Префрлање од државен на приватен факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата su
  • Време на започнување Време на започнување
Оваа тема е некако замрена. Да пробам да ја оживеам малку...

Со објавувањето на официјалното рангирање на високообразовните институции т.н. Шангајска листа малку е појасна ситуацијата, но и не мора да значи.


Ја прочитав дискусијата... и би сакал да замолам за еден совет (ако има некој кој имал конкретно искуство, а не паушални оценки).

Јас сум вонреден студент на Економски факултет - Скопје... и да ви кажам веќе ми е прилично смачено. Не можам да ги поднесам оние глупости.
Имам уште неколку испити до крај ама сите се скоро или некакви скрипти кои се кажани ама недокажани, па кај оние кај што има задачи треба да се гата за да се види што сакал да каже авторот, "професорите" воопшто немаат намера да објаснат нешто на консултации, тие што имаат асистент станува збор за ист искомплексиран случај (ако се помлади)...
Кај што има некаква книга станува збор за наплескан материјал кој очигледно го преведувале студенти од некои странски извори, нема никаква логика напишаното, милијарда нафрлени набројувања кои мора да се учат на памет оти немаат никаква логичка смисла со остатокот...
За да ги спремам испитите со задачи треба да барам и да плаќам некаде приватни часови, оти ни асистент нити па професор те ферма....

Преку глава ми е дојден целиот тој трулеж одамна, ама немам баш пари за да одам на приватните факултети, освен на Факултет за бизнис и економија (на Неоком). Според горната листа од оваа година е на 8 место.

Многу ме интересира дали некој има лично искуство таму за да пренесе дали се исплаќа да се префрлам таму или да продолжам со агонијата на она дувло што глуми некаков економски факултет.....
 
Од Јустинијан ќе се префрлам на Европски Унивезитет, првиот семестар ми е целосно исчистен, а и забележав дека на Европски од правни науки во прв семестар има 3 исти предмети со правни студии во Јустинијан, кои мене ми се положени.
Па дали тие 3 предмети што ми се положени на Јустинијан, ќе ми ги признаат на Европски? И дали тоа би влијаело бар малку на цената?
 
Од Јустинијан ќе се префрлам на Европски Унивезитет, првиот семестар ми е целосно исчистен, а и забележав дека на Европски од правни науки во прв семестар има 3 исти предмети со правни студии во Јустинијан, кои мене ми се положени.
Па дали тие 3 предмети што ми се положени на Јустинијан, ќе ми ги признаат на Европски? И дали тоа би влијаело бар малку на цената?

Треба да си земиш потврда за положените испити од Јустинијан и би требало да ти ги важат, јас кога вадев потврда од Градежен беше 300 денари од испит.
 
Мене пак ме интересира спротивното.Дали може од факултет за бизнис економија да се пребацам на државен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom