S
Sagan
Гостин
Здраво на сите.
Откако ги ставија уредите кои емитираат ултразвук со кој ги бркаат птиците од скулптурите на двата нови моста, секој пат ми било чудно како луѓето воопшто можат да седат по кафичите на кеј и како никој не се буни против иритирачкото до лудило - „цивкање“, кое едвај се издржува само и да поминеш покрај мостовите, а камо ли да седнеш тука.
Синоќа додека седевме во еден од кафичите блиску до „Око“ двајца од друштвото тврдеа дека не слушаат никаков звук, додека еден едвај издржуваше и имаше главоболка заради тоа. Јас го слушав, но не до јачина да ме иритира (со оглед на бучавата од музиката и муабетите).
Знам дека човековото уво слуша до граница од од прилика 20 килохерци, додека овие измачувачки направи ги прават така да емитуваат звук со фреквенција од 15-25 килохерци. Исто, помладите слушаат повисоки звуци, која способност се губи со текот на возраста.
Прашањето ми е: ги слушате или не ги слушате звуците кои ги емитираат овие направи?