The?

  • Креатор на темата Креатор на темата pppv
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 септември 2008
Мислења
431
Поени од реакции
63
Веќе неколку време читам коментари по весници,фб итн. и не можам "THE"сфанам шо е тоа "THE".Дали ја сам стар и заостанан (не сам сигурен дали само младите така пишуват),"THE" сам прост,знам дека не сам(барем у врска со македонскио ни јазик секогаш сам имал добра оцена у школо).Така "THE",ќе ве замолам "THE" ми објасне те од каде овај глупав тренд на извитоперување на македонскио јазик.Простотија невидена по мене е тоа.
Повелете...

П.С.Овај пост,намерно го напишах на дијалект на кој шо се дума у мојо крај.
 
Хахаха, се работи за грешка. И јас тоа се запрашав пред некое време, што е со пишувањето THE кога е полесно да пишеш ДА. Уствари скриптата за коментарите на сајтовите на весниците, најчесто таа на Facebook, автоматски корегира зборови кои ќе пишеш на латиница. Па кога ќе напишеш „da“ ти го корегира во „the“ зашто е така наместено на англиски јазик да корегира. Немај гајле, не е до луѓето, до технологијата е овој пат.
 
На англиски со "the" се членува зборот. А за македонска употреба прв пат слушам.
 
Јас поодамна го приметив тоа. На коментари на фб го сретнував и не сфаќав во кој филм се влезени луѓето...
 
И јас го имам приметено истото, но доколку пишувате кирилица, нема да се конвертира од „да“ во „the“.
Македонскиот јазик секако се пишува само на кирилица, така што, не гледам никаков проблем.
 
Хахаха, се работи за грешка. И јас тоа се запрашав пред некое време, што е со пишувањето THE кога е полесно да пишеш ДА. Уствари скриптата за коментарите на сајтовите на весниците, најчесто таа на Facebook, автоматски корегира зборови кои ќе пишеш на латиница. Па кога ќе напишеш „da“ ти го корегира во „the“ зашто е така наместено на англиски јазик да корегира. Немај гајле, не е до луѓето, до технологијата е овој пат.

Да ти кажам право,олесна ми.Никогаш не би помислил...:)Фала ти нооогу.Частам пиво за овоа :)))
 
И ја го викав истото, коа ќе видев некој старец 50 години напишал "the" ваков бев :eek: После коа прочитав дека е грешка ми олесна. :icon_lol:
Еве како доаѓа до грешката.
The definition of DA is "The" or "District Attorney" or "Dad"
 
а на кој дијалект вака се дума?
и што е тоа дума воопшто? пишува или зборува?
јас знам дека дума е мисли......
 
Ај the видиме кај пишува така па the го тумачиме


Поправено. :D

Да, тие што оставаат коментари на латиница на сајтовите, само по себе им се поправа „da“ во the. Исто како што им се поправа и "i" во "I".
Тотална декноцентрција кога читаш македонски на латиница, згора на се со извитоперени зборови и секое „и“ ти е големо "I"... страшна работа, ама не секој има време за Shift+Alt.
 
ја неам приметено
дајте скриншот/линк


Еве ти на линкот што е погоре постиран, разгледај ги коментарите.
Очигледна е разликата помеѓу коментар оставен на кирилица (Алумонтажа Струмица) и оној напишан на латиница (Angel Arsovski Casanova).
--- надополнето: 10 јули 2013 во 21:28 ---
Го прочитав цел текст а тоа the нигде го нема


Зборуваме за "the" во коментари напишани на латиница. Текстот е на кирилица.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom