Скопје со нов "светски" аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата viktora
  • Време на започнување Време на започнување
Одличен пост.

Може да се додаде дека Меминген е практично на пола пат меѓу Минхен и Штутгарт и дека Малме е блиску од Копенхаген, треба само да се помине мостот.

Не би се согласил дека Бергамо е заебан за конекции, баш напротив, имајќи ја во предвид мрежата на Рајанер на тој аеродром, како и постоечките лесни конекции до Малпенса.
И Eindhoven има милион и една конекција со Wizzair, Ryanair и transavia. Така да се слагам тие две дестинации се топ.
 
Доколку се решите да патувате сигурно ќе имате и пари па нема ништо да ве кошта за 20/30 евра плус да изнајмите и автомобил со кој ќе стигнете до градот.. =)
Јас ќе резервирам карта и ќе шибам за Милано =)
 
Зголемен бројот на патници на аеродромите
На двата аеродрома во Македонија во изминатите два месеца се превезени поголем број патници за 6,1 проценти во однос на истиот период минатата година.

Министерството за транспорт и врски соопшти дека во јуни и јули на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 200.516 патници, додека во истиот период лани биле превезени 189.019 патници.

Најзабележителен е порастот на бројот на патници на охридскиот аеродром, каде што во текот на јуни и јули се регистрирани 28.658 патници, што е за 16,5 отсто повеќе од вкупно регистрираните 24.596 патници минатата година.

На скопскиот аеродром во овие два месеца се превезени 171.858 патници, што во споредба со истиот месец во минатата година, кога биле регистрирани 164.423 патници, претставува зголемување за 4,5 проценти.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=255681476837294782F6A800E80C7994
 
По квалитет на услуги „Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа

13/03/2013 // Пред 4 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај
aerodrom-skopje-564x272.jpg

Наградата за најдобар аеродром во Европа ја доби Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во категоријата до два милиони патници годишно што ја доделува Меѓународниот аеродромски совет за 2012 година. Признанието се доделува врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот за аеродромските услуги.
Главниот оперативен директор на Холдингот „ТАВ аеродроми“ Мурат Орнекол денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена од оваа престижна награда за Скопскиот аеродром, кој што, како што рече, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се заснова на нивното знаење и искуство.
Меѓународниот аеродромски совет ја додели наградата на „Александар Велики“ во конкуренција на 275 аеродроми. Следна цел за годинава, според Орнекол е бројот на патници преку Скопскиот аеродром „Александар Велики“ да достигне милион. На крајот на минатата година преку аеродмромот во Скопје се превезени 906.871 патник.
http://faktor.mk/archives/36519
 
Да го пофалам, да, одличен е. Првин не го ни познав. Исто мора да ги пофалам и вработените и обезбедувањето, веома услужни. Се на се, ако вака задржат ниво, одлично. И превозот е добро организиран по летови (чека на пример последниот лет и патник) и станици низ градот.
 
РАСТЕ БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ И ЛЕТОВИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ



getImageThumbnail.axd
Во текот на март 2013 година е забележан најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава. На двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 71.598 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 24,3 проценти во однос на истиот месец минатата година.
"На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на март 2013 година биле превезени 68.434 патници, што претставува пораст од 21,9 проценти во однос на бројот на патници во истиот период во 2012 година. Исто така, пораст на бројот на патници минатиот месец е забележан и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде биле превезени 3.164 патници, што е зголемување за 120 проценти во однос на истиот период претходната година кога имало 1.148 патници", се вели во денешното соопштение од Министерството за транспорт и врски.
Податоците пак на официјалната страница на Тав аеродроми, каде на месечно ниво се објавуваат податоците за сите аеродроми со кои управува ТАВ, покажуваат дека и за првите три месеци од 2013 година споредено со истиот период лани има зголемување на бројот на патници на аеродромите во Скопје и Охрид за 12%. Бројот на летови за истиот период бележи раст од 3%.
http://kapital.mk/MK/makedonija/946...tnici_i_letovi_na_makedonskite_aerodromi.aspx
 
"На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на март 2013 година биле превезени 68.434 патници, што претставува пораст од 21,9 проценти во однос на бројот на патници во истиот период во 2012 година.
Да им ебам глупите... па нормално дека има пораст од 22%, пола шиптарана од дијаспората се слеа во Македонија да гласа.
 
ТАВ:За 27 % зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

На македонските аеродроми минатиот месец се регистрирани за 27 проценти повеќе патници во споредба со истиот месец лани, објави концесионерот на аеродоромите ТАВ Македонија. Преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ патувале 87.992 патници, а од охридскиот „Св. Апостол Павле“ 8.337, односно вкупно 96.329 патници.
Во текот на првите пет месеци од годинава во споредба со претходната, има зголемување на бројот на патници од 16,4 проценти со вкупно 365.358 превезени патници.
Според ТАВ, зголемен е и бројот на летови. Од јануари до мај годинава биле реализирани 4.564 операции на воздухоплови што е зголемување од 6,9 проценти во споредба со истиот период од 2012. Во мај годинава во споредба со мај лани е забалежано значително зголемување од 19,8 проценти.
Зголемувањето, објаснуваат од ТАВ, се должи на воведувањето нови линии на нискотарифниот авипревозник „Визер“, зголемувањето на фреквенциите на некои од постоечките авиокомпании, но и одржувањето на изборите во Македонија.
Најпопуларна дестинација од скопскиот аеродром во мај, но и во текот на изминатите пет месеци, од јануари до мај, била Истанбул, по која следат Виена, Цирих, Лондон и Љубљана. Најмногу патници патувале со нискотарифниот авиопревозник „Визер“, па со „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Адриа ервејс“ и „Пегасус ерлајнс“.
http://bukvar.mk/news/tavza-27-zgolemen-brojot-na-patnici-na-makedonskite-aerodromi?newsid=T_aN
 
Можно е враќање на Alitalia во Скопје, сега со лет Рим - Скопје.
 
Пораст на бројот на патници на македонските аеродроми


Македонските аеродроми во првото полугодие од годинава остварија речиси половина од посакуваните и прогнозираните милион авиопатници, што како цел за малку не беше постигната минатата година


transparent.gif

Имено, според податоците од Министерството за транспорт и врски, двата домашни аеродроми, скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, во првите шест месеци од годинава имале вкупно 469.006 патници, што е зголемување од 17,9 проценти во однос на истиот период лани, кога биле регистрирани 397.806 патници.

Ваквиот зголемен авиобиланс охрабрува пред ударниот шпиц во македонскиот авиосообраќај, кој е во текот на јули и август. Според Дејан Мојсоски, директор на АЦВ, секако дека тука дополнително имаат влијание и субвенциите што ги дава Владата, но тој пораст се должи и на либерализацијата на пазарот и на тоа што повеќе компании добија дозволи да летаат кон и од Македонија, што доведе и до зголемена конкуренција меѓу авиокомпаниите и намалени цени на авиобилетите.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=712131555219&id=10&prilog=0&setIzdanie=22927
 
Па нормално дека ќе има зголемен број на патници... Многу луѓе работат во странство, се иселуваат од тука... Многу од нив се враќаат да ги посетат своите.. А и албанската нација доста многу патува...
 
Па нормално дека ќе има зголемен број на патници... Многу луѓе работат во странство, се иселуваат од тука... Многу од нив се враќаат да ги посетат своите.. А и албанската нација доста многу патува...
Пред два месеци последно летав од Скопје, од цел авион 90% беа Албанци. А и претходни пати што сум летал, мнозинството беа Албанци.
Ама која проста сорта се значи, чудо невидено. Последниот пат летот каснеше уште од Скопје 2 саати можеби и кога конечно дозволија boarding, еден од тоа Албанците се дереше се караше со екипажот зошто каснел летот... цел лет дофрлаше, ко небаре стјуардесите криви му беа што летот касни. Ѓубриња нецивилизирани.
 
Пред два месеци последно летав од Скопје, од цел авион 90% беа Албанци. А и претходни пати што сум летал, мнозинството беа Албанци.
Ама која проста сорта се значи, чудо невидено. Последниот пат летот каснеше уште од Скопје 2 саати можеби и кога конечно дозволија boarding, еден од тоа Албанците се дереше се караше со екипажот зошто каснел летот... цел лет дофрлаше, ко небаре стјуардесите криви му беа што летот касни. Ѓубриња нецивилизирани.


И братучедми истото ми го кажа... Вика да не се албанците јас немаше да дојдам тука пошо тие го полнат цел авион затоа и има летови... Тие праат пари наваму натаму не македончето :D
 
И братучедми истото ми го кажа... Вика да не се албанците јас немаше да дојдам тука пошо тие го полнат цел авион затоа и има летови... Тие праат пари наваму натаму не македончето :D
Реално така е, барем на релација Гер.-Мак. Сеедно дали со авион или автобус, тие се мнозинство, на наша штета. Ако патуваш со автобус очекувај дека штом ги видат на граница по автоматизам се сомнителни... па следува претресување во многу случаи, распрашување. Еднаш се случи не симнаа сите од автобус и еден по еден со пасошот во рака кај цариникот и да кажиш која е целта на твојата посета, автобусот темелно прегледување... шта да ти причам.
Со авион немаш таква „среќа“, ама сепак племе си е племе, кај и да го пикниш. Ко слетав во Германија последниот пат, седев поназад во авионот и ко одев према вратата скоро целиот преден дел од авионот беше симнат веќе. Не можиш да замислиш каква беше глетката внатре во авионот, незгодно ми беше да вадам мобилен да сликам, а и луѓе позади мене чекаме сите да излезиме. Авионот беше НУЖНИК! Ѓубре на сите страни расфрлано, бетер отколку Дрисла... буквално одиш и газиш врз слој ѓубре. А нонстоп стјуардесите поминуваа со количките за да го соберат ѓубрето. Ама тоа ти е, стока!
 
СПОРЕД „ТАВ МАКЕДОНИЈА“

Скопскиот аеродром во август опслужил 23 отсто повеќе патници

Бројот на превезени патници преку македонските аеродроми во август се зголемил за 20,5 проценти во споредба со истиот месец лани, велат од операторот на македонските аеродроми „Александар Велики“ Скопје и „Св. Апостол Павле“ - Охрид, „ТАВ Македонија“.

mkd-42567.jpg
Преку скопскиот аеродром патувале 115.023 патници, што претставува зголемување од 23,1 отсто, а охридскиот го користеле 16.463, односно вкупно 131.486 патници на двата аеродроми.
Во текот на првите осум месеци од 2013 година во споредба со претходната има зголемување на бројот на патници од 17,5 проценти со вкупно 732.831 превезени патници. Зголемен е и бројот на летови, односно движења на воздухоплови. Од јануари до август биле реализирани 8.489 операции на воздухоплови што е зголемување од 9,9 отсто во споредба со истиот период од 2012 година. Во август, пак, има значително зголемување од дури 16,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година.
Зголемувањето на бројките се должи на воведувањето повеќе фреквенции неделно од страна на „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Кроација ерлајнс“ и „Флај Дубаи“. Дополнително, во текот на летната сезона неколкупати неделно имаше летови до туристичките дестинации Анталија и Измир во Турција со авиокомпаниите „Корендон“ и „Сан експрес“, како и неколку чартер-летови до Катанија, Сицилија. Патниците и понатаму покажуваат особен интерес за линиите на „Визер“.
Најпопуларна дестинација од скопскиот аеродром во август била Истанбул. Следуваат Виена, Цирих, Лондон и Малме. Помеѓу јануари и август, пак, петте најпопуларни дестинации се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Љубљана. Најмногу патници патувале со „Визер“, „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Адриа ервејс“ и „Пегасус ерлајнс“, соопшти „ТАВ Македонија“.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonom...-vo-avgust-opsluzhil-23-otsto-povekje-patnici
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom