мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 21.259
- Поени од реакции
- 26.970
Или мислиш на легализација на зоофилија и педофилија или на посвојување деца од истополови партнери. За второто нема ништо спорно и е реално возможно во некоја далечна иднина по легализација на истополови бракови. Првото е невозможно и е само бескорисна карта во правдање на причините за инаетење против истополови бракови.
За последен пат ке ти кажам, истополов брак како таков воопшто и не е битен дали ке биди донесен. Како е донесен и на што основа е донесен и тоа како е битно. И зошто сметаш дека е невозможно или неостварливо во далечна иднина на истите тие основи на кои вие сте се стекнале со одредени права и привилегии нема да се стекнат и другите. Од каде си толку сигурен. Па во не толку далечно минато кривично се одговараше за хомосескуалени активности и се одеше во затвор исто како и сега што се оди за други девијантни појави.
Од каде си сигурен и кога сме кај тоа кој може да гарантира како што вие сега имате јако лоби, во иднина и тие да создадат исто така јако лоби и да се стекнат со истите права користејки ве вас као пример. Ти на пример можеш да гарантираш и со што ?? Затоа ти велам не е се така едноставно како што го прикажувате, и не е изменувањето на законот за брак најголемиот проблем тука. Основата и начинот на кој се темели таа промена е проблем.
--- надополнето: 27 јуни 2013 во 01:45 ---
Ама зависи од која страна гледаш. Како Македонец или подржувач на Македонците секако дека не ти одговара тоа лоби и сметаш дека не е исправно. Да беше Грк или некој нивни подржувач поинаку ќе мислеше. Слично е и со геј лобито. Можеш да сметаш дека е неисправно цел живот, ама тоа ќе работи во остварување на идеите кои ги има зацртано.
Да ама лобито служи да се наметне нечиј став кој и не мора да значи дека тоа е и вистината. Најчесто се работи за интереси а не за вистината. Јас го зедов грчкото лоби како најзасегнати.
Имаш еден куп лобија, од прехрамбена индустрија, од хемиска, фармацевска, тутунска, политички лоби итн. Тука тие не работат за вистината или правината туку за интереси на поединци или групи, за привилегии на тие групи со донесување на дополнителни регулативи или закони со кои многукратно ке им се зголеми профитот или ке го наметнат својот интерес или монопол и со кој најчесто обичниот граѓанин нема допирни точки нити врски, најмалце интерес или корист.


