Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Daybreakers (2009)

Како поджанр ми се допаѓаат овие филмови, во кои главните ликови се вампири. Се работи за свет во кој вампирите владеат и се останати многу малку луѓе, што е главен проблем: ако луѓето изумрат, ќе изумрат и вампирите поради недостаток на крв. Во целата оваа приказна се наоѓа докторот Едвард Далтон, вампир кој против своја волја станал тоа и не се храни со човечка крв. Тој е задолжен да направи вештачка крв за да можат вампирите да преживеат.

Понатаму ќе гледате, ова е само уводот. Ми се допадна како идеја. Ми се допадна што вампирите не се супер - суштества кои се движат побрзо од светлината, летаат наоколу и луѓето се без шанса. Напротив, вампирите се скоро со исти физички особини, единствено не шетаат дење и имаат потреба од крв. Не ми се допадна тоа што ликовите не се обработени доволно туку само површно. Не ќе беше лошо да имаше некоја приказна повеќе за главниот лик од времето кога бил човек, или за луѓето кои се кријат и бараат спас, а кои се сведени на статисти, со исклучок на 2-3 лика.

Сепак, не е воопшто лош филм и може да се изгледа. 7/10

 
Along Came a Spider (2001)

Малку постар филм со Morgan Freeman кој вреди да се погледне.
Приказна за психопат- киднапер, кој до перфекција го има осмислено своето злосторство, слично како што пајакот ја прави својата мрежа. Смислено ги навлекува детективите во својата психолошка игра, со цел не да изнуди пари, туку да остане запаметен во историјата.


 
Blind side

Еден од малкуте филмови што ги имам изгледано во последно време каде што не можам да најдам ниту една замерка освен наместо Сандра Булок да беше Мерил Стрип во главна улога.(немам никакви замерки за Сандра рољата ја изигра фантастично но сепак мислам дека оваа улога беше како измислена за Мерил)

Филмот е адаптација на роман и вистинска случка една навидум една обична сторија за хуманоста, пожртвуваноста, трпеливоста и драмата која ја нуди животот.
 
The Lovely Bones


Филмот е најдобриот кој ги имам гледано последнава година ако не и повеќе уназад филм кој изобилува во емоции и крајности во нив од една страна љубовта а од друга омаразата и потоа мир и спокојство па од друга страна лутина и бес
Филм во кој се претплетуваат скоро сите жанрови од драма трилер фантастика крими сторија и мал дел на хорор да не речам терор се на се една одлична целина која ќе ве
расплаче

Сузи е главната улога таа е нормално девојче од 14 години кое сака да го живее животот како и секој тинејџер но таа е убиена и нејзиниот дух е постојано над нејзината фамилија и над убиецот нејзин од рајот ги посматра ,таа пробува да ја потиснува нејзината желба за одмазда наспроти нејзината желба за да има мир во нејезиното семејство после нејзината смрт .....


lovely-bones-saoirse-ronan.jpg


моја оцена 10 / 10 и намерно не го ставив трелерот и не дадов по опширна рецензија да не ви го расипе филмот :smir:
 
Сузи е главната улога таа е нормално девојче од 14 години кое сака да го живее животот како и секој тинејџер но таа е убиена и нејзиниот дух е постојано над нејзината фамилија и над убиецот нејзин од рајот ги посматра ,

Не од рајот, од некое место измеѓу земјата и небото, кое Питер Џексон прекрасно го замислил и прикажал.
 
Up_in_the_Air_movie_poster.jpg

од пред две-три недели го гледав и многу ми се допадна. Во првиот дел Клуни не верува во брак, од 365 дена повеќето од тие дена ги минува надвор од својата куќа, патува во различни градови за да отпушта луѓе од работа. На крајот кога помислив дека е уште една романтична комедија оп пресврт(не го кажувам пресвртот за да му биде интересен на оние што не го гледале).
оценка 8/10

death_at_a_funeral.jpg

Некој имаше непишано рецензија за филмов и решив да го погледнам. СПУШТЕТЕ ГО,НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ!
оценка 8,5/10
10034_17_poster_1_f.jpg

имало и нова(лоша) верзија со црници само по трејлерот глумата е очајна иако глумат смешни типчиња како Крис Рок и Мартин Лоренс(инаку фимов нема премиера)
 
Не од рајот, од некое место измеѓу земјата и небото, кое Питер Џексон прекрасно го замислил и прикажал.
Брат намерно тоа го напишав ако пишев дека е заглевена во тој меѓу простор ќе требаше да кажам и дека таму е за да му помогне да го фатат нејзиниот убиец и да му се исполни желбата за нејзината љубов и т н ...

The Wolfman (2010)"
Типичен филм за волковраци но со повеќе итересни да не рачам по крвави сцени обична приказна за човек кој спасувајќи едно дете ќе биде жртва на волковрк односно каснат од него ќе проба неговиот татко да го излечи со тоа што ќе го стави не искушение ни нема да биде успешен и ќе направи пепел во неговото село потоа по него ќе тргни потерата ........ добро е што има љубов во приказната и доста се добро прикажани преобразувањата но едно нешто многу ми сметаше тоа што случувањето како да беше од ван хеселинг позадината скоро иста беше се насе добар филм иако ни малку не беше страшен


моја преодна оцена пред се за добрата камера маски 7 /10
 
The Wolfman (2010)"
Типичен филм за волковраци но со повеќе итересни да не рачам по крвави сцени обична приказна за човек кој спасувајќи едно дете ќе биде жртва на волковрк односно каснат од него ќе проба неговиот татко да го излечи со тоа што ќе го стави не искушение ни нема да биде успешен и ќе направи пепел во неговото село потоа по него ќе тргни потерата ........ добро е што има љубов во приказната и доста се добро прикажани преобразувањата но едно нешто многу ми сметаше тоа што случувањето како да беше од ван хеселинг позадината скоро иста беше се насе добар филм иако ни малку не беше страшен

моја преодна оцена пред се за добрата камера маски 7 /10
Фин предлог, голем фан сум на Ван Хелсинг, можеби не е нешто вау, ама сакам филмови со врколаци.
:)
 
Agora (2009)

agora.jpg



Едно големо FUCK YOU OSCARS! Затоа што едно срање од филм како A Serious Man може да добие номинација, а ова не може. Не ве гледам повеќе. Кој ве е*е.


Само трејлерот за жал пошто корегирав нешто и отиде се по ѓаволите :tapp:

10/10
 
Crimson Tide (1995) - многу мала рецензија

Хех, незнам како се преведува насловов на филмот. Црвен период, Црвена доба или најверојатно е нешто како Пурпурна плима.

Што е филмот? Тој е воена драма каде дејствието се случува во подморница. Светот е блиску до нуклеарна војна, па оваа подморница е наоружана со такво оружје. Интересно... Што ќе се случи со нуклеарките, ќе дознате ако го изгледате.
Има многу напната атмосфера од почеток до крај. Тоа го сакам. Приказната е добра, имаат интересна идеаја. Малце е репетитивна, исти работи ќе ги видите неколку пати, ама тоа не ја намалува тензијата кај гледачот.

Главната улога ја игра Дензел Вашингтот како извршен офицер (веднаш после капетанот). Некои од другите улоги ги играт Џин Хекман како капетанот и Виго Мортенсен и Џејмс Гандолфини како офицери. Како што гледате, играат познати и добри актери и добро си ја завршиле работата.
Режија е Тони Скот, барт му на Ридли Скот.
 
frailty_CD_v_1.jpg


Frailty (2001)

Филмот почнува како еден човек оди кај FBI агент да му раскаже за својот татко кој бил религиозен-фанатик и убивал луѓе бидејќи наводно биле демони...

Добар трилер со добар пресврт.. 7.5/10
 
Браво Биг Хрт одличен филм! адаптација на новела на Стивен Кинг.

Да не спомињам што во него глуми Бил Пакстон.
 
Не знам каде да да пишам тука ми изглеа најприкладно.Ај некој нека предложе некоја добра комедија да се изреласкирам малце.
 
Не знам каде да да пишам тука ми изглеа најприкладно.Ај некој нека предложе некоја добра комедија да се изреласкирам малце.

Види, не само што не е прикладно, туку и противзаконски е. Ќе избришам подоцна.

Туку, ако ти се гледа комедија, не е полесно да ја најдеш темата за комедии и да читнеш малку? Има доста луѓе што оставиле еден куп препораки таму.

Темава не е за да барате предлози туку за да пишете предлози со рецензија. Објаснето е 3142536412784612894 пати и убаво е напишано во правилата. Не ме чуди новите членови кога ќе погрешат но вие што сте почесто на форумов, не знам зошто се правите на три и пол.

Овој пат поминуваш без црвен следниот ќе го крка стапот. Немам намера повеќе да бришам, пребришувам и опоменувам. Ако ви се гледа комедија, отворете комедии. Ако ви се гледа трилер, отворете трилери. Ги имате и двете теми, оваа и последен гледан филм... читнете, препораки има колку сакате.
 
ај ако може предлог комедија. т.е. комедии :wink: онака повеќе :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom