Рубикова коцка

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Успевам да ја решам ама на еден поинаков начин:

Потребни елементи: штравцигер и лепак.
Постапка:Вадиш една средна плочка, раштрафуваш и се растура целата, после ја составуваш (многу е лесно) пак ја стегнуваш со штрафот, ја лепиш плочката и како нова е рубиковата коцка:vozbud:
Потребно време: не повеќе од 15 минути.

П.С. Оваа е за неинтелегентни кои незнаат да ја решат на правиот начин :kesa:
 
Море мајката како можат некои, за пола минута ја местат а јас со саати една страна неможам да составам!?
Што е разликата во оригиналот коцка од обичната?:pipi:
 
Море мајката како можат некои, за пола минута ја местат а јас со саати една страна неможам да составам!?
Што е разликата во оригиналот коцка од обичната?:pipi:

Нема да ти се заглават коцките после 3 обиди:)
 
Типчето е Американец али Јапанска фаца. Светски рекордер е со 11.3 секунди мислам. Го имаше на едно шоу тука Beauty and the Geek. И на една епизода му ги врзаа очите, му ги врзаа рацете наназад, и една девојка ја размести коцката. И после му намести 3 прсти и му кажа кој прст на која боја му е. И според тие 3 бои, го намести пак за 12-3тина секунди. Ме зачуди стварно

рекордот е оклу 6.7 секунди од еден холанѓанец
 
Не сум пробал до сега, не знам зошто. А отсекогаш сум сакал такви занимации, сум решавал други слични “проблеми“ ама Рубикова коцка не.
Баш ќе пробам... :)
 
Ја имам апликацијата на телефон, а и видеото веќе го објавив на Кајгана... :)

Али, ми фали коцката :)))
абе имаш во скоро секоја кинсека продавница, знам брат ми ја зема за 30-40 денари...еј да бе, кај бисер кај тобако имаш џиџимиџарница...мора да имаат...:)

иначе јас барам коцка ама со лагери за боље лизгање (со една рака моеш да ја местиш дури) ...да постојат и такви :)
 
Братучед ми кога беше во Германија си купи 2 Рубикови коцки.Една Рубикова коцка беше 20 евра (значи за двете 40 евра).Тие се стварно квалитетни.Не се излепени со лепенки во боја кои пагаат,не се заглавуваат...стварно квалитетни.И до ден денес ги има и уште се добри,не е падната бојата од коцкичките,не е расклатена..Квалитет.:)
:salut:
 
е таква сакам :) низ македонијава кај има таква??? жими се и надвор од скопје да е ќе идам да си зеам :):)иначе...ако не го поседувате последниот модел на i-pod, и сте мрза ко мене, најдов програмче кое ќе ги реши вашите проблеми...повелете....http://statusquo.mkd.net/Cube.rar
 
Добра реклама:icon_cool
 
Архитектот и вајар 64-годишниот Ерне Рубик, кој е иноватор на познатата Рубикова коцка, наскоро ќе ја претстави својата нова играчка „Рубик 360“.

Унгарскиот пронаоѓач се надева дека новата играчка ќе го повтори успехот на коцката која пред речиси три децении ги преплави пазарите и се уште е една од најпродаваните играчки на светот.

„Рубик 360“, која ја чинат шест шарени топки „заробени“ во три проѕирни пластични сфери, ќе биде премиерно претставена на саемот за индустрија на играчки, кои ќе се одржи на 5 февруари во Германија, пишува лондонски „Телеграф“.

Како и Рубикова коцка, и нова мозгалка претставува играчка со фрустрирачки предизвик - задача која едноставно се сфаќа, но многу тешко може да се реши. Играчот мора да постави шарени топки во деловите кои си одговараат провлекувајќи ги од внатрешноста во надворешната сфера низ меѓусферата која има само два отвора.

Рубиковата коцка, составена од 26 помали пластични коцки кои се вртат околу средината на јадрото, постигна многу брз успех кога се појави во 1980 година. Од тогаш се продадени повеќе од 350 милиони примероци низ целиот свет.

Познатата коцка за која нејзиниот изумител вели дека ја замислил пред се како уметничко дело, а не како играчка, доби место и во постојаната поставка на Музејот на модерна уметност во Њујорк.

Од 1980 година, Рубик, кој живее повлечено и никогаш не дава интервјуа, лансира неколку играчки и игри, но никогаш не го повтори успехот на „коцката“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom