АРМ со нова опрема?

  • Креатор на темата Креатор на темата darel
  • Време на започнување Време на започнување
Ако влеземе во НАТО ќе треба и МИ-24ворките да ги продадеме или приземјиме...

Naprotiv gresna e tezata deka na SAD I NATO im odgovara jaka clenka duri I stabilna-ne vlevajte vo FILM DEKA NEKOJ NI BRANI BIDEJKI ZA TAKA DA BIDE TREBA SANKCII DA IMA, znaci akl malce:)

Na sosedite ne im odgovara.

Ponatamu Germanija vlozuva. Ili eve grub prosek na NATO po 50-70 000$ od vojnik a kaj nas za specijalni sili edvaj se krpi.

Znaci na NATO I SAD IM ODGOVARA JAKA MODERNA I MOBILNA ARM(N za jabe ucestvavame vo misii mirovni,liban, irak bese avganistan sto znaci konkretno na NATO(NAS) ni odgovara posle 2014 ARM da praka poveke brigadi na misii kako I helikopteri(mi-17 za medivac nd primer ili na primer moderniziranite mi-24 od Izrael koi imaat FLIR, HUD pa topot puka vo pravec na koj bukvalno operatorot so pogled ke ve pogodi, ponatamu kako idna NATO clenka nasive moroni imaat plan da suhoite ili gi prodadat/zamenat za transporten herkules za da imame transporj nd vojska kako I padobranci(licno mislam suhoite treba elbit systems da gi modernizira poradi destruktivniot kapacitet I survivability, ponatamtu polozbata e vazna bidejki bukvalno sme na centar taka da moze celo juzno NA. TO KRILO da izgubi ako rusite prvi stignat...so C-300PPMU3 zatoa poarno kako sto predloziv MIM-23 HAWK ENHANCED FUSE &ABM plus patriot pac-3 I kako mobilen tunguska, pantsyr ili tor m-1.

Zaklucok-nasite se nekadarni da vodat I razvijat armija koja ke gi prati modernite warfare trendovi I ke ni bide korisno vo noviot eon.
 
За малку пари Македонија може да се вооружи до заби
transparent.gif
Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Армијата на САД наредниве месеци ќе се „ослободува“ од 750.000 парчиња оружје и различна воена опрема, меѓу кои и 2.000 оклопни возила од типот МРАП. Токму ваквата ситуација е идеална за Македонија и, ако за тоа има иницијатива од врвот на Министерството за одбрана и од АРМ, за симболична цена можеме добро да ја опремиме нашата војска
oruzje-mrap-afganistan.jpg
transparent.gif
Последен пат годинава во јавноста беше спомената можна набавка на 80 транспортери
САД СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД ОРУЖЈЕТО ВО АВГАНИСТАН
Седум милијарди американски долари вредна воена техника составена од топови, оклопни возила и од транспортери на војската на САД се заглавени во Авганистан засекогаш, пишуваат американските и светските медиуми. Станува збор за 750.000 парчиња најразлично оружје и воена опрема што е тешка 77 милиони тони и за која се проценува дека е вредна приближно седум милијарди долари. Со ова оружје веќе една декада се војуваше во глобалната војна против тероризмот во Авганистан и Ирак и на Блискиот Исток. Администрацијата на претседателот Барак Обама проценила дека оружјето е прескапо и претешко да се врати назад во Америка по најавеното повлекување во текот на 2014 година и Вашингтон ќе треба да смисли начин како тоа да го стори најбезболно за плаќачите на даноци во САД, но и оружјето да не падне во рацете на радикални исламски милитанти.
Повлекувањето чини цело богатство
Според пишувањата на американскиот весник „Вашингтон пост“, оружјето најверојатно ќе треба да им се продаде на заинтересирани сојузници по симболична цена или да му се подари на официјален Кабул. Во најлош случај, тоа може едноставно да се уништи на самото место, а Вашингтон во секоја варијанта ќе загуби многу.
Од друга страна, пак, магазинот „Недела“ од Пенсилванија пишува дека големо богатство ја чинеше Америка додека војуваше на Блискиот Исток, а сега уште поголемо ќе ја чини да се повлече оттаму, откога сѐ е готово.
- Дали е нормално Пентагон да ги фрла парите во воздух и навистина да планира да жртвува 2.000 оклопни возила од марката МРАП, кои вредат околу 110.000 долари по парче - прашува магазинот „Недела“ во својата колумна на оваа тема.
Весникот во својот текст го рангира возилото МРАП меѓу најдобрите на пазарот за воена технологија во споредба со конкурентните возила од овој тип, сопственост на армиите на другите земји. Магазинот дава и сугестија. Наместо да се демонтираат стратегиски најбитните делови на американската војска во овие краишта, тие да се донираат на сојузничките армии од НАТО што се послабо вооружени и може да ги исползуваат.
Алан Естевез, заменик-секретар за одбрана за прашањата од логистиката на американската армија, во изјава за магазинот „Национална одбрана“ вели дека САД нема да бидат ниту првата ниту последната светска сила што на ваков начин се справува со својата опрема.
- Повлекувајќи се од Авганистан и колонијална Британија и потоа Советскиот Сојуз, кога биле присутни тука, извршиле слични активности и на идентичен начин како ние сега се ослободиле од вишокот воена опрема на патот кон дома - вели Естевез.
Шанса што не смее да се пропушти
Токму ваквата ситуација е идеална за Македонија доколку надлежните во Министерството за одбрана пројават интерес нашата земја да се најде можеби во зделката на деценијата, да се искористи можноста и за релативно многу малку пари да ја опремиме македонската војска со софистицирано модерно оружје.
На АРМ ѝ се потребни приближно 200 оклопни транспортери за да се зацврсти безбедносниот бедем на државата што е поставен во првата официјална стратегија за одбрана, подготвена од кабинетот на претседателот на РМ и врховниот командант Ѓорге Иванов. Набавките на нови оклопни возила за АРМ доцнат веќе осум години, а првпат беа предвидени во 2004 година. Неколку министри досега, вклучувајќи го и сегашниот Талат Џафери, заедно со своите најблиски соработници се обидуваа да најдат начин за опремување на АРМ со вакви и слични оклопни возила.
Последен пат годинава во јавноста беше спомената можна набавка на 80 транспортери. Толкав беше бројот на потребни возила во преговорите во кои Македонија и Хрватска заеднички требаше да набават вкупно 200 транспортери директно од финска „Патрија“ на средината на минатата деценија. Хрватска досега нарача 126 борбени возила, а Македонија ниту едно.
Овие планирани возила што сака да ги купи АРМ треба да бидат оклопени да издржат погодок од оружје со калибар од 14,5 милиметри и да бидат вооружени со топ од најмалку 30 милиметри. Оклопните транспортери што АРМ сега ги поседува во стандардните верзии немаат такви перформанси.
Воено-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски објаснува дека доколку навистина постои ваква шанса, АРМ треба да размисли сериозно за неа, а доколку САД навистина сакаат да го продадат оружјето од овој тип, без оглед на цената, тие треба по дипломатско-војнички канали да се обидат да им го продадат на заинтересираните сојузнички земји како што сме ние.
- Иако настани од овој тип се реално ретки во светот на воената дипломатија, ние како држава не треба да се залетуваме, па по секаква ниска цена да се обидеме да ги донесеме тука во Македонија овие оклопни возила - вели Стефаноски.
Тој објаснува дека треба да се земе предвид и тоа дали овие возила што досега војувале во пустински предели на Блискиот Исток воопшто се компатибилни за користење во одбранбени цели на терен каков што го има Македонија.
- Освен тоа, многу треба да се размислува и за фактот колку се економски исплатливи американските оклопни возила поради потрошувачката на гориво, па сѐ до цените за резервни делови за нивно одржување по евентуалната набавка - подвлекува тој.

--- надополнето: 5 јули 2013 во 00:09 ---

Sega treba pamet
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom