2013/14 во Првата фудбалска лига. Пелистер ќе дебитира во Битола против новиот прволигаш Еуромил, против кого никогаш не играл за прволигашки бодови, а се сретнал само во Втората лига. Пелистерци скоро сите дерби средби во првиот круг ги играат под Тумбе кафе.
1 2013/04/08 18:00 Пелистер - Еуромилк
2 2013/11/08 18:00 Ренова - Пелистер
3 18/08/2013 17:30 Пелистер - Хоризонт Турново
4 25/08/2013 17:30 Брегалница Штип - Пелистер
5 2013/01/09 17:00 Пелистер - Металург
6 15/09/2013 15:30 Гостивар - Пелистер
7 22/09/2013 15:00 Пелистер - Шкендија
8 29/09/2013 15:00 Напредок - Пелистер
9 06/10/2013 15:00 Пелистер - Работнички
10 20/10/2013 14:00 Пелистер - Вардар
11 27/10/2013 13:00 Македонија Ѓ.П. - Пелистер
12 30/10/2013 13:00 Еуромил - Пелистер
13 03/11/2013 13:00 Пелистер - Ренова
14 10/11/2013 13:00 Хоризонт Турново - Пелистер
15 17/11/2013 13:00 Пелистер - Брегалница Штип
16 24/11/2013 13:00 Металург - Пелистер
17 01/12/2013 13:00 Пелистер - Гостивар
18 08/12/2013 13:00 Шкендија - Пелистер
19 02/03/2014 14:00 Пелистер - Напредок
20 09/03/2014 14:00 Работнички - Пелистер
21 16/03/2014 14:00 Вардар - Пелистер
22 30/03/2014 15:00 Пелистер - Македонија Ѓ.П.

Во шеснаесеттина финалето на националниот Куп, Пелистер му гостува на третолигашот Караорман во Струга на 21 август од 17:30 часот. Второлигашот Новаци игра со Лисиче, а третолигашот Могила со Силекс. Се игра само еден натпревар и ако нема победник во 90 минути се изведуваат пенали.
http://zoran-misevski.blogspot.com/2013/07/blog-post_16.html
http://www.makfudbal.com/index.php?...ticle&id=1238:-201314-116-&catid=77:newsflash

http://ffm.com.mk/aktivnosti/odreden-rasporedot-na-natprevari-za-sezonata-2013-2014-3584
ps.полека но сигурно ни се насмевнува и среќата шо вика зеленобелио и јас имам некое заебано претчуство дека оваа сезона ќе биде наша но за тоа ќе мора и играчите да се покажат на теренот посебно во првиот(есенскиот) дел од сезоната.Што се однесува за Пелистерка арно шо му текна да финасираат нешто до душа ова ќе биди само спонзорство со опремата и нивни прозводи што значи нема да бараат дел од акциите но во секој случај добар потег за поздравување и пример и другите "наши" фирми да влезат во клубот и на крај излезе работата дека цело време сме тапкале во место за многу мала работа ...Сега ќе морам и да ги ја тргнам клетвата и пак да почнам да пијам Пелистерка :D
 
Абе треба еден рекет и во Би-Милк , Идеал Шипка, Стопанска Банка Битола (или под итно нека менат уредувањето на експозитурите и логото зелена боја да не му видам :) ),Кромберг,Киро Дандаро и некој слични.А за РЕК трујачот под хитно треба еден јак спонзорски договор...
 
Добар распоред, добра ждрепка во купот, добри припреми....
ЕПА МОМЦИ, ПУКАЈТЕ :D
Сега се останува на вас, исто и јас очекувам многу оваа сезона, искрено ми мириса на прва титула, сега или никогаш е моментот, единствено како пречка го гледам само Вардар, иако се послаби од лани мислам, другото е гола вода !
Редовни плати, бонуси на играчите, публиката сигурен сум дека ќе се врати во голем број.... епа шо сакате поќе ? :)
 
До полусезона да се задржиме горе и после за европа ни фали уште некое засилување тенки останавме на некои позици.. инаку вака шо велиш треба малце да се притиснат тие фирмите да подфрлат некој денар и тие можи корист да имат.. знам само дека млекарите полн стадион ги очекува :)
 
Добар распоред, добра ждрепка во купот, добри припреми....
ЕПА МОМЦИ, ПУКАЈТЕ :D
Сега се останува на вас, исто и јас очекувам многу оваа сезона, искрено ми мириса на прва титула, сега или никогаш е моментот, единствено како пречка го гледам само Вардар, иако се послаби од лани мислам, другото е гола вода !
Редовни плати, бонуси на играчите, публиката сигурен сум дека ќе се врати во голем број.... епа шо сакате поќе ? :)
На сите ни мириса на титула ама изгледа не глеаме колку сме тенки на клупа,еден првотимец да се повреди и ќе треба да го менват со младинец.Покрај то Пашовски уште не е наш играч,документите уште му се во Напредок.Иначе веќе ко мавате рекет удрете и на Сокотаб,Церамт,а оти да не и на Таше со Плодност,толкав објект не се гради ако нема пари во гинекологијата. :D
 
"Големо"спонзорство дадоја Пелистерка се шинаја:tapp: .....(ако е точно дека само дресојте ќе ги купат,многу скапи се тие:eek: )и ќе обезбедат вода и сокчиња за играчите...:X3:,а за рекламирање по скопските телевизии се шинаа од пари давање...:mad:
На Пелистер му требат спонзори,капитал,буџет а не само помош во натура за да се лапнат лепенки на дресојте, да се размислува за нешто појќе,да се вложи во инфраструктурата малце,да се договорат со општината како да се напрај стадионот за да не ни се случи ако(дај боже)се пласираме во Европа во иднина да играме во Скопје....а не да го замајават народот демек Пелистерка фрлила две рала дресој и води и демек вложи во Пелистер:tapp: ....
Фала за помошта(секоја помош е добредојдена со оглед каква беше ситуацијата)ама не треба да се крева толку прашина за некоја помала инвестиција(без разлика дали е во опрема и слично)....
Дај боже да најдат 10 ина вакви помали спонзорство,тогаш ќе биди нешто...ама клубот(управата)треба да се насочат кон наоѓање генерален спонзор,некоја голема фирма која ќе дава 300,400 К по сезона+другите спонзорства(јавни или не)па да мислиме веќе на сериозни работи,и на играчи и стадионот да се среди со помош на партијата:свиркам: и други работи...........
Засега добро почнаа од управата,вака сериозно не се работело од времето на Невеновски и Коцевски пред 13,14 сезони(постарите ќе се сетат)вака нека продолжат....(y) ....
 
поарно да не се запнуваат по толку,кај ќе бараме карти за мечевите со реал,барса,баерн.........

состојбата во клубот беше мизерна и катастрофална,се крена некое скалило погоре,мене ич не ме чуди што влегуваат спонзори со гајба вода и сокчиња,но реално таква е ситуацијата односно моќта на клубот е таа што секоја донација е добредојдена.........стартот е добар на новата управа,се надевам имаат далеку поголеми цели и дострели во наредните неколку сезони ќе се покажи зошто се дојдени

примерот на миравци од вчерапокажува дека сме далеку од европски фудбалски рамки,па деца од сколија би направиле подобри резултати :facepalm:
 
Абе не дека е некое тешко спонзорство, ама барем повлекоа нога.Па страмота Пелистерка спонзор на Тетекс--каде бе...Кога ги видов дресојте на Тетекс ми се плачеше :place:
 
Сме ги тепале Јагодина (y)

Во 5 и пол е утакмицата денес со Новаци?
 
So kakov sostav kje igra Pelister denes protiv Novaci.
koef na Pelister e 1.9


p.s kade se igra utakmicata
 
Back
На врв Bottom