Баш така.
Колку време ќе треба со тоа антибиотиците за да ми загинат? И после лесно воочливи ќе бидат белезите или?
Најверојатно ќе ти дадат само ацикловир, тоа се антивирусни лекови, не антибиотици. Терапијата трае во зависност од твојата реакција, обично околу 5-7 дена требаат. Гледај што повеќе да спиеш бидејќи кога ти спиеш и вирусот не е активен и лекот може подобро да делува. Буквално со секое спиење ќе ти се подобрува состојбата. Ако не сакаш да ти останат лузнички земи си некоја посебно хранлива крема. Јас користев една крема од Dr. Hauschka, не ми текнува како се викаше но побарај ја најхранливата што ја имаат, а користев и Cicalfate од Avene, скапа е но немам ни трага, а пола лице ми беше зафатено од зостерот. И за да не ти останат лузни најбитно е
да не се чешаш и да не се допираш по местата кај што ќе ти се појават раничките за да не си навееш плус некоја инфекција.
Да не те плашам, во зависност од тоа колку е зафатен нервот (ако е херпес зостер) може да ти се јават болки, а местото што било зафатено да ти биде отрпнато подолг период и од време на време да те заболува. Во меѓувреме ако почне местото да те чеша земи си Калциум вита ц, едни големи шумливи таблети, мислам од Крка дека беа, многу помагаат против чешањето. И секако како што ти пишаа погоре, Б комплекс, а можеш и пивски квасец да земеш плус.
Најбитно е
што побрзо да одиш на доктор да ти препишат терапија пред вирусот да земе замав и да се размножи многу.