Што знам, можеби Џорџ Лукас- тоа што го снимил, а вредело, го снимил одамна. Време е да ја спушти сабјата и да престане да ја силува франшизата што самиот ја создал a long time ago...
Всушност ги има повеќе и потценети и преценети. Некои големи имиња, режисери на величенствени филмови го заборавиле талентот некаде по пат, ама не и желбата да режираат повторно и повторно.
Или пак ќе снимат еден-два арни филмови и ќе се истрошат. Таков е, на пример оној Индиецот, Најт Шамалан. Други, каков што е спомнатиот погоре Michael Bay, речиси и немаат со што да се пофалат, а си изградиле кариера. Ни Софија Копола не ме бендисува премногу.