Конфликтот во Сирија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Се дур постојат САД,Велика Британија,Израел и Турција, нема да има мир никаде во светот..

Доволно е САД да не постои,другите се лесни...:icon_lol:
 
Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Тука нема Израелски платеници.

Саринот е домашен и ако прочита добро употребен со модификувана ракета, исто така складиштето е на Сириската војска, тоа складиште на опасни хемикалии прекурсори(мислам 218 буриња дај не ме смеј).

ЕДИТ: Па таков напад не е прв и нема да биде последен, имај предвид мета е Хезболах не Сириската војска директно.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Тука нема Израелски платеници.

Саринот е домашен и ако прочита добро употребен со модификувана ракета, исто така складиштето е на Сириската војска, тоа складиште на опасни хемикалии прекурсори(мислам 218 буриња дај не ме смеј).

ЕДИТ: Па таков напад не е прв и нема да биде последен, имај предвид мета е Хезболах не Сириската војска директно.
Има Израелски платеници, тоа се целиот џган од Блискиот исток и Северна Африка, истиот џган од Либија го пренесоа во Сирија.
Складишта со хемиско оружје паднаа во рацете на бунтовниците пред неколку месеци, така да сега бунтовниците имаат хемиско оружје,
а еве изгледа дека Обама и Нетанјаху им дале знак да го употребат.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Баш напротив.
Откога му тргна на Асад со борбата против муџахедините, Израел почна со напади врз Сирија.
Ај погоди зошто.

Побарај на интернет, тајмлајн на војната (има добро опишано од ден до ден од разни извештаи) и побарај таму негде во Мај кога бомбардираа Израелците. Веднаш после тоа, силите на Асад започнаа да бележат победи.

Инаку, ова чисто информативно, лично не верувам неколку напади на Израел до толку да ја ослабат опозицијата.

Патем, на Израел му е многу подобро да го има Асад во Сирија, отколку вжештени глави кои постојано се закануваат со истребување на Евреите. Замисли си само исламистиве да го соборат Асад и да дојдат до хемиското оружје...
Пред да одговориш дека на Израел му одговараат исламисти за да има со кого да војува, само да напоменам дека на Израел воопшто не му треба причина за да почне војна, што јасно може да се види изминативе неколку години.
--- надополнето: 14 јули 2013 во 22:30 ---
Е ајде де веќе! :)

Свежа вест:
Саринот го најдоа кај Израелските платеници.
Ај посочи ми во веста каде пишува дека се работи за израелски платеници?
Јесус Крист, мислете малку...
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Израел скока на повеќе ку*ови истовремено, ќе ми биде мило Еврејската држава некогаш и јако да се изгори поради тие нејзини двојни игри, од една страна се бори против Исламисти и е против радикалниот Ислам, а од друга страна ги поддржува во одредени држави или пак едноставно преќутува и се прави на Тошо !
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Добро а не е можно израел да игра двојна игра и само да си ја одолговлекува војната во Сирија? Си гинат и тие и тие, тоа му одговара на евреите. Иран фрла пари и пак тоа им одговара на евреите. Од целава оваа Арапска пролет тие највеќе профитираа. Нема да ме зачуди после Х години да се дознае дека Арапската пролет била проект на израел.
Сите муслимански земји влегоа до грло во проблеми, дали финансиски, дали воено, дали политички.
Сите ама буквално сите арапски држави заборавија на Палестинското прашање. Европа и Америка си се чистат од радикалисти праќајќи ги во Сирија да испогинат, а у меѓувреме си прават пари продавајќи им оружје. Очекувам да трае долго оваа војна-на сите им одговара така, освен на арапите, они се жртва во оваа игра. Сеуште не знаат што се случува.
 
Од целава ситуација со Арапската пролет, Израел изгуби доста. Впрочем, во земјите во кои се смени власта постоеа диктатори кои беа неутрално спрема Израел, и не само неутрални, туку и соработуваа со Израел. Сега, ситуацијата е обратна, т.е. на власт полека идат екстремни групи кои се залагаат за уништување на Евреите. Многу лошо за Израел, чија економија полека се ослободува од товарот да ја финансира војската.
Израел скока на повеќе ку*ови истовремено, ќе ми биде мило Еврејската држава некогаш и јако да се изгори поради тие нејзини двојни игри, од една страна се бори против Исламисти и е против радикалниот Ислам, а од друга страна ги поддржува во одредени држави или пак едноставно преќутува и се прави на Тошо !
Израел е една од најсамостојните држави во светот. Не молат за помош од никого. Ако имаат проблем сами го решаваат. За кратко време Израел ќе стани комплетно независна држава во секоја смисла. Израел е една од технолошки најмоќните држави, така да мислењето ти е многу погрешно.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Израел е една од најсамостојните држави во светот. Не молат за помош од никого. Ако имаат проблем сами го решаваат. За кратко време Израел ќе стани комплетно независна држава во секоја смисла. Израел е една од технолошки најмоќните држави, така да мислењето ти е многу погрешно.

Без да се генерализира, дури и врапчињата тоа го знаат, Израел без САД е никој и НИШТО..
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Од целава ситуација со Арапската пролет, Израел изгуби доста. Впрочем, во земјите во кои се смени власта постоеа диктатори кои беа неутрално спрема Израел, и не само неутрални, туку и соработуваа со Израел. Сега, ситуацијата е обратна, т.е. на власт полека идат екстремни групи кои се залагаат за уништување на Евреите. Многу лошо за Израел, чија економија полека се ослободува од товарот да ја финансира војската.

Па не би се согласил баш со ова. Вака, да, Египет и Сирија имаа/имаат диктатори кои беа неутрални кон Израел, но сега и да дојдат други уште по-екстремни групи нема да ја сменат политиката на неутралност кон Израел.
Сирија веќе е пропадната, и дури Асад да остане на власт, нема шанси да се заканува дека ќе го нападне Израел. Војската би била демотивирана, на државата ќе и требаат огромни ресурси за да се изгради се што е срушено до сега. Не би имале доволно пари да војуваат со Израел.
Дури и опозицијата да дојде на власт нема да ја сменат политиката кон Израел. Зошто? Види ја политиката на државите што ги спонзорираат бунтовниците.
Друга работа корисна за Израел е што и да се случи во Египет или Сирија, внатрешните конфликти ќе траат уште дооооолго. Муслиманите во Сирија ќе се во конфликт уште долго време.
Друга работа е што додека сето ова се случува, Израел започна да вади нафта од Медитеранското Море. Поради војната во Сирија, и ситуацијата во Египет, никој нема време да спомене дека 1-2 платформи за нафта се длабоко во водите на Либан. Либанската влада е преокупирана со бегалците од Сирија, и војната во Сирија што ако продолжи има големи шанси да се прелее во Либан.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Има Израелски платеници, тоа се целиот џган од Блискиот исток и Северна Африка, истиот џган од Либија го пренесоа во Сирија.
Складишта со хемиско оружје паднаа во рацете на бунтовниците пред неколку месеци, така да сега бунтовниците имаат хемиско оружје,
а еве изгледа дека Обама и Нетанјаху им дале знак да го употребат.
Па не би се согласил баш со ова. Вака, да, Египет и Сирија имаа/имаат диктатори кои беа неутрални кон Израел, но сега и да дојдат други уште по-екстремни групи нема да ја сменат политиката на неутралност кон Израел.
Сирија веќе е пропадната, и дури Асад да остане на власт, нема шанси да се заканува дека ќе го нападне Израел. Војската би била демотивирана, на државата ќе и требаат огромни ресурси за да се изгради се што е срушено до сега. Не би имале доволно пари да војуваат со Израел.
Дури и опозицијата да дојде на власт нема да ја сменат политиката кон Израел. Зошто? Види ја политиката на државите што ги спонзорираат бунтовниците.
Друга работа корисна за Израел е што и да се случи во Египет или Сирија, внатрешните конфликти ќе траат уште дооооолго. Муслиманите во Сирија ќе се во конфликт уште долго време.
Друга работа е што додека сето ова се случува, Израел започна да вади нафта од Медитеранското Море. Поради војната во Сирија, и ситуацијата во Египет, никој нема време да спомене дека 1-2 платформи за нафта се длабоко во водите на Либан. Либанската влада е преокупирана со бегалците од Сирија, и војната во Сирија што ако продолжи има големи шанси да се прелее во Либан.
Најконзервативните кругови во Израел го подржуваат Асад. Еве еден интересен податок, кој случајно или не им измакнува на оние кој ги криват евреите за сопствената беда.

Влегува Турски авион во Сирија, не повеќе од 1 километар во Сириска територија, во ист момент е срушен. Бомбардираат Израелски Авиони влезени 150 килметри во Сиријска територија, излегуваат негибнати. Како резултат на тоа, нагло се врти состојбата во Сирија и Асад бележи победи.

Целите на Израел не се Хезболах, не е ниту Асад, целите на Израелските авиони беа брадите.
--- надополнето: 16 јули 2013 во 14:33 ---
Еве уште еден детаљ кој може доста да каже, на оние кои без предрасуди влегуваат во толкувањето.
http://kajgana.com/izrael-ja-osudi-najnovata-odluka-na-eu
 
Сакав да кажам дека на Израел им одговара да се одолговлечи граѓанската војна во Сирија. Можеби лошо се изразив. Колку повеќе трае војната толку послаба Сирија ќе излезе од војната. Без разлика кој и да дојде на власт во Сирија, нема да може да им парира на Израел.
Израел ги помага и двете страни во конфликтот.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Секој месец, 5.000 жртви во Сирија
Објавено: пред 29 минути

Според податоците на Обединетите Нации, секој месец во конфликтите во Сирија, животот го губат околу 5.000 лица.

На состанокот посветен на Сирија, помошникот на генералниот секретар на ОН за човекови права, Иван Симоновиќ, изјавил дека нивото на убиства драстично го зголемува конфиктот.

Кризата со бегалци, е уште еден сериозен проблем, а според податоците, досега има 1,8 милиони регистрирани бегалци. Со тоа, кризата е најголема по геноцидот во Руанда во 1994 година.

Досега, во конфликтот кој трае 26 месеци, околу 100.000 луѓе го загубиле животот.

http://www.plusinfo.mk/vest/99514/Sekoj-mesec-5000-zhrtvi-vo-Sirija
--- надополнето: 16 јули 2013 во 21:21 ---
Свет | 16. јули 2013 - 8:34
Сириските бунтовници бараат правда пред исламски суд

Водечката бунтовничка група во Сирија, Високиот воен совет, соопшти дека бара „исламски суд“ да го испита убиството на еден од нејзините главни команданти, извршено минатата недела од страна на странски исламистички борци.

Ова е прва официјална реакција на Совет, кој ужува поддршка од западните земји, за убиството на Камал Хамами познат како Абу Баир ал Ладкани, кое ги сврте едни против други либералните и исламистички бунтовници во Сирија.

Според бунтовнички извори, главниот осомничен Абу Ајман ал Багдади се крие и нема најава дека неговата група Исламска држава во Ирак и Левант, која е поврзана со Ал Каеда, ќе му го предаден на Судот во градот Алепо.

- Шеријатскиот суд ќе го разгледа случајот... Сите страни се информирани за тоа. Воениот совет бара убиецот да му биде предаден на сирискиот суд. Советот исто така донесе одлука да ги отстрани контролните пунктови на главните патни правци и да не дозволи маскирани вооружени лица да стојат на пунктовите, истакна претставник на групата.

http://sitel.com.mk/mk/siriskite-buntovnici-baraat-pravda-pred-islamski-sud
--- надополнето: 16 јули 2013 во 21:22 ---
Свет | 16. јули 2013 - 9:21
Илјадници израелски Арапи протестира против планот за иселување на бедуините

Илјадници припадници на арапското малцинство во Израел протестираа против планот на Владата за иселување на десетици илјади бедуини од пустината Негев во соодветни населби.

Во админстративниот центар на Негев, Беершеба во демонстрациите, според полицијата, учествуваат 800 лица, а според организаторите, неколку илјади.

Петнаесет лица се приведени по судирите со полицијата, во кои три лица се полесно повредени, изјави портпаролот на полицијата Луба Самри.

Во околината на арапската населба Сахин во северен Израел протестен марш одржаа неколку стотини лица. Силите на редот приведоа 14 демонстранти, кои го блокираа патот и фрлаа со камења, додаде портпаролката.

Стотина лица се собраа во источен Ерусалим, каде полициајта исто така беше гаѓана со камења, при што е уапсен најмалку еден демонстрант.

Раководството на заедницата на израелските Арапи вчера повика на „Ден на гневот“, при што демонстрации се одржаа во 15 места во Негев, во Галилеја и во квартот Јафа во Тел Авив.

Израелскиот Парламент во јуни го усвои во прва фаза нацрт-законот, кој предвидува принудно иселување на 30 до 40 илјади бедуини, уривање на околу 40 нивни населби и одземање на над 70 илјади хектари земја во Негев.

Во Израел живеат околу 160.000 бедиуни, од кои повеќето во пустината Негев и нејзината околина. Над половина од нив живеат во нелегални населби без комуналии.
--- надополнето: 16 јули 2013 во 21:23 ---
Во Дамаск откриена масовна гробница во која биле закопани илјадници тела на сириски војнициСириската унија за заштита на човековите права објавила дека во близина на местото Катифе во Дамаск била пронајдена масовна гробница во која се наоѓаат тела на сириски војници, јавува РТ.

Според извештајот објавен од Унијата, телата на припадниците на Командата на третата дивизија со камиони биле пренесувани на таа локации, каде ги погребувале во масовната гробница. Во извештајот се истакнува и дека сите патишта кои водат до оваа локација се целосно затворени.

„Воени булдожери ископале големи дупки во кои се фрлаат илјадници мртви тела“, се вели во извештајот на организацијата.

Сириската унија за заштита на човековите права постоењето на масовната гробница го нарекла „страшен злочин на сириската влада против сопствениот народ“. Во извештајот се изразува загриженост за животите на илјадниците луѓе во сириските затвори, а на кои им се губи секоја трага. Сириската организација ја повикала меѓународната заедница да реагира за да се утврди судбината на околу 200 илјади затвореници.

Од организацијата истакнале дека дел од офицерите на сириската војска се одговорни за смртта на војниците кои претходно дезертирале, како и за убиства на затвореници во сириските затвори. Во извештајот се тврди и дека одлуката за масовните гробници ја донеле генерали и команданти на Командата на третата дивизија на сириската војска.

Анонимен извор од сириската војска за агенцијата Интерфакс изјавил дека масовните грбници се само привремено решение за војниците да можат да ги погребат своите соборци загинати во судирите со милитантите.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/vo-damask-otkriena-masovna-grobnica-vo-koja-bile-zakopani-iljadnici-tela-na-siriski
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Сакав да кажам дека на Израел им одговара да се одолговлечи граѓанската војна во Сирија. Можеби лошо се изразив. Колку повеќе трае војната толку послаба Сирија ќе излезе од војната. Без разлика кој и да дојде на власт во Сирија, нема да може да им парира на Израел.
Израел ги помага и двете страни во конфликтот.
Можеби на некои еврејски структури (воени профитери) кои се надвор од државната контрола, им одговара конфликт во Сирија. Но тоа е веќе криминална структура и тоа важи за било која нација во светот.

Но на Израел како држава повеќе му одговара стабилен систем во Сирија, па макар тој бил непријателски настроен, одколку раскалашена банда без никаква контрола врз своите луѓе. Гледај што се дешава во Египет и Либија.....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom