Нема врска околу тоа со преговорите. За што ќе преговараат нашите кога планиравме да ја платиме откупната клаузула?? Прво треба да се понуди на клубот, па потоа да се преговара со играчот, во спротивно се работи за прекршок и може да се јаде суспензија за трансфери. Фала богу не сме толку непрофесионалци во тој поглед. Нашите им имаат дадено до знаење на челниците на Барса дека се спремни да ја платат клаузулата и да преминат на преговори со играчот, па знаејќи дека во Барса се ближат претседателските избори Росел во моментов е спремен да му понуди чудо на Тиаго и да го искористи тоа како поен во претседателската трка.