Масони

Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
не не,нема врска пентаграм со Исус :) баш ќе ти најдам извори,па прочитај :)
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 20:49 ---

Ти мислиш на пенталфа,не на пентаграм. Пентаграм е само ѕвезда (петокрака по југословенски :) ),а пентаграм во круг е Пентакл. А Пенталфа е пентаграм,ама со езотерично значење...сите три се различни и по изглед и по значење
На пентаграм мислам.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
На пентаграм мислам.
како и да е,се се ова окултни работи,немаат врска со христијанството. тоа што некој си поет го ставил во поема за да покаже пет прста,пет рани на Исус,пет радости што мајка му ги добила од него...тоа нема врска со христијанството. ако веќе одиме натаму,дури и носењето крст не е баш христијански,затоа што токму на тој крст Исус умрел за нас нели? а ние со носењето го славиме баш тоа,предметот на кој умрел. ова е веќе друга тема,доста беше :)
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
како и да е,се се ова окултни работи,немаат врска со христијанството
Ти да го проучиш христијанството барем малку ќе сватиш дека пентаграмот е масонски симбол. Инаку, зошто сатанистите го користат превртениот пентаграм како симбол?
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
Ти да го проучиш христијанството барем малку ќе сватиш дека пентаграмот е масонски симбол. Инаку, зошто сатанистите го користат превртениот пентаграм како симбол?
сатанистите го користат превртениот,масоните го користат исправениот...а инаку Масони и Илуминати не е исто. Дел од масоните што се отцепиле и продолжиле "под закрила на Луцифер" немаат врска со оние првични масони. Не знам дали некој напишал како се создале масоните во прво време,ама еве на кратко....во нивно време тие биле највредните и најстручни ѕидари кои разбирале математика и физика,а тогаш тоа им било дозволено само на свештениците. кога почнале да ги прогонуваат и убиваат,почнале тајно да се состануваат со цел да не бидат откриени и еден ден кога ќе станат силни да го вратат ударот.знаците кои ги вградувале во градбите значеле: не не гледате,ама сепак сме тука....масоните немаат проблем со светот,имаат со католичката црква...е тоа што некои ептен забегале,па се прогласиле за Илуминати...тоа е друго два
 
Па масоните го користат исправениот пентаграм нели, што не е симбол на сатанизмот.
Кои се тие масони што се отцепиле и продолжиле под закрила на луцифер?
Сакаш да кажеш дека одреден дел свештеници биле ѕидари и они ги граделе храмовите? Не ти е точна теоријата за настанување на масоните. Ако мислиш на севидливото око за знак што го оставале масоните, не е точно ни тоа затоа што тоа е симбол на христијанството и го симболизира бог.
И како тоа масоните биле свештеници, а имаат проблем со католичката црква? Од кого биле прогонувани?
 
читај убаво,масоните биле обични занаетчии кои знаеле нешто што само свештениците смееле да го знаат...кога ќе имам време ќе добиеш километарски пост со цитати и наведено од каде е цитираното,па ќе видиш
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 21:36 ---
Ако мислиш на севидливото око за знак што го оставале масоните, не е точно ни тоа затоа што тоа е симбол на христијанството и го симболизира бог.
ептен темава не е за христијанството,ама кога ме влечеш за јазик ќе ти кажам вакво нешто (макар да ме распнат овде сите останати)...христијанството е препишана религија од неколку други што постоеле неколку илјади години претходно. види ги само старите вавилонци,сумери и други цивилизации...па и тие имаат бог што се родил од жена човек,бремена од некој дух....да знаеш колку од тие религии скоро 90% се исти со христијанството,одма ќе се откажеш од верувањата
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
ептен темава не е за христијанството,ама кога ме влечеш за јазик ќе ти кажам вакво нешто (макар да ме распнат овде сите останати)...христијанството е препишана религија од неколку други што постоеле неколку илјади години претходно. види ги само старите вавилонци,сумери и други цивилизации...па и тие имаат бог што се родил од жена човек,бремена од некој дух....да знаеш колку од тие религии скоро 90% се исти со христијанството,одма ќе се откажеш од верувањата
Имаш докази?
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
сакаш да отвориме нова тема? само да не ти се крене коса на глава во секунда ;)
Отвори ако сакаш, може и по приватна порака да ми пратиш, само да не бидат како за масониве што ги наведе дека биле сатанисти, а не приложи ниту еден реален доказ.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Пенталфата не е симбол, а е вид на "загатка" во врска со пентаграмот.
Пентаграмот не е сатанистички симбол - а е Христијански. Се појавува уште во раното Христијанство - уште пред крстот да се употребува - за да ги симболизира петте рани Исусови. Симбол е на страдањето, но и на нешто поголемо - на себежртвувањето, на идејата дека има нешто што е поважно од самите нас. Како симбол е присутен во многу православни и католички цркви. Во анти-христијанска конотација почнува да се користи дури во крајот на 19-тиот век, а зема замав во втората половина на 20-тиот век. Сатанистите од 20-тиот век, го користат превртен, давајќи објаснување дека така е симбол на сатаната, а демек исправен значи нешто друго - што е бесмислено - во Христијанството се користи и во двете форми, почесто завртен наопаку. Воопшто не е врзан со средновековната поема - иако таа ја прави идејата популарна.
Многу симболи имале едно значење оригинално, но денес, пред се, заради неукост - се асоцираат со друго значење. Хептаграмот, кој денес е симбол за Израел и еврејството - всушност е христијански симбол, и со него се означува крвната врска на Исус со Давид. Како надворешен симбол во синагогите почнува да се користи во 19-тиот век, и е употребен од архитект кој е христијанин. Крстот наопаку денес се смета за сатанистички симбол, а е всушност длабоко религиозен христијански симбол, затоа што според преданието, Свети Петар бил распнат на таков крст - и многу долго таквиот крст е симбол на папата во Рим.
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
zidarski стварно не е фер само заради една член, останатите да немаат можност да водат дискусија со тебе. Глупо е да пропадне темава.

И доколку се одлучиш да продолжиш со дискусијата на форумов би те прашал дали е точна оваа заклетва за 16 степен од Шкотскиот ред:

"Понатаму, ветувам и се колнам дека никогаш нема да го напуштам братот, во каква и да е незгода, во борба, или болест, или во затвор, туку дека ќе му помагам и ќе го поддржувам со својот совет, со помош на пријатели, меч и пари"

Исто така дали се точни цитативе од Алберт Пајк:

"За да ја спречат Светлината одеднаш да побегне, демоните на Адам му забраниле да јаде овошје од знаењето за доброто и злото, со што би стекнал знаење за царството на Светлината и за темнината. Се покорил; еден ангел на Светлината го навел да се измени"

"Ако светот бил „несоздаден“ немало ниту „Творец“. Ако „немало почеток“, не е создаден од ништо. Ако не бил создаден, тогаш не постоел ниту Творец. Ако нема Творец, тогаш нема ниту библиски Бог, а верувањето во еден таков Бог значи верување во „ужасен апсурд“."
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 18:18 ---
Пентаграмот, кај масоните мислам дека исто така ги симболизира раните на Исус Христос. Петте точки го симболизираат пријателството на нашата душа со материјалниот свет т.е. нашите пет сетила
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 18:33 ---
Зидарски, сега сватив што сакаше всушност да кажеш во врска со приказната за Хирам Абив.
Тоа не е вистинска приказна туку симболична. Таа не се однесува на градењето на физичкиот храм, туку на храмот во Хирам Абив. Неговиот духовен храм останал недограден. Хирам на хебрејски значи учител. Со неговата смрт, нема кој да не научи како да го доградиме храмот во себе.
Царот Соломон наредил Хирам Абив да биде закопан во доличната гробница вон Светиот град, во гроб со три стапки од средиштето меѓу Север и Југ, 3 стапки меѓу исток и запад и пет стапки во височината. (не сум сигурен дали ги напишав точно страните на светот)

Всушност, гробот на Хирам Абив сме ние самите. Изгубениот учител, или светлината што не води е во нас. Високо колку што можеме да ја кренеме раката над телото и да ја спуштиме надолу од центарот на телото ги претставува трите стапки меѓу Север и Југ. Онолку колу што можеме да посегнеме налево или надесно од центарот на нашата личност т.е 3 стапки меѓу Запад и Исток, и 5 Стапки во височина колку што изнесува човечкиот бој.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.328
Многу симболи имале едно значење оригинално, но денес, пред се, заради неукост - се асоцираат со друго значење. Хептаграмот, кој денес е симбол за Израел и еврејството - всушност е христијански симбол, и со него се означува крвната врска на Исус со Давид.
Да не сакаше да кажеш дека хексаграмот е симбол на Израел? Или? :)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Лапсуз. Фала!
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 21:36 ---
zidarski стварно не е фер само заради една член, останатите да немаат можност да водат дискусија со тебе. Глупо е да пропадне темава.
Ќе видиме како ќе се одвива темата.
И доколку се одлучиш да продолжиш со дискусијата на форумов би те прашал дали е точна оваа заклетва за 16 степен од Шкотскиот ред:

"Понатаму, ветувам и се колнам дека никогаш нема да го напуштам братот, во каква и да е незгода, во борба, или болест, или во затвор, туку дека ќе му помагам и ќе го поддржувам со својот совет, со помош на пријатели, меч и пари"
За жал - не можам да дискутирам заклетва од ритуалот.
Исто така дали се точни цитативе од Алберт Пајк:

"За да ја спречат Светлината одеднаш да побегне, демоните на Адам му забраниле да јаде овошје од знаењето за доброто и злото, со што би стекнал знаење за царството на Светлината и за темнината. Се покорил; еден ангел на Светлината го навел да се измени"

"Ако светот бил „несоздаден“ немало ниту „Творец“. Ако „немало почеток“, не е создаден од ништо. Ако не бил создаден, тогаш не постоел ниту Творец. Ако нема Творец, тогаш нема ниту библиски Бог, а верувањето во еден таков Бог значи верување во „ужасен апсурд“."
Посочи те молам од каде е цитатот - не го знам Пајк наизуст. Не личи ни едниот ни другиот цитат на Пајк, затоа што е спротивен на останатите работи што ги пишува. Ако сакаш да го прочиташ Пајк - достапен е онлајн во оригинал, и нема причина да се читаат извитоперени цитати. Само за споредба - Пајк е свештеник, така што вториот пасос е или изваден од контекст или сосема изместен. Посочи од каде е цитатот - ќе проверам.

Пентаграмот, кај масоните мислам дека исто така ги симболизира раните на Исус Христос. Петте точки го симболизираат пријателството на нашата душа со материјалниот свет т.е. нашите пет сетила
Во масонеријата пентаграмот нема врска со раните на Исус. Го симболизира тоа што не врзува едни со други, довербата, и братството во целост. Има многу длабоко значење и е врзано со ритуалот во третиот степен. Воопшто не е врзано со сетилата или со материјалниот свет. Напротив - третиот степен е откажување од материјалниот свет.
Зидарски, сега сватив што сакаше всушност да кажеш во врска со приказната за Хирам Абив.
Тоа не е вистинска приказна туку симболична. Таа не се однесува на градењето на физичкиот храм, туку на храмот во Хирам Абив. Неговиот духовен храм останал недограден. Хирам на хебрејски значи учител. Со неговата смрт, нема кој да не научи како да го доградиме храмот во себе.
Токму така. :)
Царот Соломон наредил Хирам Абив да биде закопан во доличната гробница вон Светиот град, во гроб со три стапки од средиштето меѓу Север и Југ, 3 стапки меѓу исток и запад и пет стапки во височината. (не сум сигурен дали ги напишав точно страните на светот)

Всушност, гробот на Хирам Абив сме ние самите. Изгубениот учител, или светлината што не води е во нас. Високо колку што можеме да ја кренеме раката над телото и да ја спуштиме надолу од центарот на телото ги претставува трите стапки меѓу Север и Југ. Онолку колу што можеме да посегнеме налево или надесно од центарот на нашата личност т.е 3 стапки меѓу Запад и Исток, и 5 Стапки во височина колку што изнесува човечкиот бој.
Не вон Светиот Град - а вон Свјатија Свјатих (Holly of Hollies) - т.е. местото каде што се чува Арката. Стапките не се до крај точни, соодветно објаснувањето е малку различно. Гробницата не сме ние самите - туку е физичкото ограничување што го имаме. Но - материјалното е небитно, така што и гробницата е небитна - само претставува симбол на значењето на заминатиот брат и на неговиот талент.
 
Jugop

The Hobbit
Член од
27 декември 2012
Мислења
295
Поени од реакции
43
Посочи те молам од каде е цитатот - не го знам Пајк наизуст. Не личи ни едниот ни другиот цитат на Пајк, затоа што е спротивен на останатите работи што ги пишува. Ако сакаш да го прочиташ Пајк - достапен е онлајн во оригинал, и нема причина да се читаат извитоперени цитати. Само за споредба - Пајк е свештеник, така што вториот пасос е или изваден од контекст или сосема изместен. Посочи од каде е цитатот - ќе проверам.
Двата цитати и Алберт Пајк и едниот за заклетвата за 16-ти степен се од книгата на Ралф Еперсон, Масонерија. Џабе изгубив време читајќи ја книгата. Цела книга е со цитати од Алберт Пајк и од некои други масони, а Еперсон само ги објаснува, како демек во нив има скриено сатанистички пораки. Сите цитати ми изгледаа нормално, но овие два не се баш како што треба па затоа прашав дали се точни.
А за заклетвата прашав дали е точна зошто кога би била точна масонот се обврзува да му помага на братот масон и кога би бил во затвор. За да биде во затвор треба да изврши кривично дело, а со тоа автоматски е исфрлен од масонската ложа.
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 23:00 ---
Во масонеријата пентаграмот нема врска со раните на Исус. Го симболизира тоа што не врзува едни со други, довербата, и братството во целост. Има многу длабоко значење и е врзано со ритуалот во третиот степен. Воопшто не е врзано со сетилата или со материјалниот свет. Напротив - третиот степен е откажување од материјалниот свет.
Пишав пријателство на душата со материјалниот свет, таа е поврзана со материјалниот свет со нашите чувства за допир, мирис, вид, слух и вкус. Во третиот степен се откажува од материјалниот свет од кој е зависен нашиот ум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom