- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Ричард Донер е еден од моите омилени режисери, зад кој стојат извесен број одлични филмови, кои оставиле значаен белег во филмската историја (Супермен 1 & 2, Гуниси, Смртоносно оружје 1-4, Убијци ( Assassins) и други).
Меѓу нив се вбројува и Претскажување, кој можеби е и неговиот најзначаен филм.
Приказната за конечниот судир меѓу доброто и злото во монотеистичките религии е нешто што отсекогаш привлекувало внимание и интерес и било тема на многу верски книги и дебати, и истовремено е и тоа како присутна во колективната свест кај луѓето. Доаѓањето на Антихристот, како главен антагонист на се што е добро и кој воедно е и гарант за блискиот крај на светот каков што го знаеме во филмов е едно бебе, подоцна детенце, кое навидум е потполно безопасно и не буди никаков сомнеж.
Сепак, во текот на филмот, работите ќе станат појасни, но ќе се наметнат многу дилеми и внатрешни судири од кои најважната е според мене е тежината на одлуката еден човек да му пресуди на детето кое долго време го сметал за свое, што на крајот на филмот ќе биде и фатално.
Понекогаш отсуството на било каква глума може да биде поефективно од секаква мајсторска изведба. Сосем е очигледно дека малиот не се труди премногу. Зад безизразноста на неговото лице може да се кријат многу мисли и намери. Ако притоа уште еднаш потенцираме дека се работи за мало дете, границите на стравот се поместуваат и тоа на некој начин плаши повеќе и од типови како Мајкл Маерс, Фреди или Џејсон, оти зад нивните маски или изгореници се крие нешто што е или било човечко суштество. Овде работите се спротивни, главниот негативец се маскира во невино, мало и безопасно човечко сусштество чии потенцијали далеку ги надминуваат оние на гореспоменатите батки. Ваквата камуфлажа ја има во филмовите денес, но ми се чини дека Omen е првиот филм каде што е применета. Мајсторски екранизирана приказна, со сите салтанати, потребни за едно класично, ремек дело кое никогаш нема да застари.