Двата цитати и Алберт Пајк и едниот за заклетвата за 16-ти степен се од книгата на Ралф Еперсон, Масонерија. Џабе изгубив време читајќи ја книгата. Цела книга е со цитати од Алберт Пајк и од некои други масони, а Еперсон само ги објаснува, како демек во нив има скриено сатанистички пораки. Сите цитати ми изгледаа нормално, но овие два не се баш како што треба па затоа прашав дали се точни.
Ако е некое сериозно издание, ќе пишува од каде се цитатите (обично на крајот на книгата, треба да има листа на цитати, наведувајќи од која книга, кој автор, година на издавање и обично и која страница од книгата) - провери. Ако ги има, ќе ти ги најдам оригиналните.
А за заклетвата прашав дали е точна зошто кога би била точна масонот се обврзува да му помага на братот масон и кога би бил во затвор. За да биде во затвор треба да изврши кривично дело, а со тоа автоматски е исфрлен од масонската ложа.
За заклетвите не сакам да навлегувам во детаљи, но во конкретниот случај - преводот е многу погрешен. Еве објаснување за тоа што е 16-тиот степен, па изведи заклучок за што се однесува:
http://www.phoenixmasonry.org/AASR_1884_/16th_degree_prince_of_jerusalem.htm
Пишав пријателство на душата со материјалниот свет, таа е поврзана со материјалниот свет со нашите чувства за допир, мирис, вид, слух и вкус. Во третиот степен се откажува од материјалниот свет од кој е зависен нашиот ум.
Да, те разбрав. Сепак, како што реков - третиот степен е откажување од материјалното - точка.
--- надополнето: 29 јуни 2013 во 02:12 ---
Што претставува Holy Royal Arch во масонеријата? Дали тоа е исто ред како што се Шкотскиот и Јоркшкиот или е посебен ред?
Јорк редот реално не постои како таков. Тој е комбинација од три различни реда, кои во Северна Америка се викаат Јорк Ред. Тоа се Holy Royal Arch, Cryptic и Templar Order. Во Европа, особено во земјите со Англиско масонско влијание, има четири, затоа што Mark Master Mason степенот се изведува како независен степен, а не како дел од Holy Royal Arch (како што е тоа случај во Северна Америка). За да се влезе во HRA, мора да се биде мајстор, а за да се влезе во Cryptic и Templar, мора да се заврши HRA и соодветно Cryptic (иако во некои јурисдикции може да се премине од HRA во Templar без да се помине низ Cryptic).