Во врска со темава со Руни. Да не ги цитирам мислењата на тие што го бранат. Лично јас, а и гледам голем дел од останатите фанови на Јунајтед не го пцујат, не го вреѓаат Руни врз основа на тоа што го направил за клубот. Напротив, сите сме му благодарни за неговите голови, за неговите перформанси за клубот и тоа е се. Тој со тоа што го прави во моментов, а и во минатото дава последица и утре да замини или да остане до крај на кариера во клубот да не биде ставен во исти кош со легенди од типот на Гигси итн од страна на фановите.
Значи клубот му влезе во пресрет при сите скандали со проститутката, со лошите перформанси во Англија каде цела јавност беше против него, кога се премисли при првото барање за трансфер и го одбрана во тој случај. Клубот, поточно САФ го направи играчиште зошто со неговиот темперамент прашање би било како би просперирал во друга средина. Еве гледаме какви успеси нижи со Англија.
Значи далеку е од споредба со ситуацијата на РВП во Арсенал, зошто Руни игра во клуб кој нижи успеси во ПЛ и останатите натпреварувања за периодот од кога е дојден, при првото трансфер барање доби нов договор и стана најплатен играч во Јунајтед и во ПЛ (освен сега шеициве од Сити кога си ги преплаќаат играчите), доби врвни соиграчи какви што бараше ( а притоа јавно изрази сомнеж за квалитетите на неговите соиграчи што е срамно). Значи клубот направил премногу за него, за неговите барања. Клубот му излегол во пресрет со еден збор.
А по тој фамозен договор како му врати Руни на клубот?? Со неконстантна игра, со дебелење, со паѓање во сенка на ниво на перформанси и на крај му враќа со шокантно барање за трансфер. Значи се гледа дека чувствуа страв за неговото место од играчкиот кадар во моментов на тимот, а со формата од последен период сигурно нема да му биде во прилог на Јунајтед да плаќа 250 илјади недело за ништо што значи чувстува и страв од намалување на основата на договорот. Ради овие настани Руни ги загуби сите кредити кај фановите, почитта пред се. И утре да остане во клубот со нов договор и да се пензионира во црвениот дрес нема да биде ценет од голем дел од фановите. Затоа во моментов сеисто ни се фаќа дали ќе остане или не. Ако остане и ако се врати во форма и придонесе за нови трофеи ќе биде добро, ако замине нема да има незадоволен играч во ростерот, ќе се ослободат големи финансии за клубот и пред се ќе може да се доведе нови играчи за тие фионансии.