Си бил во Хрватска ? Вуковар разорен од војната изгледа подобро од секој град во Македонија. Од патиштата,па куќите и цела друга инфраструктура.Се вратив од таму минатата недела,не ми се враќаше назад во дупкава.Ебан Вуковар во кој што куќа читава не остана за повеќето делови од Скопје е спејс шатл.
Малку оф топик или не...Хрватска и пред војната, а и претходно беше посредена во секој поглед од Македонија.Посебно инфраструктурно.Не знам каква е поврзаноста на ЕУ со ова
Абе Хрватска е Германија за нас. Тие не влегоа порано ради војните. Ние што подолго одолговлегуваме се повеќе до федерализација доаѓаме. Во рамки на ЕУ од првиот ден со интеграцијата ќе ни биде загарантирано постоењето и територијата додека таа постои а тоа долго ќе биде.
Oд кого сме загрозени територијално?Од самите нивни членки или од нивните внатрешни сателити?
Друго, нели едно време беше прашање економскиот развој со ЕУ? Или па и не е битен сега развојот. Зошто тогаш не го презедоа Кипар целосно, а не само дел? Во време на милион нивни внатрешни проблеми и поделби, тие со нас ќе се замарале. Ако немаш добра понуда кај нив, зошто сами би те побарале? Земја со мал пазар и огромна невработеност = слаба куповна моќ, без излез на море, без енергенси, без нуклеарни централи, воени бази и со мизерна инфраструктура?
Нашиот проблем потребно е сами да си го средиме, ама со вакви (сите досегашни) власти и посебно народ долго време ќе сме во проблеми до гуша.
Нешто си помешал,бидејќи федерализацијата доаѓа одвнатре,а не однадвор.Рамковните тоа го спремаат веќе долго време и теренот си го подготвуваат преку децентрализацијата,тоа може да се увиде само од последните локални избори ,особено во Струга,Кичево.
Доаѓа одвнатре, со огромна поддршка однадвор и од внатрешните давајгазовци. И сега ние ќе бараме помош од истите кои помагале за такви процеси? Се сеќаваш на признавањето од САД пред референдумот во 2004? Или македонски стандард е кратка меморија...
А плачот по ЕУ е за ден после да се наполнат авионите и да се мафнат сите останати на Запад. Па ќе останат само административци, пензионери и луѓе слаби на носталгија.