ништо не разбрав, ако може да елаборираш?
1. прв болд, од каде врска со гроб и клањање?
2. втор болд......??????
3. пак ???????
Во исламот постојат 5 времиња кога се клања односно извршува молитва,кои се обврска за секој полнолетен и разумен муслиман и муслиманка.
Сабах - утринска молитва,пред појавување на сонцето.
Пладне - името ти кажува,точно на пладне.
Икиндија - После заоѓањето на сонцето.
Акшам - Кога ќе падне мрак.
Јација - Кога е веќе длабок мрак.
1.
Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. рекол: Оставете дел од вашите молитви за вашите куќи,не ги претворајте куќите во гробишта. (бележи Муслим)
Бидејќи е познато дека исламски не е дозволено да се извршува молитва на гробишта,исто овој хадис представува поттик за луѓето да клањаат и дома и во џамија,бидејќи сигурно има некој од неговите кој не извршува молитва, и со својот пример да го поттикне и мотивира итн.
2. Сабах е утринската молитва.
3. Молитвата(намазот) може да се врзе со друга молитва(од друго време) или да се скрати доколку е човек на патување,има олеснувања или некои други екстремни случаи како што е големо невреме,војна,кога се плаши за својот живот и тн.
на пр. Кога е човек на патување,
пладне и икиндија може да клања во пладневско време како би си олеснил на патување и слично.
Долга тема е тоа.
jasin: Доколку се испушти некој од намазите,ако немаш оправдување за тоа моли го Аллах да ти прости и гледај да не се повторува тоа