- Член од
- 3 јуни 2013
- Мислења
- 62
- Поени од реакции
- 9
Холокауст (на хебрејски: השואה Ха-шоа) е термин кој се користи за масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер.
Овој режим исто така масовно убивал и други народи и групи на луѓе, какo: Ромите, Словените, хомосексуалците, хендикепираните, итн.
Се започна со бојкотот на еврејските продавници и заврши со гасни комори во Аушвиц, во намерата Адолф Хитлер и неговите следбеници да ги истребат Евреите и другите "неариевци" низ Европа, а подоцна и Светот. Во јануари 1933 година, по десетгодишна политичка борба, Адолф Хитлер дојде на власт во Германија. Додека неговата моќ растеше, тој континуирано ги обвинуваше Евреите за поразот на Германија во Првата светска војна и за економските тешкотии со коишто таа се соочи потоа. Во јавноста, тој ја пласираше расната теорија, според која Германците со светол тен, плава коса и сини очи се супериорна човечка раса, владеачка раса, а спроти нив се Евреите, кои коваат светски заговор со што се обидуваат да ја оттргнат германската раса од позициите во светот што им припаѓаат и да владеат со светот.
Во тој период, Евреите беа едвај еден процент од тогашната 55 милионска германска популација. Германските Евреи во тоа време беа космополити и горди што се Германци по националност, а Евреи по религија. Тие живееа во Германија со векови. Тогаш, како и сега, важеа за интелигентни луѓе со успеси во многубројни професии.
Меѓутоа, германската држава, водена од нацистичкиот режим, со Законот од Нирнберг (1935) најпрвин го забрани бракот меѓу не-Евреи и Евреи и со што Евреите беа отстранети од училиштата како професори, им беше забрането да обавуваат јавни професии, да служат во војската, па дури и да седат на иста клупа во парк со не-Евреи.
Во исто време, добро организираните активности на Министерството за пропаганда на министерот Јозеф Гебелс ги претставуваше Евреите како непријатели на Германија и германскиот народ. Секој ден, по весниците се објавуваа натписи против Евреите, а ѕидовите се облепуваа со антисемитски постери.
Во март 1938 година, Хитлер ги прошири границите на Германија, прогласувајќи припојување (аншлус) на Австрија. И таму Евреите ги изгубија своите основни човекови права. Како и во Германија, беа приморувани на јавна работа зачинета со потсмев под будното око на германската нацистичка младина.
Како кулминација на се, т.н. Ноќ на скршеното стакло (Кристална ноќ), ноќта на 9 спрема 10 ноември, кога 17-годишниот Хершел Гринцпан го уби германскиот амбасадор во Париз, Ернст фон Рат, се смета за официјален почеток на холокаустот.
Користејќи ги аргументите на ова убиство, нацистите го оправдуваа првиот Прогон против Евреите. Истата ноќ, деведесетина Евреи беа убиени, над 500 синагоги беа запалени, а скоро сите излози по продавниците на Евреите беа искршени. Веднаш потоа, се случи првото масовно апсење на поголема група Евреи, околу 25.000, кои беа однесени во концентрациони логори.
Следните неколку недели, огромни бранови на бегалци ја напуштаа Германија, во обид да се спасат, но наидуваа на незаинтересираност од западните земји и Америка. Таков е примерот со бродот Св. Луис, со околу 1000 Евреи, кои, откако биле одбиени да се укотват во Куба и САД, биле приморани да се вратат назад во Германија.
ХИТЛЧЕР НАШОЛ РЕШЕНИЕ КАКО ДА РЕШИ ПРОБЛЕМ
Летото 1941, СС лидерот Хајнрих Химлер го повикал новоназначениот командант на Аушвиц, Рудолф Хес, информирајќи го дека: „Фирерот понуди финално решение за Еврејското прашање. Ние, СС, мораме да се погрижиме за тоа... Поради тоа, јас го одбрав Аушвиц за таа цел.“
Во Аушвиц, голем дел од камповите веќе биле во изградба, именувани под името Аушвиц 2 (Биркенау). Овој дел ќе постане средиште на четири огромни гасни комори, употребувани за масовно истребување. Идејата за масовно убивање потекнувала од програмата Убиство од милосрдие, која ја применувале докторите за евтаназирање на болните и немоќи цивили од окупираните Австриски и Полски територии. Во меѓувреме, за само два дена, во месноста Баби Јар во Украина, биле стрелани 33.000 Евреи-цивили.
Нередната 1942 година, вториот по ранг командант на СС-силите, Рајнхард Хејдрих, на конференцијата во Ванси, Берлин, ги изнел плановите за Финалното решение. Според него, Евреите од Европа треба да се депортираат во Полска, каде што со полна пареа се граделе нови погони за истребување, како Белзец, Собибор, Треблинка и Аушвиц-Биркенау.
ПРЕСВРТ
Во текот на 1944 година, Хитлер почна да дожувува бројни порази против здружените Сојузници. Сепак, организираното убивање на Евреи продолжило со истото темпо. Во мај, по наредба на СС полковникот Адолф Ајхман, започна масовната депортација на преостанатите Евреи, при што меѓу 15 мај и 9 јули, над 430.000 унгарски Евреи биле депортирани во Аушвиц. Во тој период, во Аушвиц се достигнувал рекордот во бројката на убиени и кремирани Евреи, над 9.000 на ден! Биле користени шест големи печки за да се палат телата на отруените, а секојдневно бројот на убиените го надминувал капацитетот на крематориумите.
Незапирливите трупи на Сојузниците, предводени од советската војска, на 24 јули 1944 го ослободила првиот концентрационен логор во источна Полска - Мајданек, каде што биле убиени над 360.000 илјади Евреи. Откако Советската армија наближувала кон Аушвиц, Химлер наредил целосно уништување на гасните комори. Аушвиц бил заземен од Советите на 27 јануари 1945 година, а во меѓувреме таму од студ умреле над милион и половина Евреи, Полјаци, Цигани и руски затвореници. Западните членки на Сојузниците навлегле на територијата на Германија во пролетта 1945 и ги зазеле логорите Букенвалд, Берген-Белсен и Дакау.
На 30 април 1945 година, опколен од Советската армија и соочен со пораз, Адолф Хитлер се верува дека извршил самоубиство. Дотогаш, поголемиот број на европски Евреи биле убиени, од кои 3,5 милиони биле отруени во гасните комори и потоа кремирани, а 1,5 милиони биле стрелани на масовни стрелби или во битките по гетата.
По седум месеци, започна Нирнбершкото судење за воени злосторства, на кое им се судеше на 22 врвни нацисти, обвинети за злосторства против човештвото.
Медицински експерименти, генетски испитувања - дел од ужасот на Холокаустот
Јозеф Менгеле (1911-1979), бил гермнаски СС-офицер и доктор во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау. Бил одговорен за селектирањето на затворениците, одредувајќи кој треба да биде убиен а кој да биде принуден работник, а за вршењето на своите експерименти врз луѓе со "дубиозна научна вредност", Менгеле станал познат како ‘‘Ангел на Смртта‘‘. По завршувањето на војната, тој најпрвин се криел во Германија под лажно име, по што избегал и живеел во Јужна Америка, најпрвин во Аргентина (до 1959), а потоа во Бразил, каде во "несреќа" се удавува.
Во 1931 година, на возраст од 20 години, Менгеле се приклучува кон паравоена организација, која во 1933 се приклучува кон Германските СА-сили. На Нацистичката партија им се приклучува во 1937, а во 1938 им се приклучува на СС-силите. Во 1942, во борбите на Источниот фронт, тој е ранет и прогласен за воено неспособен. Прогласен е за СС-капетан, добитник на Гермнаскиот Железен Крст од прва и втора класа, како и медалот Источен Фронт. Во 1943 година, на 24 мај, Менгеле е преместен на позиција главен доктор во Аушвиц-Биркенау. За време на неговиот 21 месец престојување во Аушвиц, тој го добива името Ангел на Смртта.