Chiptuning

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување
Имам ставено RaceChip на мојава кола, го ставив пред некои 4 месеци. Голф 6ка, 66kW - 90 коња. Одма ми намали потрошувачка, од 6.5-7 на 5.5 ми ја симна, а не возам пензионерски.

Што мотор имаш во Голфот ? :)
TDI, TSI или обичен атмосферец ?
 
TDI 1.6, заборавив да пишам :)

Да, туку што изгуглав :) 1.6 TDI 66 KW / 90 HP
И колку коња и њутни доби од чипот ? :)

Многу добра работа е чипувањето ... ем имаш повеќе снага, ем помала потрошувачка ;)

И јас би сакала да го чипувам мојот автомобил, али бидејќи не е турбаш велат дека не се исплатело да се чипува, бидејќи немало да има некоја си голема разлика.
Инаку станува збор за Мицубиши Лансер (атмосферски бензинец) 1.5 - 80 KW / 109 HP ... па нека кажат поискусниве дали вреди да се чипува и колку коњи и њутн метри би добила :)
 
Инаку станува збор за Мицубиши Лансер (атмосверски бензинец) 1.5 - 80 KW / 109 HP ... па нека кажат поискусниве дали вреди да се чипува и колку коњи и њутн метри би добила :)

По дефиниција од производителот 114 коња и 294 Nm, ја немам ставено колата на ваљци да се провери, ама по слободна проценка изразено во проценти, подобрувањето е толкаво (не само моја проценка, него и на татко ми, за неверните Томи што мислат дека женските немаат појма) :D
За атмосферските мотори објасни Луки во постов.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
После малце склопување за да се разбереме еве малце да разграничеме што е што ако некаде грешам исправите ме:) :)

Chip tuning e метод со кој се менува
ат стандардните параметри поврзани со количеството на гориво, моментор на палење и притисокотна натпунењето(турбо,компресор), целта на овие активности е да се зголеми вртежниот момент и моќта на моторот .Постојат неколку методи кои можат да се користат да се промени стандардното поставување на параметрите во ECU: 1.Постарите мотори се до почетокот на 90те, кои имале контролна единица, не може да бидат "чипувани", тие имаат електронски компоненти кои физички не дозволуваат да се менуваат параметрите.Тие имаат само еден режим на работа. Повеќето мотори од деведесетите години имаатDILEPROM меморија за контрола на информациите на моторот.EPROM е вид електронска меморија, која оневозможува преправање на програмата, но може да се отстрани оргиналниот модул и да се инсталиранов EPROM и на тој начин да се променат стандарднитеподесувања. Маана на овој метод е тоа што ECU мора да се расклопи, со цел да се замени EPROM модулот. Добра работа е тоа што секогаш може да се вратистандард EPROM-от. Повеќето мотори од крајот на деведесетите годинидо сега имаат електронска FLASH меморија која може да се репорограмира.Chip Tuning-от кој се прави на овие автомобили се нарекува OBD тјунинг или подесување преку кабел. Кај овој метод не се расклопува ECU, а промената едноставно се врши преку OBD конекторот за дијагностика. Недостаток на оваа метода е тоа што без стручна личност тешко се враќаат стандардните поставувања. Некои мотори произведени во последните десетина години се чипуваат преку BDM конектор кој се наоѓа во ECU.Toа значи компјутерот мора да се отстрани од автомобилот и единственото на тој начин може да има процес за читање / запишување на содржината на меморијата.Постапката е исклучително безбедна, без оглед на отворањето на компјутерот. Power BOX е електронски склоп што е се поставува меѓу сензорите на моторот и ECU има за задача "да ги пресретнат" информации од сензорите. Промената ја чита ECU и тоа резултира со збогатување на односотгориво / воздух и се зголемува моќта на моторот. Кај овој метод нема расклопување на ECU или програмирање на FLASH меморијата.ECU останува целосно oригинален. Може да се отстрани во секое време и место и да се стави на друг идентичен автомобил.Маана е што нема индивидуални преправања, и индивидуални подесувања кои се неопходни за одредени мотори.
 
Да, туку што изгуглав :) 1.6 TDI 66 KW / 90 HP
И колку коња и њутни доби од чипот ? :)

Многу добра работа е чипувањето ... ем имаш повеќе снага, ем помала потрошувачка ;)

И јас би сакала да го чипувам мојот автомобил, али бидејќи не е турбаш велат дека не се исплатело да се чипува, бидејќи немало да има некоја си голема разлика.
Инаку станува збор за Мицубиши Лансер (атмосферски бензинец) 1.5 - 80 KW / 109 HP ... па нека кажат поискусниве дали вреди да се чипува и колку коњи и њутн метри би добила :)

Зависно од типот на моторот(дизел, бензин, турбо дизел, турбо бензин) варира искористеноста на чиптјунингот. Турбо моторите имаат најголем степен на подобрување на перформансите околу 25-30% а обичните атмосверски мотори најмоногу 10-15%. Кај атмосверските мотори чип тјунингот може само да го зголеми векот на траење на моторот бидејки ја обогатува смесата и ја намалува температурата на изгувните гасови. Кај турбо моторите е друга приказна:), малце покомплицирано е:)
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 19:38 ---
moze da go cipuvam 101-ot i do kolku konja kje ide?

НА 101 можеш само електронско палење на стаеш да немаш платинка ништо друго :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
THEMENAGER истото објаснување го има во првиот пост, дури и поразбирливо од ова горе, само треба да се помачиш да кликнеш на спојлерот :P
И пак не ми кажа што се добива за 35 евра од Германија?
 
Кога веќе се зборува за ECU-то може ли некој да ми каже како да го отстранам rev limiter-от? Се работи за Seat Cordoba 1.4.. Колата е чипувана со контролна направа т.е чип.. Задоволен сум со снагата 75HP и потрошњата (12l ТНГ/8 бензин градска).. Арно ама јас понекогаш сакам да цапнам до крај, а ми смета рев лимитерот што е на 6.000 обртаи... Некако како да ми ја намалува и брзината.. Има ли можност да се отстрани? :D
 
Не, бидејќи реално фабричките мотори имаат добар вртежен момент до 5500 вртежи а моторот поради својата конструкција тешко се движи во поголеми вртежи, односно ја губи силата поради внатрешниот отпор. Ако сакаш повеќе сила барај помоќна кола.
 
Попрво би го избрал вториот уред,барем се менува целиот софвтер на колата и е за нијанса побезбеден од другиот.Ама со потешка нога и 2та знаат да кршат турбини побрзо него ли промена на ребраст каиш,али секој мерак се плаќа така да...
 
Кога веќе се зборува за ECU-то може ли некој да ми каже како да го отстранам rev limiter-от? Се работи за Seat Cordoba 1.4.. Колата е чипувана со контролна направа т.е чип.. Задоволен сум со снагата 75HP и потрошњата (12l ТНГ/8 бензин градска).. Арно ама јас понекогаш сакам да цапнам до крај, а ми смета рев лимитерот што е на 6.000 обртаи... Некако како да ми ја намалува и брзината.. Има ли можност да се отстрани? :D

Купи си хонда ВТЕК, па врти до 8-9000. :D А и џабе ја вртиш до 6000, провери по нет на колку обртаи тој мотор има макс хп/њм...
 
THEMENAGER истото објаснување го има во првиот пост, дури и поразбирливо од ова горе, само треба да се помачиш да кликнеш на спојлерот :P
И пак не ми кажа што се добива за 35 евра од Германија?

http://media.racechip.de//images/chiptuning/details/racechip-box-full.jpg

http://www.ebay.com/itm/NEW-2IN1-PE...Parts_Accessories&hash=item5657f5477c&vxp=mtr

Права ствар нели :):):) :tapp:
 
Ох со атмосферците е ного поинтересно да правеш тјунинг отколко со турбашите. Иако самио атмосферец ќе дигне помалце којна процентуално, ама играчката е голема со делове со тракатанци со чуда. :D:D

Друже, па нели збориме за чип тјунинг ?? Тоа за други тјунинг делови дека има мал милион, се сложувам, но чип тјунинг на атмосферец е фрлање пари за ништо. Тоа што ги лажат кај нас дека ќе добијат ХХХ коњски (магарешки) сили е друга работа т.е. за луѓе што не знаат што е "T" од тјунинг. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom