Знаеш кога сум приметил кога се појавува тоа, со првата година на факултет. Тогаш приметува дека има попаметни од него од други градови со амбиција да учат, дека има други поинтересни од него, или за женските дека има појаки женски од нејзе, поинтелегентни по кои скопјаните се палат односно она не е главната риба у барата.
И се поради ова почнува... незнае како фрустрацијата да се истури па ова е единствен вентил каде што се пронаоѓаат и колективно може да ги мразат односно да ги омаловажуваат.
Мило ми е што се повеќе и повеќе луѓево кои не се од Скопје не се умараат со ова. А и уште помило ми е што има се помалку и помалку има вакви скопјани со малограѓански навики.
А никако да се сфати дека Скопје без сите што се доселиле ќе беше град од 20 000 жители и со многубројно турско а богами и албанско население
Си имам супер другарчиња од други градови, никад муабет за ова не паднало нити пак некогаш им се спомнало нешто вакво.
Ако си го сакам Скопје и сум си горд Скопјанец тоа не значи дека сум нешто повеќе од некој друг во Македонија.