Брак како порано

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Голем број на луѓе порано го склучувале бракот без љубов, а со текот на бракот тие ја стекнувале љубовта.
Можеме да забележиме дека нашите баби и дедовци, прабаби и прадедовци склучиле брак кој е поразличен од денешниот брак.
Порано момчето ќе појдело во најблиското село и ќе побарало кои моми се за мажење, а потоа кај таа која му се допаѓа, одел и ја барал раката од нејзиниот татко. Во денешно време и поголем број постари ергени склучуваат брак со моми за мажење од Албанија.

Дали во денешно време во некои Македонски села постои овој обичај, каде момчето се уште може да си побара жена?
Што мислите за овој тип на брак? :)
 
Тоа беше времето на Доста од Рожден и тоа време помина одамна откако комунистите (не комуњари-првиве се поштени луѓе) ги описменија рајата на вечерно и жената доби еднаквост апсолутна и загарантирана со закон што значи нема веќе купување на жена како стока.

Но нели нема правило без исклучок а и да бидам реален добро е по селава во кои децении се нема чуено сетски плач или смеа конечно да се чуе иако мајките се од Албанија, јебига на нашиве свињите им смрдат а пак овците имаат метил а не гледаат они дека се пометилави и од овци*

* ова важи за покондирени тикви.

Туку Боб ти би сакал Брак како порано??
 
Не, туку само онака ја отворив темава :)
 
У моја фамилија (од двете страни) главни причини за брак биле меракот, љубовта и парите (y)
 
Луѓето тогаш изгледа работеле по принципот "ако не си со тој што го сакаш, сакај го тој со кој си."
 
Мене муабетот ми беше, дали ваквиот начин на земање жена ( одење во село и бирање на најубавата) го има и во Македонија ( Македонските села) ? :)
 
де бе па и ти, прашај го дедо ти или баба ти, што туку овде прашуваш дечишта едвај 20 години што имаат......

п.с. такво земање од село в село имало порано, сеа како прво млади нема в село, како второ и да има млади така (како порано) не ги земаат жените 100%..
 
А шо праиме ако не се засакаат? Кај младиве денес мислам дека го нема ова. Е сеа купуваат старите ергени албанки, али се надевам дека у скоро време ке го снема тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom