Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.156
- Возраст
- 39
Секој Петровден, 12-ти јули, е ден на раскошните носии, езгиите, величествените обреди и ритуали на единствената Галичка свадба, чие пошироко значење своја круна добива со влегувањето во ризницата на духовни вредности на човештвото што се под заштита на УНЕСКО.
Порано свадбарските церемонии траеле пет дена, а традиционално свадбата се одржувала на Петровден. Секој ден од свадбата има посебни обреди што се изведуваат по утврдени обичаи.
Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните „од Галичник до Река“, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е со најмногу сватови.
Галичката Свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите.
Чекањето на тапаните, свекрвино оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле” се дел од обичаите за Галичка свадба.
Галичката свадба е туристички настан и вистинска свадба, за која секоја година се избираат двајца млади кои ќе се венчаат на тој ден. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.
Годинава на Галичка свадба традиционалните ора "Тешкото" и "Невестинско" ќе ги изведе ансамблот за народни игри и песни "ФОЛКЛОРНИ БИСЕРИ" од Скопје.
Бил ли некој од вас на Галичка свадба?