Ќе се реконструира железничката станица во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Тендерот и тендерската процедура за изведување на градежните работи за рехабилитација и надоградување на Железничката станица во Скопје се објавени денеска.

Целосната постапка за избор на изведувач ќе биде согласно правилата на Европската Унија и се очекува во период од околу 7 месеци да заврши постапката за избор на изведувач по што ќе може да започне и физичката реализација за рехабилитација на Железничката станица во Скопје.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески информираше дека финансиските средства за реализација на овој проект изнесуваат околу 2, 5 милиони евра и оти истите во висина од 85 проценти се обезбедени со помош на Европската Унија, односно преку ИПА фондовите.
-Реконструкцијата ќе настане по цели 33 години. Значи од 80-тите години кога е изградена оваа железничка станица воопшто нема извршено реконструкција, рече Јанакиески и додаде дека јавниот повик трае до 3 ти септември и изрази очекување дека до крајот на годината или на почетокот од следната ќе има избрано и градежна компанија која ќе започне со градежните работи.
Согласно Повикот градежните работи треба да завршат во рок од 12 месеци, што значи дека во 2015 та согласно плановите проектот треба да биде завршен.
Министерот информираше дека веќе се изготвени и проектите за останатите 10 железнички станици кои што се наоѓаат на Коридор 10 и оти во текот на наредниот месец во соработка со ЈП Инфраструктура документите ќе бидат доставени до Европската Комисија.
Железничката станица етажно е составена од приземје, мезанин и платформско ниво и во секој дел ќе се изврши соодветно рехабилитирање.
Перонската платформа ќе биде подигната со цел да се задоволат европските стандарди ид областа на перонските платформи на конвенционалните железнички мрежи. Ќе се постават два нови лифта од челична носива конструкција за дирекна комуникација меѓу приземјето и горната перонска платформа.
zz_stanica_platforma-500.jpg

Исто така, покрај конструктивните зафати ќе бидат превземени и зафати за реновирање на внатрешноста на железничката станица.
Со цел обезбедување на информации за патниците во железничката станица ќе биде воведен Патнички информациски систем, кој ќе претставува интегрално решение за обезбедување навремени информации до патниците кои се однесуваат на нивното патување.
ИСто така, во насока на подобрување на енергетската ефикасност на станицата предвидено е инсталирање на фотонапонски систем (соларни поанели) на покривот на платформата составен од 4 стринга. Овие панели ќе произведуваат електрична струја за потребите на железничката станица.
Главната цел за реализација на овој проект е Скопје да добие модерна, реновирана железничка станица која ќе ги задоволи и естетските и безбедносните потреби на патниците во Македонија, а паралелно со тоа да се подигне атрактивноста на превозот со железница.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/12...e-rekonstruira-zeleznickata-stanica-vo-Skopje

Алелуја.
 
За ова и јас имав поднесено барање и лично бев да барам, се надевам не сум усрал работа.:unsure:

Иначе со стакло треба да биде.
 
Конечно! Ова и тоа како е нужно да се направи. Само се надевам под модерно не подразбираат барокен стиропор.
 
Ќе се гушка ли и железничкава за да се “заштити“ нејзината карактеристична архитектура ?
 
За 2.5 милјони евра јас секоја година би ја реконструирал! Што не кажете ебаве тоа. :icon_lol:
 
Им текна, пише ќе бидат опфатени и другите станици од коридорот, па се надевам дека ќе биде така.

Елеганција, се надевам дека ќе им текне да отворат продавница за свилени шамичиња за мавтање.
 
А некој понов воз да донесат?

Имаше вест дека по етапи ќе се носат нови вагони и локомотиви, и дека имало договор со некоја фабрика која ќе ги изработила. Не знам до каде стигна тој проект, зашто до сеа требаше да има барем неколку нови вагони...

Се надевам дека железничкава нема да ја усерат со некоја глупа фасада. Многу архитекти ја сметаат како совршена идеја за железничка станица во сред град, ама штета не е целосно изградена како што било планот. Од тоа што требало да биде покриено на пероните горе, само 20 посто е направено, додека чекалниците и другите делови од желеничката се тотално нефункционални.

Би било фино да се направи национален план за реконструкција на сите железнички станици низ Македонија, со цел задржување на изгледот кој го имаат, зашто тие железнички станици се градени од французи, по терк на нивните станици, и изгледаат навистина убаво ако се средат.
 
Со вакви што сакаат да градат барок и не знам што уште, со вакви што се прават експерти, а се партиски војници, слабо дека ќе ги послушаат французите...
 
Целосна перонска платформа, тоа е вистинската заштита. Ако не се покрие целосно за неколку години повторно ќе биде во иста состојба.
Можеби треба да се проверат и оние столбови на кои е подигната од земја. Железничката станица е голем комплекс, со два огромни тунели под земја по целата нејзина должина. Има огромни подрумски простории под самата раскрсница. Столбовите се огромни, колку се гледаат во височина толку се длабоко во подрумските простории, зборам за заштита од влага количини на вода кои се собираат, штетата може да биде катастофална.
Интересно е:
Со цел обезбедување на информации за патниците во железничката станица ќе биде воведен Патнички информациски систем, кој ќе претставува интегрално решение за обезбедување навремени информации до патниците кои се однесуваат на нивното патување.
Функционалноста се состои од податоци кои може да се преземат од центарот за телекомуникациско управување (телекоманда), но што со останатите (затворени) железнички станици. Каде таму патникот ќе добие информација или само во Скопје има патници.
 
Со вакви што сакаат да градат барок и не знам што уште, со вакви што се прават експерти, а се партиски војници, слабо дека ќе ги послушаат французите...

Види што се убави, само да се реновираат (извинете за големините, на интернетов нема помали слики од овие):

%D0%96%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_6663.jpg

zeleznicka-stanica-bitola.jpg

F4C8CCBF-1A8C-497E-8DC6-5862947CF027_mw1024_n_s.jpg

71_big.jpg

351eutt.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom